Величко АНДРЕЕВСКИ  Velichko ANDREEVSKI
   

ПРОФ. Д-Р ЉУПЧО АЈДИНСКИ-ДОБИТНИК НА НАЈПРЕСТИЖНОТО ПРИЗНАНИЕ НАГРАДАТА
“11 ОКТОМВРИ” НА РЕПУБЛИКА  МАКЕДОНИЈА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

 

PROF. DR. LJUPCHO AJDINSKI-
WINNER OF THE MOST PRESTIGE RECOGNITION, THE AWARD“11 OKTOMVRI” OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA FOR LIFE ACHIEVEMENT

   

Доделувањето на наградата “11 Октомври” за животно дело на проф. д-р Љупчо Ајдински во 2003 година, претставува верификација на неговиот полувековен труд во областа на социјалната политика, а особено на општествената грижа и рехабилитацијата на лицата со инвалидност.
Тој е зачетник на дефектолошката мисла во Република Македонија и од најкомпетентните личности, кои со  ерудицијата и професионалниот авторитет, успеја да го создадат носечкото јадро од областа на заштитата, рехабилитацијата и посебното образование, сублимирајќи ги современите светски искуства со сите предности на научните и практичните достигнувања во светот.
Проф. д-р Љупчо Ајдински и како стручњак и како човек со своето дело остави траен белег и во науката, и во непосредната негова комуникација што, без малку, го опфаќа целиот свет, оставајќи порака до младите генерации колку и како треба да се работи нé само за себе, туку и за среќата и прогресот на сите во општеството во целост.

 

The award “11 Oktomvri” for life achievement to Prof. Dr. Ljupcho Ajdinski in 2003 is a verification of his half a century labor in the field of social politics, especially of social care and rehabilitation of disabled people.
He is a creator of thought about rehabilitation in the Republic of Macedonia and one of the most competent persons with his erudition and professional authority managed to create the supporting core in the field of protection, rehabilitation and special education, subliming the contemporary world experiences with all priorities of scientific and practical achievements in the world.
Prof. Dr. Ljupcho Ajdinski, as an expert and a human being, left permanent seal with his work in science and in his direct communication with almost the whole world, leaving the message to the younger generation how much and how they should work not only for themselves, but for the happiness and progress of all and the society in general.

 

 

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in