Величко АНДРЕЕВСКИ

 

Velichko ANDREEVSKI

 

 

 

УСОГЛАСЕНИ СТАВОВИТЕ ЗА ПРИМЕНА НА ЕДНАКВА ТЕРМИНОЛОГИЈА ЗА ИНВАЛИДНИТЕ ЛИЦА

 

COORDINATED ATTITUDES FOR USE OF EQUAL TERMINOLOGY FOR DISABILITY PERSONS

 

 

 

На 9 јуни 2004 година Националното координативно тело за еднакви права за лицата со инвалидност на РМ, формирано од Владата, организираше расправа за проблемите поврзани со примената на мошне различната терминологија за инвалидните лица што се применува во законодавството, науката и во комуникацијата меѓу одделни институции, органи и организации и меѓу поедини стручни кадри во определени општествени подрачја како што се: образованието, социјалната заштита, здравството, пензиско-инвалидското осигурување и др.
Во расправата учествуваа претставници од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет од Скопје, од специјализирани институции од областа на рехабилитацијата, здравството, социјалната и детската заштита, од државните органи, хуманитарни организации, од инвалидски организации, од здруженија на родители и од други заинтересирани доброволни организации и стручни лица.
По долга и конструктивна и стручна расправа, во која учествуваа над триесетина дискутанти, едногласно беше усвоен заклучокот за изедначување на досегашните различно употребувани термини:

  • За возрасните лица да се применува терминот: лица со инвалидност;
  • За децата да се применува терминот: деца со развојни проблеми и посебни образовни потреби.

 

On June 9th, 2004, the National coordinative body for equal rights of disability people of Republic of Macedonia, established by the Government of the Republic of Macedonia, organized a discussion about the problems connected with the use of different terminology about disability people in legislation, science and communication among some institutions, organs and organizations and among some expert staff in certain social regions such as: education, social care, health care, old-age benefit and  disability pension and other.
In the discussion, participated the representatives of: Institute for special education and rehabilitation at the Faculty of Philosophy in Skopje, specialized institutions in the field of rehabilitation, health care, asocial and children’s care, governmental agencies, humanitarian organizations, disability organizations, associations of parents and other interested volunteer organizations and experts.
After long and constructive and expert discussion with the participation of more than thirty discussants, unanimously was adopted a conclusion for equalization of previous differently used terms:

  • For adults to be used the term: disability;
  • For children to be used the term: children with developmental disabilities and special needs.
Сублимирајќи ги мислењата, образложени од стручно-научен и практичен аспект, организаторот во името на сите учесници заклучи да се достават препораки на соодветните органи за да бидат имплементирани во законските прописи, подзаконските акти, како и во целокупната комуникација во оваа сфера.

 

Sublimating the opinions expressed with expert and scientific and practical aspect, the organizer, on behalf of all participants, concluded that the recommendations should be delivered to the appropriate organs in order to be implemented in legal regulations, sub-legal acts as well as in the complete communication in this sphere.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in