Наташа ЧИЧЕВСКА-ЈОВАНОВА

 

ВЛИЈАНИЕТО НА СОМАТОПЕДСКИОТ ТРЕТМАН
ВРЗ ВИТАЛНИОТ КАПАЦИТЕТ (ВК)  КАЈ ЛЕСНО МЕНТАЛНО
НЕДОВОЛНО РАЗВИЕНИТЕ УЧЕНИЦИ

 

1. Вовед
                Физичките и моторните способности кај лесно ментално недоволно развиените ученици се составен дел од нивното биопсихосоцијално функ­цио­нирање. На ова ни укажа и Flory уште во далечната 1936 година. Тој ги испитувал антропометриските мерки: висина, тежина, обем на главата и градите итн. и утврдил дека ментално недоволно развиените деца значајно доцнат во физичкиот развој. Доцнењето во физичкиот развој е придружено и со доцнење во моторниот развој.
Покрај многубројните карактеристики на лицата со лесни пречки во психичкиот развој треба да ги споменеме и нивните специфични соматски (телесни) проблеми. Некои од нив заостануваат во растот, имаат нарушена симетрија на органите, 'рбетни деформитети, неразвиен и деформиран граден кош, аритмично дишење, дишење на уста и се подложни на разни болести (Андреев,Ј.,1994). Од овие причини ќе се обидеме да го процениме виталниот капацитет (ВК) кај лесно ментално недоволно развиените ученици и да ги согледаме ефектите на соматопедскиот третман врз него кај наведената целна популација.

2. Цел и задачи на истражувањето
Цел на нашето истражување е да се испита ефектот на сомато­пед­скиот третман врз виталниот капацитет (ВК) кај лесно ментално недоволно развиените ученици.
За да се оствари вака поставената цел ги поставивме следните задачи:

  • Проценка на виталниот капацитет кај лесно ментално недоволно раз­вие­ните ученици пред апликацијата на соматопедскиот третман.
  • Примена на програма на соматопедски вежби за поттикнување на дише­њето кај експерименталната група во текот на 12 недели.
  • Проценка на виталниот капацитет кај испитаниците од експеримен­талната и контролната група, по примената на соматопедскиот третман, споре­ду­вајќи ги мегусебно.

3. Хипотези

  • Претпоставуваме дека ВК кај испитаниците од експерименталната и контролната група ќе биде значително под нормалата за определена возраст.
  • Очекуваме дека примената на соматопедскиот третман, значително ќе придонесе за подобрување на виталниот капацитет (ВК) кај испита­ниците од експерименталната група.

4. Методологија на истражувањето

4.1. Опис на мострата
Мострата на испитаниците ја поделивме на две групи Е (екс­пе­риментална) и К (контролна). Во секоја група има по 30 испитаника. Групите ги изедначивме по пол, возраст и одделение.
Програмата на соматопедски вежби е применета кај Е група во траење од 12 недели. К група не подлежеше на третман.

4.2. Време и место на истражувањето
Истражувањето е спроведено во текот на учебната 1998/99 година, во П. О. У. “Иднина” и во “Д-р Златан Сремец” во Скопје.

4.3. Употребени тестови
За потребите на ова истражување, а во согласност со поставената цел, за испитување на ВК кај лесно ментално недоволно развиените ученици е употребуван крушковидниот Спиро тест.

4.4. Програма на соматопедски вежби
За подобрување на дишењето кај нашите испитаници се користени првите 4 вежби од Модифицираниот тест систем II на проф. д-р Драгица Мациќ.

4.5. Методи на обработка, анализа и интерпретација на емпириските      податоци
За статистичка обработка на податоците и презентација на резултатите од истражувањето, применети се:

  •  дистрибуција по фреквенција (F)
  •  релативна дистрибуција (%)
  • средна вредност (Sv)
  • стандардна девијација (Sd)
  • Hi-квадрат тест и анова модел за едносмерна корелација со користење на Пирсоновиот коефициент на корелација.

                За Статистичка обработка на податоците е користена програмата SPSS, верзија 10.0.
За графичка обработка на резултатите од истражувањето користени се програмите Microsoft Excel-7, Microsoft Word-7 и  Windows-98.

5. Резултати од истражувањето со дискусија

Дистрибуција на испитаниците во однос на полот и одделението
Табела 1.

Во табелата 1 е прикажана структурата на учениците во однос на полот и одделението. Мострата ја сочинуваа 60 ЛМНР ученици од кои 24 ученици се наоѓаат во III одделение (40%), 36 ученици во IV одделение (60%), 30 ученици се во експерименталната (50%) и 30 ученици во контролната група.   

Во трето одделение во Е и К група се наоѓаат по 7 ученици од машки пол кое во проценти изнесува 11,66%, а по 5 ученици се од женски пол кое во проценти изнесува 8,33%.
Во четврто одделение во Е и К група се наоѓаат по 12 ученици од машки пол или 20%, а по 6 ученици (10%) се од женски пол.
Во Е и К група во трето одделение има по 12 ученици од обата пола кое во проценти изнесува 20%, а во четврто одделение има по 12 ученици од обата пола кое во проценти изнесува по 30%.
Во Е и К група има по 19 ученици од машки пол кое во проценти изнесува по 31,66%, а по 11 ученици се од женски пол кое во проценти изнесува 18,33%.

Структура на испитаниците во однос на полот и возраста
Табела 2.

Во табелата 2 е прикажана структурата на учениците во однос на полот и возраста.

На возраст од 8,6 до 10 години има вкупно 20 ученици или 33,33%. Во Е група има вкупно 11 ученици кое изразено во проценти изнесува 18,33%. Од нив 5 ученици (8,33%) се од машки пол, а 6 ученици (10%) се од женски пол. На иста возраст во К група има вкупно 9 ученици или 15%, од кои 6 ученици те. 10% се од машки, а 3 ученици т.е. 5% се од женски пол.
На возраст од 10,1 до 11,5 години има вкупно 18 ученици што изнесува 30%. Од нив во Е група има вкупно 8 ученици (13,33%), од кои 7 ученици или 11,66% се од машки пол, а 1 ученик или 1,66% се од женски пол. На иста возраст во К група има вкупно 10 ученици (16,66%) од кои 6 (10%) се од машки а 4 ученици ( 6,66%) се од женски пол.
На возраст од 11,6 до 13 години има вкупно 14 испитаници, т.е. 23,33%. Од нив во Е и К група има вкупно по 7 испитаници или 11,66%, од кои по % ученици (8,33%) се од машки а по 2 ученика (3,33%) се од женски пол.
На возраст од 13,1-14,5 години има вкупно 8 ученици што во проценти изразено изнесува  13,33%. Од нив во Е и К група има вкупно по 4 ученици (6,66%), од кои по 2 ученика (3,33%) се од машки и по 2 ученика (3,33%) се од женски пол.

Резултати од проценката на ВК кај момчињата со помош на спиротестот пред примената на Е фактор                                                                               
 Табела 3.

На табелата 3 (а и б) се прикажани резултатите од проценката на ВК за испитаниците од Е група од машки пол. Од истата табела се забележува дека најслаби резултати на ВК постигнале учениците И. К. и А. Д. што не умееја да го изведат тестот, додека најуспешен беше ученикот М. И. што постигна вредност од 75,53% во однос на стандардните вредности на ВК.  

На табелата 3 (б) се прикажани резултатите од проценката на ВК за испитаниците од К група од машки пол. Од истата табела се забележува дека најслаби резултати на ВК постигнал ученикот Ж. А. што постигна вредност од 33,33% во однос на стандардните вредности на ВК, додека најуспешен беше ученикот З. С. што постигна вредност од 87,17% во однос на стандардните вредности на ВК.
Резултати од проценката на ВК кај девојчињата со помош на спиротестот пред примената на Е фактор                                                                              
 Табела 4.


На табелата 4 (а) се прикажани резултатите од проценката на ВК за испитаниците од Е група од женски пол. Од истата табела се забележува дека најслаби резултати на ВК постигнал ученикот Ј. З. што не умееше да го изведе тестот, додека најуспешен беше ученикот А. Б. што постигна вредност од 90.76% во однос на стандардните вредности на ВК.  
На табелата 4 (б) се прикажани резултатите од проценката на ВК за испитаниците од К група од женски пол. Од истата табела се забележува дека најслаби резултати на ВК постигнал ученикот А. Б. што не умееше да го изведе тестот, додека најуспешен беше ученикот С. Г. што постигна вредност од 91,33% во однос на стандардните вредности на ВК.

Резултати од проценката на ВК кај момчињата со помош на спиротесот после примената на Е фактор.                                                                              
Табела 5.


На табелата 5 (а) се прикажани резултатите од проценката на ВК за испитаниците од Е група од машки пол. Од таа табела се забележува дека најслаби резултати на ВК постигнал ученикот С. С. што постигна вредност од 30,76% во однос на стандардните вредности на ВК, додека најуспешен беше ученикот З. С. што постигна вредност од 87,17% во однос на стандардните вредности на ВК.

На табелата 5 (б) се прикажани резултатите од проценката на ВК за испитаниците од К група од машки пол. Од таа табела се забележува дека најслаби резултати на ВК постигнал ученикот З. С. што постигнал вредност од 71,79%, додека најуспешен бил ученикот Ш. Ј. што постигна вредност од 106% во однос на стандардните вредности на ВК.

Резултати од проценката на ВК кај девојчињата со помош на спиротестот по примената на Е фактор

Табела 6.

                На табелата 6 (а) прикажани се резултатите од проценката на ВК за испитаниците од Е група од женски пол. Од истата табела се забележува дека најслаби резултати на ВК постигнал ученикот Ј. З. кој постигна вредност од 46,88%, додека најуспешен беше ученикот А. Б. што постигна вредност од 97.87% во однос на стандардните вредности на ВК.  

На табелата 6 (б) се прикажани резултатите од проценката на ВК за испитаниците од К група од женски пол. Од оваа табела се забележува дека најслаби резултати на ВК постигнал ученикот Н. Б. што постигна вредност од 40.64%, додека најуспешен беше ученикот Ш. Ј. што постигна вредност од 106% во однос на стандардните вредности на ВК.
Статистичката обработка на податоците покажува статистичка значајност  кај испитаниците од Е група, додека не е утврдена статистички значајна разлика помеѓу почетното и контролното мерење кај испитаниците од К група.
6Заклучоци
Врз основа на резултатите од истражувањето можеме да го заклучиме следното:

  1. првата хипотеза што ја поставивме, во која ја изнесовме претпос­тавката дека ВК кај испитаниците од експериментална и контролна група ќе биде значително под нормалата за определена возраст се потврди.
  2. втората хипотеза што ја поставивме, и во која очекуваме дека примената на соматопедскиот третман, значително ќе придонесе за по­до­брување на виталниот капацитет (ВК) кај испитаниците од експе­ри­мен­талната група исто така се потврди.

                Врз основа на овие констатации можеме да заклучиме дека примената на експерименталната постапка придонесе за значително подобрување на ВК кај испитаниците од експериментална група, што треба да се има предвид при планирањето на дефектолошкиот третман кај лесно ментално недоволно развиените ученици.

ЛИТЕРАТУРА:
1. Андреев,. Ј., Олигофренопедагогика, Универзитетско издание, “Св. Климент
Охридски#, Софија,1994.
2. Мациќ, Д. Николиќ, С. Методика васпитно-образовног рада са телесно инвалидним  лицима предшколског узраста, Научна кнјига, Београд, 1991.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in