JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6639
Мила СЕЛАКОВИЌ
ГАБИЧКИТЕ КАКО МОЖЕН ЕТИОЛОШКИ ФАКТОР НА АУТИЗМОТ
Можна поврзаност на габичкита Candida albicans со аутизмот, или со другите развојни нарушувања, како што се, на пример проблемите во учењето, неправилниот развој на говорот, нарушувањето на вниманието и други нарушувања, веќе дваесет години е тема на дебати во лекарските кругови.
Во рамките на проектот DAN (Defeat Autism Now) за габичките имаат пишувано и зборувано д-р William Shaw (1), професор по хемија и токсикологија на Универзитетот во Мисури, директор на детската болница во Канзас Сити и директор на најголемата биохемсика лабораторија во тој град. Покрај името на овој професор стојат уште седум вакви титули. Друг е William Crook (2, 3) педијатар и алеголог од Тенеси, автор на повеќе книги за етиологијата на развојните нарушувања, или, како што го нарекуваат “алфа и омега” на американската академија за алергија и имунологија.
Candida albicans е габичка слична на квасецот што е нормален жител на нашето тело. Се наоѓа во слузницата на желудникот на цревата и вагината. Тоа е бела скрама во устата и на јазикот на бебето. Инаку, зборот candida на латински јазик значи бела пена на езеро.
Определени услови можат да предизвикаат раст на габичките што доведува до многу компликации: интестинални, односно цревни проблеми (опстипации, дијареи, гасови), подуеност на стомакот, прекумерено допирање на гениталиите, незадржлива потреба за внесување на јаглени хидрати (слатко, тесто, колачи, слатко овошје). Забележано е дека по земањето на јаглени хидрати се засилува хиперактивноста 15-20 минути, по што исчезнува хиперактивноста. Покрај наброеното се јавува и непријатен мирис на косата и на нозете, мирис на ацетон од устата, јадеж на кожата, замор, летаргија, депресија, инсомнија, проблеми во однесувањето, изглед на подуеност.
ЦИКЛУС-можен механизам за настанување на аутизам од габичките
Познато е дека некои мали деца имаат чести респираторни, особено инфекции на увото, што се лечат со разни антибиотици доаѓа до често повторување на антибиотиците што неминовно доведува до промена на цревната флора. Имено, Shawнагласува дека габичките се јавуваат во два облика: во висечки поединечно и во форми на колонии. Ензимите, како што ја прекинуваат фосфолипазите и протеазите линијата на цревната слузница за да ја допрат колонијата габички на ѕидовите од цревата. На тој начин се создава отвор што доведува до состојба што се вика синдром на “црева што течат”. Кај толку зголемениот пермеабилитет на слузницата на цревата, доаѓа до зголемена апсорбција на ендо и на ентеротоксините, на разни токсични материи од околината, на вируси, потоа на големи несварени молекули на храна (казеин од млекото, глутен од житарици) кои практично се предизвикувачи на мошне сериозни сензибилизации и на алергии. Некои од тие габични метаболити го инхибираат Кребсовиот циклус (еден мошне важен биохемиски процес во организмот од каде што клетките добиваат енергија), па настанува tartaric acid (преку кој што ги откриваме габичките од урината). Големата количина на габичниот шеќер арабиноза може да го блокира, да го инхибира производството на гликоза, што го доведува до хипергликемија детето и до натамошни компликации во функцијата на мозокот.
Покрај синдромот “црева што течат” е можен уште еден механизам за настанување на аутизам предизвикан од габичките. Професор Shaw подвлекува дека имунологот Gupta утврдил дека голем процент аутистични деца имаат намален имунитет. До тоа може да дојде и поради генетскиот недостаток на ензимот миелопероксидаза преку кој белите крвни зрнца ги уништуваат габичките.
Се смета дека габичките имаат засилен афинитет кон есенцијалните масни киселини, а недостатокот од нив може да игра улога во настанувањето на клиничката слика на аутизмот.
Кога се знае ова, што да се прави?
William Crook како превентива за евентуалните первазивни развојни нарушувања или аутизмот го предлага следното:
- Кога ќе почне инфекцијата, не треба по секоја цена веднаш да се оди кај лекар по антибиотици. Да се направи обид со превентива самиот организам да се избори.
- Да се проемени исхраната, да се исклучи млекото и другите производи засладени со шеќер и концентрирани засладени сокови. Наместо тоа да се консумира доста вода и природни незасладени сокови.
- Кога ќе се развие респираторна инфекција да се даде:
- една лажица прав витамин Ц растворен во 200 мг вода, да се заслади со неколку лажици сахарин, или со некој природен сок, и да се дава на секои 3 часа по една лажица.
- да се направи раствор Zn сулфат и да се дава 1-2 мг четири пати на ден. Цинк сулфатот, како и витаминот Ц го зголемуваат имунитетот.
- ако се воведе антибиотик веднаш да се ординира Нистатин пудра 250 единици покрај секоја доза антибиотик. Не се препорачува Mycostatin затоа што е засладен.
- да му се даде на детето (купено во продавниците за здрава храна или во аптека) капсула или 14 лажици Lactobacilus acidophilus (liobif) покрај секоја доза антибиотик. Да се пие доста јогурт.
- кога ќе се прекине со антибиотиците Probiotin треба да му се дава уште неколку недели, зашто Nistatin-от ги уништува габичките, а Probiotin-от ја заменува нормалната флора.
Д-р Crook нагласува дека не се сите деца “поврзани” со габичките, но сепак треба да им се дадат антифугални лекови и диета без шеќер. Секако треба да им се даваат:
- кај децата што биле често под антибиотици поради ушна инфекција,
- на децата што имале нормален развоен статус од 6-18 месец,
- на децата кај кои аутистичниот синдром се развил во третата година.
Проф. William Shaw препорачува прво тестирање на урината на габичките, па вклучување на нистатинот, зашто некои деца немаат проблем со габичките, туку со некои специфични бактерии како на пример од родот клостридии. Тој препорачува тестирањето на урината да се направи на почетокот, по еден месец по воведувањето на терапијата, а потоа на секои три месеци до крајот на лекувањето.
Ако се установат габички, веднаш треба да се вклучи нистатинот и тоа 500.000-1.000.000 единици четири пати дневно. Тоа е добро поднослива супстанца која од цревата речиси се апсорбира, дури иако се дава во големи количини. Фунгицидот може и без пречки да се дава една година. Најдобро во пудра во незасладена форма, а постојат уште капсули, таблети и вагиналети. Се дава од 3-12 месеци. Покрај тоа, се воведува Lactobacilus acidophilus, потоа продукти на лук, витамини А, Ц, Д, Е и Б, потоа минерали Ca, Mg, Zn и Se. Веднаш мора да се започне со диета укинување на шеќерот, на сите колачи, сите прехрамбени продукти со концентриран шеќер, леб и производи со квасец, печурки, димено месо и сланина и се друго врз база на алкохол и квасец.
Се дава свеж зеленчук, масло од семки, риба, јајце и вода.
По три месеци децата треба да се испитаат на пептиди и алергија, а потоа според резултатите да се вклучи диета на казеин и глутен и на верификувани алергени. Имено, установено е дека постои врска меѓу габичките и пептидите и алергенот поради синдромот на “цревата што течат”. Антифугалните лекови, со диета и соодветни нутрициенти и пробиотици, можат во голема мера да ја зацелат наведената промена на цревата. По ваквата терапија најчести коментари на родителите се следните:
- големиот напредок во регулирањето на хиперактивностите
- подобриот контакт со очите
- зголемувањето на вокализацијата
- подоброто спиење
- подобрата концентрација
- смалувањето на компулсивното однесување, самоповредување итн.
Заклучок
Мора да се мисли на габичките во рамките на етиолошките фактори за аутизмот.
Тестирањето на урината според методата на проф. W. Shaw се работи во сите поголеми лаборатории во САД. Во рамките на тој тест, освен докажувањето на постоењето на габички, можат уште да се направат проби за докажување на досега идентификуваните болести со грешка во метаболизмот, недостаток на витамини и постоење на ненормалните метаболити на катехоламинот, допаминот, серотонинот. Засега може да се испита постоењето на 62 супстанци и следствено на тоа да се преземат соодветни мерки на лекување.
ЛИТЕРАТУРА:
- Shaw, W. (1998) Biological Treatments for Autism and PDD
- Crook W. (1990) Tracking down Hidden Food Allergies, Profesional Books: Jackson, TN
- Crook W. (1986) The yeats connection, Profesional Books, Jackson, TN
- Трудови од Втората ДАН конференција во Сан Диего, 1997
- Трудови од Четвртата ДАН конференција во Cherry Hill, 1999
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE