Весна КОСТИЌ-ИВАНОВИЌ

 

 

Vesna KOSTIKJ-IVANOVIKJ

 

 

 

ПОСЕТА НА СПЕЦИЈАЛНИ УЧИЛИШНИ УСТАНОВИ ВО ГЕРМАНИЈА

 

VISIT OF SPECIAL SCHOOLS
AND INSTITUTIONS IN GERMANY

 

 

 

Преку проект на Темпус „Во фокус”, кој се спроведува на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, група професори од Институтот за дефектологија (д-р Љупчо Ајдински и д-р Драгослав Копачев) и дефектолози-практичари (Весна Костиќ и Петар Алексиќ) од специјалните училишта во Р. Македонија, од 15 -22 март 2004 година, реализираа студиска посета на неколку специјални училишта и установи во Германија. Од 15-17. март во Bad Kreuznach, со помош на домаќинот SR Thomas Philippi, се оствари посета на:

 

By the Tempus project “In focus”, which is conducted by the Institute for special education on the Faculty of Philosophy, a group of professors from the Institute of Special Education and Rehabilitation (Dr. Ljupcho Ajdinski and Dr. Dragoslav Kopachev) and special teachers-practicants (Vesna Kostikj and Petar Aleksikj) from the special schools in Macedonia, realized a study visit to several special schools and institutions in Germany.
From 15. till 17. of march in Bad Kreuznach, with the help from SR Thomas Philippi, we visited:

  • Заштитната работилница БУКво која работат лица со лесна и умерена интелектуална попреченост, по завршувањето на основното, односно средното образование. Лицата работат во неколку работилници (дрводелска за изработка на продажни производи од дрво, работилница за изработка на пластични автоделови и оптички елементи, перална и кујна). Еден инструктор опслужува група од 12 лица. Иако е тенденција што поголем број интелектуално попречени лица да се вработаат во отвореното стопанство, сепак бројот на ваквите случаи е мал, така што потребата од вакви специјализирани работилници е неопходна.
  • Посебното училиште за лесно ментално ретардирани ученици “Don Bosco”, во кое се едуцираат деца на возраст од 5 до 18 години. Во училиштето се реализира предучилишна настава, основно и средно образование. Групите ученици се од хетероген состав во однос на возраста и степенот на попреченост. Во секоја група работат по два специјални едукатора. Интересно е тоа што и директорот на училиштето има задолжителен неделен фонд од 18 часа.
  • Посебното училиште за ученици со тешкотии во учењето, во кое се опфатени воспитно-запуштени деца, деца со бихејвиорални и емоционални проблеми, деца на емигранти со билингвални проблеми, деца од дисфункционални семејства што покажуваат одредени инхибиции и растројства, деца со псевдоретардации.

Редовното основно училиште со инклузирани деца со посебни образовни потреби.

Училиштето има само двегодишна практика на инклузирање, што се спроведува со помош на два специјални едукатора-дефектолози што ги опслужуваат инклузираните ученици, ги разрешуваат проблемите со кои тие се соочуваат, им помагаат на наставниците во организацијата на наставата. Покрај тоа што дефектологот му асистира на наставникот при реализацијата на часот, тој е задолжен и за групна и индивидуална работа со децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби, како и за детектирање нови случаи. Во одделенијата се вклучени 2-3 дијагностицирани деца со развојни проблеми и со посебни образовни потреби (со соодветен наод и мислење), но секогаш има и повеќе деца со кои дефектологот работи.
На 18 и 19 март благодарение на домаќинот SKR Alfons Zimmer групата ја посети Установата “Wilhelm Hubert-Cuppers” за деца и младинци со оштетен слух во Триер. Институцијата опфаќа деца од предучилишна до средно училишна возраст.
Покрај наставата, соодветните стручни тимови вршат рана детекција, интервенција и рехабилитација на различните видови слушни оштетувања. Училиштето е одлично опремено со најсовремени дијагностички, дидактички и други технички средства и помагала.
Повеќето од учениците се наглуви и користат специјални слушни апарати, а голем е и бројот на оние што имаат кохлеарни имланти. Кохлеарниот имплант кај децата се вградува многу рано, уште на деветмесечна возраст, а потоа стручни тимови, во домашни услови, вршат третман.

Од третата година децата се опфаќаат во училиште, каде што се продолжува рехабилитацијата, особено користејќи го компјутерскиот софтвер-аудиолог, заради развој на аудитивната перцепција. Исклучително ретко се користи гестикулацијата, а наставната програма содржи задолжителни часови за странски јазик и музичко образование.
Училиштето има и интернат како и неколку групи ученици со комбинирани пречки (оштетување на слухот и ментална ретардација).
Во името на групата, срдечно им се заблагодарувам на домаќините, а особено на координаторот Dr. Peter Jann, за одличната организација и водство при посетата.

 

  • Special factory “BUK”, in which persons with light and moderate intellectual disability are employed, after finishing the elementary, or secondary school. They work in several work places (working with wood, plastics, making optical elements, laundry and in the kitchen). One instructor is supervising the group of 12 persons. Aldo the tendency is employment of mentally retarded persons in the open market, still the number of those is low, and the need for this kind of special work shops is necessary.
  • Special school for mentally retarded children “Don Bosco”, in which are educated children from 5 till 18 years old. The school organizes preschool teaching, elementary and secondary education. The classes are mixed by the edge of the students and their disabilities. In each class there are two special teachers. Interesting is that the director of the school teaches minimum 18 hours per week.
  • Special school for slow learners, in which are educated children with behavioral and emotional problems, children of emigrants and with bilingual problems, children from dysfunctional families with some inhibitions and dysfunctions, children with “pseudo” retardations.

Regular elementary school with included children with special educational needs.

The practice of inclusive education is only two years in this school, and is conducted by the two special educators whose job is to help the disabled children in solving the ire problems, and also helping the regular teachers in the teaching process. Besides that, they are working individually or in groups with the children with special needs, and detecting new cases of children with some learning problems. In the classes there are 2-3 diagnosed disabled children with special education needs (with appropriate diagnosis and opinion), but there are always more children with who the special teacher is working.
On the 18th and 19th of march, thanks to SKR Alfons Zimmer the, our group visited the “Wilhelm Hubert-Cuppers” Institution for children with hearing impairment, in Trier. In the school there are children from preschool till secondary school age.
Besides the teaching process, also early detection, intervention and rehabilitation is realized in this Institution. The school is very well equipped with modern diagnostic, didactical and other technical means and advices.
Most of the students are hard of hearing and are using hearing devices, but also there are many students with cochlear implant. The cochlear implant is put in the early childhood, since the baby is 9 months old, and than professional teams from the Institution are conducting the treatment in the families.

When the children are three years old, they come to the Institution where the rehabilitation goes on. In the school the special educator use the computer program-Audiolog, for developing the audio perception. The sigh language is used very rarely. The Curriculum consist lessons of foreign language and musical education as obligatory for all students.
The schools have Internet, and also several groups of students with combined difficulties (hearing impairment and mental retardation).
On behalf of the group, I would like to express my deepest thanks to our hosts, SR Thomas Philippi and SKR Alfons Zimmer, and special thanks to the coordinator Prof. Dr. Peter Jann, for the great organization of the visit and very satisfaing program.


 


 


 


Адреса за кореспонденција:

 

Coresponding Address:

Весна КОСТИЌ-ИВАНОВИЌ

 

Vesna KOSTIKJ-IVANOVIKJ

ПОУ „Д-р Златан Сремац”
Емил Зола-5
1000 Скопје, Република Македонија
vesnaki@yahoo.com

 

Special school "Dr. Zlatan Sremac"
Emil Zola-5
1000 Skopje, Republic of Macedonia
vesnaki@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in