Во првите броеви од претходната серија на “Дефектолошката теорија и практика" пишувавме за учебникот на проф. д-р Трајан Гоцевски “Образовен менаџмент", кој излезе во 1997 година. Тогаш мошне позитивно ја оценивме идејата, потребата и квалитетот на овој учебник. Деновиве се потврдени нашите ставови за високите вредности на ова дело со неговото второ, дополнето и редактирано издание (изд. “Македонска ризница", Куманово), како и со објавувањето на ова дело на бугарски јазик (изд. Универзитетско книгоиздателство, Софија). Ова е прв наш универзитетски учебник што се објавува во странство. Учебникот го привлекува вниманието на академските кругови за користење во специјалистичките истражувања и студии како прва научна книга за оваа проблематика во нашиот регион.
Менаџерството е незаобиколив факт на новите процеси во човештвото. За нашата епоха се карактеристични новите феномени на знаењето, технологијата, иницијативноста и на организацијата, со што се постигнува успех во дејствувањето. Менаџерството е синтеза на овие четири видови човечки настојувања и активности. Тоа ги проникнува сите сфери на човечкото дејствување. Поради тоа менаџерството е предмет на многубројни истражувања. За него се расправа во многу научни и популарни дела, кои овозможуваат ширење свеста за суштината и унапредување на менаџерските дејства. На овие проблеми им е посветена и книгата на проф. д-р Трајан Гоцевски. Нејзините посебни својства се што во неа истражувањата и сознанијата се однесуваат на еден особен аспект на човечкото дејствување-на образованието, науката и културата, како мошне значајни, развиени и нужни сегменти на современото живеење.
Со добра организација на работата се постигнуваат подобри резултати. Тоа е суштината на менаџерската идеја и идеал. За таа цел се нужни сообразни методи, иновации и интересни решенија. Менаџерството значи креативен пристап и искористување на знаењета и талентите на раководителите во секоја дејност. Станува збор не само за продуктивен економски фактор, туку и за првокласен културен елемент на денешниот светски развиток. Меѓутоа, основното значење на економските дејности за човештвото и улогата на менаџерите за добрите економски резултати прикриваат да се согледа во целосна смисла сложениот и раширен феномен на менаџментот. За креативното раководење во другите општествени сфери има помалку истражувања и визии. Тој поширок аспект на приодот кон менаџерството успешно го пополнува студијата на проф. д-р Трајан Гоцевски, доктор по економија, професор и декан на Филозофскиот факултет во Скопје, прв цивилен министер за одбрана на Република Македонија, автор на 40 научни дела. Оваа обемна книга, напишана од еден од најпознатите раководители во нашата држава, истовремено е и прва специјалистичка студија за организацијата на образованието како најголемо современо претпријатие и за раководењето во него. Книгата “Образовен менаџмент" на д-р Трајан Гоцевски сега се здоби со меѓународна признателност. Науката и сознанијата се интернационални појави, но нашите искуства не се многу раширени во светот. Скромни се резултатите од објавувањето дела на наши научници и стручњаци во другите земји; поприсутна е практиката ние да ги користите туѓите искуства, дури и да не ги исползуваме широко оние сознанија кои се развиени кај нас, туку да ангажираме странци да нé подучуваат во сé. Објавувањето на книгата на проф. д-р Трајан Гоцевски во Бугарија како универзитетски учебник и најавите на промоцијата на ова дело во Софија на Универзитетот “Св. Климент Охридски" дека книгава ќе се користи широко во обуката на менаџерите и на педагозите претставува исклучително признание за авторот, но истовремено и за македонската наука воопшто.
Во првиот дел од книгата се зборува за менаџментот и за неговата улога, а посебно се прикажани аспектите на менаџментот како професија и како вештина и неговите сложени функции, кои се однесуваат на планирањето, организирањето, координирањето, мотивирањето и контролирањето на активностите. Во овој дел успешно се претставуваат духот и суштината на општиот менаџмент.
Во вториот дел д-р Гоцевски ги презентира своите оригинални искуства од истражувањето и наставата по образовен менаџмент, што тој го воведе како нов предмет на факултетот каде што се образоваат наставници и идни раководители во образовните институции. Авторот најнапред го претставува образованието како систем и укажува на суштинските аспекти на економијата во образовната дејност. Ова е нов поглед кај нас за ефикасното спроведување на сложената дејност на едукацијата. Д-р Гоцевски инсистира дека и на овие аспекти треба да им се обрне големо внимание доколку очекуваме нашите образовни, научни и културни институции да остваруваат подобри резултати. Тука се укажува на нужноста и на реалноста од пазарно владеење на воспитно-образовните иституции, во што спаѓаат цената на образованието, како и понудата и побарувачката во оваа барана услуга. Претставен е и проблемот на инвестициите и на продуктивноста во образованието, како и прашањето на распределбата во оваа област.
|
|
In the first editions of the previous series of “Special Education and Rehabilitation Theory and Practice” we write about the text book by Prof. Dr. Trajan Gocevski “Educational Management” which was published in 1997. Then, we very positively evaluated the idea, the need and the quality of this book. Our attitudes towards the high values of this work have recently been confirmed with its second, supplemented and revised edition (publisher “Makedonska riznica”, Kumanovo), as well as with the publication of this work in Bulgarian language (publisher Univerzitetsko knigoizdatelstvo, Sofia). This is our first University textbook, published abroad. The textbook attracts the attention of the academic circles for use in specialists’ researches and studies as the highest scientific book on this issue in the region.
Management is unavoidable fact of the new processes of humanity. Our era is characterized by the new phenomena of knowledge, technology, initiative and organization, which lead to work success. Management is a synthesis of these four types of human commitments and activities. They go deep in all spheres of human activities. Therefore, management has been a subject of a large number of researches. It has been discussed in many scientific and popular works which enable spreading awareness of its essence and improvement of managerial activities. These issues are dealt with in the textbook by Prof. Dr. Trajan Gocevski. The research and knowledge which characterizes this textbook refer to a special aspect of human activity – education, science and culture, as very important, developed and necessary segments of contemporary life. Good organization of work leads to better results. That is, the essence of managerial idea and ideals. It requires appropriate methods, innovations and interesting solutions. Management means a creative approach and use of knowledge and talents of managers in any activity. It is not only a productive economic factor, but a first-class cultural element of present worldwide development. However, the basic meaning of economic activities of humanity and the role of management in achieving good economic results hide the complexity and widely spread phenomenon of management. For creative management of other social spheres there are fewer researches and visions. That wider aspect in the approach towards a management is successfully dealt with in the study of Prof. Dr. Trajan Gosevski, a doctor in economics, a professor and a dean of Faculty of Philosophy in Skopje, first civilian Minister of defense in the Republic of Macedonia, the author of four scientific works. This enormous book, written by one of the most experienced managers in our country, at the same time is a specialist’s study on organization of education as the largest contemporary enterprise and its management.
The book “Education management” by Prof. Dr. Trajan Gocevski has achieved international recognition. Science and knowledge are international phenomena but our experiences are not worldwide spread. The results are modest when publications of scientists and expert’s works in foreign countries are in question; more often practice is vice versa, we use foreign experience even if we have not used the knowledge and experience of our own scientists and experts, but we prefer engaging foreigners to teach us everything. The publication of the book of Prof. Dr. Trajan Gocevski in Bulgaria as a University textbook and the announcement of this book’s promotion in Sofia at St Kliment Ohridski University that the book will be used for training managers and pedagogues is an exceptional recognition of the author, as well as of Macedonian science in general.
The first part of the book is about the management and its role, showing the aspects of management as a profession and skills and its complex functions which refer to planning, organization, coordination, motivation and control of activities. The spirit and the essence of general management are successfully presented in this part.
In the second part Dr. Gocevski presents his own experiences acquired through research and teaching education management, new subject introduced by him at the faculty for future teachers and managers of educational institutions. The author, at first, presents education as a system and points out the essential aspect of economics in education. This is a new approach for efficient implementation of complex educational activity. Dr. Gocevski insists that we should pay attention to these aspects if we expect our educational, scientific and cultural institutions to realize better results. That indicates the necessity and the reality of market managing of educational institutions which include the price of education, the supply and demand of this required service. The problem of investments and production in education, as well as the allocation is presented in this part. The third part of the book is devoted to the education management need, what managers have to do in education, what abilities they have to possess, what kind of activities they are expected to undertake, what are the elements of success, how they are expected to manage the administration of education institution and what their relations have to be with the society and in the system of social environment. A great contribution to this is Dr. Trajan Gocevski’s discussion on entrepreneurship in education and in science.
Furthermore, he presents in details, the management process in education institutions, planning in education and the contemporary methods of planning of staff, planning the development of education and the principles of planning of staff. The organization of work is given through its special analysis of preschool, elementary, secondary and higher education. The management of educational institutions according to the level of the school is also presented. Managers are presented as motivators of the educational activities since motivation and coordination are important factors for success.
The book “Education management” by Prof. Dr. Trajan Gocevski is a work of an exceptionally successful scientist, one of the most fruitful authors in our country in different areas of economics, education and defense. Each part of the book is a wonderful and enormous performance of certain issues of management and special management in education. The exceptional work of the contemporary economic-pedagogical thought in our country is necessary to any one who wants to undertake the most complex activities in contemporary humanity. It also indicates the paths which the educators can or have to take in planning and implementing education in order to have benefit of it. As a contemporary, pioneer work, the book “Education management” by Prof. Dr. Trajan Gocevski is beneficial for the theory and practice in any education, as well as for scientific and cultural activities in general. Publication of this book in Bulgaria as our first University textbook, translated abroad is a scientific recognition for its quality and necessity, for authentic attitudes of its author everyone can study from.
|
Во третиот дел од книгата се зборува за потребата од образовен менаџмент, како и за тоа што треба да работи менаџерот во образованието, какви треба да бидат неговите способности, кои видови активност се очекуваат од него, кои се елементите на неговата успешност, како се очекува да ја раководи управата на образовната институција и какви треба да бидат неговите односи со општеството и во системот на социјалното опкружување. Особен придонес претставува оригиналното искажување на д-р Гоцевски за претприемништвото во образованието и во научната дејност.
Во натамошните делови детално се разгледува процесот на менаџментот во образовните институции, најнапред планирањето во образованието и многубројните современи методи на планирањето на кадрите, како и планирањето развојот на образованието и принципите на планирањето на кадрите. Организацијата на работата се проследува со нејзина посебна анализа во предучилишното, основното, средното и во високото образование. Според степенот на училиштата е разработено и управувањето со образовните институции. Координирањето и мотивирањето се истражени со оглед на факторите од кои зависи успешноста на дејноста, а менаџерот е претставен како мотиватор на образовната активност.
Книгата “Образовен менаџмент" од професорот д-р Трајан Гоцевски е дело на исклучително упатен научник, еден од најплодните автори кај нас во различните области на економијата, едукацијата и на одбраната. Секој дел од книгата претставува, по себе, убав и обемен приказ на одделните прашања на менаџментот и на особениот менаџмент во образованието. Ова исклучително дело на современата економско-педагошка мисла кај нас е неопходно за секого кој сака да ги разбере огромните проблеми што стојат пред образованието како една од најразвиените и најсложени дејности во современото човештво.
|
|