JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 10415
Јасмина КОВАЧЕВИЌ
ПРИМЕНА НА ГРУПНИОТ ОБЛИК НА НАСТАВНАТА РАБОТА ВО ЕДУКАЦИЈАТА НА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ
Досегашните истражувања покажаа дека наставниот процес е сиромашен како по применуваните методи и медиуми, така и по наставните облици. И натаму доминира фронталниот облик на работата, иако одамна се знае дека секој ученик е еднаков со самиот себе, дека нема повторувања на поединците и дека учениците од исто одделение не се хомогена група. За да наставниот процес биде интересен, богат и иновативен, мора пред с¢, да ги почитува когнитивните, но и сите други разлики меѓу учениците и на секого да му даде шанса наставните задачи да ги решава на свој начин.
Таквата работа секако не може да ја овозможи наставата во која доминира употребата на фронталниот облик на работа.
Традиционално организираниот наставен процес доста заостанува зад теоретските достигнувања на дидактиката. Затоа е и препораката, современото училиште да изнајде патишта и начини за надминување на многу слабости на традиционалната настава и организација како реализација на работата, се примери на барањата на 21 век.
За таа цел започнати се реформи во училиштата кои својата потпорна точка мора да ја најдат и во внатрешната организација на наставната работа, што подразбира воведување на современи експериментално проверени модели на наставата, воведувањето на современи дидактички концепции на учење, современи дидактички медиуми и помагала, како и поголема употреба на групниот и индивидуалниот облик на наставната работа, наместо доминирачкиот фронталниот облик.
Факт е дека сите досегашни реформи на училиштата, како и оние што треба да настапат, не можат да дадат еден универзален модел на работа, кој во секоја ситуација и во секое време би ги решавал сите проблеми на наставата.
Меѓутоа, современото училиште треба да им даде шанса, пред с¢ на својата флексибилност и на условите, многу иновации, што се во практиката верифицирани, да најдат своја поголема примена во наставната работа.
Групниот облик на наставна работа не е новина зашто на дидактичката практика и е познат одпорано, но со оглед на застапеноста во наставната работа, за многу училишта претставува дидактичка иновација.
Групната настава претставува облик на работа во кои одделението се дели на групи кои, секоја за себе го остварува поставувањето на наставните задачи и за резултатите на својата работа го информира одделението односно класот.
Тоа значи дека суштината на групната работа е н¢ само простата поделба на класот или одделението на групи во кои поединци би работеле самите за себе, туку колективната работа на сите групи чии резултати би £ служеле на заедницата, односно одделението.
Групите можат да ги формираат наставниците или самите ученици, при што се води сметка формирањето на групите на некој начин да претставува “минијатура на одделението” и во нивниот состав да влезат ученици со различни способности и можности.
Училишната практика покажа дека најдобро работат групите што ги формирале самите ученици спонтано, пред с¢, врз основа на своите лични желби и мотиви.
Кохезионата сила на така формираните групи е многу поголема зашто дејствува и надвор од наставата, тие се со потраен карактер и имаат исклучително социјална и педагошка вредност.
Според видот на работните задачи групите се делат на:
- групи за подготовка и собирање на материјал, вежбање и демонстрација,
- групи за обработка на градива.
Во зависност дали групите работат на исти или различни задачи, се разликуваат монолитните работни групи и диференцијалните групи.
Во монолитните работни групи сите ученици ја обработуваат истата тема или ја решаваат истата задача.
Таквиот вид се нарекува монотематска работа, односно работа на конкурентните групи.
Групната работа со диференцирани задачи подразбира дека секоја група од таа наставна единица добива различни задачи.
Може да се спроведува и натамошна диференцијација, така што секој член од групата во рамките на општата групна обврска, ќе добие одделни задачи приспособени на своите способности и нивото на претходното знаење.
Токму со овој вид задачи што претставува и најсложен дидактички модел, се остварува целосно намерата на групниот облик на работа.
Успешното изведување на групниот облик на работа подразбира оптимална големина на групите и исполнување на определени психолошко-социјални и воспитно-образовни услови.
Искуството покажа дека оптимална група е онаа која брои три, а максимално пет членови, така да најдобро е да се започне со примената на групниот облик на работа кога кај децата се појавува природна потреба за дружење и за создавање на детски дружини, а тоа е периодот меѓу 9 и 10 години од животот и кога кај децата се изградени определени воспитно-образовни навики како што се: работната дисциплина, водењето белешки, служењето со книга, читањето карти итн.
Во секоја група постојат и некои функции како што се: раководител, односно водач на групата, информатор или секретар и извршители, односно референти кои едновремено се појавуваат и како носители на групната работа.
Водачот има значајна улога во работата и во однесувањето на групата, затоа и изборот на водачот се смета за важна етапа во организирањето на овој облик на работа.
Водачот го избираат наставниците или самите ученици, а улогата на водачот треба да ја доживее секој ученик во одделението.
Во групниот облик на работа наставниот час минува низ следните етапи:
Првата етапа ја сочинува фронталната организација на работа.
Наставникот му се обраќа на целото одделение, ја соопштува темата на наставната единица и ги запознава учениците со задачите што им претстојат.
Потоа се формираат групи доколку порано не се формирани.
Во втората етапа, групите ги добиваат работните задачи што с¢ или исти за сите (монолитни групи) или се диференцирани.
На групите им се дели материјалот за работа, а на водачите им се предочуваат нивните задачи.
Третата етапа ја сочинува самостојната работа на групата и секој член добива задолжување за пленарната работа.
Четвртата етапа ја сочинува пленарната работа на сите групи.
Во текот на пленумот водачите на групите, во соработка и со помош на сите членови, ги соопштуваат резултатите до кои дошле во самостојната работа.
За секој извештај (може да биде усмен или писмен) се расправа и се укажува на најважните заклучоци кои воедно претставуваат основа за знаењата кои учениците што треба да ги овладеат.
Наставникот им помага на учениците да стекнатите знаења ги систематизираат и да ги презентираат во логична форма, за да добро ги овладеат.
Последната, петтата фаза ја сочинува верификацијата, односно вреднувањето на знаењето што се остварува со различни облици (петминутно испитување, блиц-тест, писмени одговори на однапред поставени прашања итн.).
Многубројни се предностите на групниот облик на работа: работата е диференцирана и одмерена според можностите на учениците, послабите ученици еднакво се мотивирани и самите да придонесуваат за успехот на групата, заедничката работа во групата овозможува на најразлични начини да му се пристапи на решавањето на поставените задачи што ја поттикнува подвижноста на мислењето и позитивно влијае врз детскиот развој, на секој ученик му се дава можност во фазата на синтезата да говори, да објаснува, да покажува и со примената на групниот облик на работа процесот на социјализација е поширок и поделотворен.
Материјал и методи
Сите наброени предности на групниот облик на работа, како и сите зачестени барања за осовременување на училиштето со воведување на иновациите во системот на воспитувањето и образованието и во дидактичко-методолошки поглед, укажуваат дека примената на групниот облик на работа треба да пронајде адекватно место во организацијата и реализацијата на наставата.
Во сообразност со овие сознанија сакавме да провериме колку групниот облик на работа е застапен во работата на сурдологот.
Истражувањето беше извршено во сите училишта за деца со оштетен слух што се наоѓаат на територијата на Република Србија во периодот од 1995 до 1998 година.
Истражувањето беше спроведено во рамките на проектот за проучување на примената на обликот на наставната работа во школувањето на глувите деца, по пат на прашалник што се состоеше од два дела.
Првиот дел на прашалникот се однесуваше на општите податоци врзани за испитаникот, додека другиот дел се однесуваше на примената на групниот облик на работа.
Со мострата беа опфатени 92 сурдолога од обата пола.
Резултати од истражувањето
На испитаниците во нашето истражување им беше поставено прашање колку во нивната наставна работа е застапен групниот облик на работа.
Понудени одговори беа:
- не го употребувам,
- делумно го употребувам,
- целосно го употребувам.
Во табела 1 даден е процентуалниот приказ на одговорите на испитаниците, додека во табела 2 прикажана е застапеноста на групниот облик на работата искажана низ аритметичката средина и стандардната девијација.
Добиените податоци покажуваат дека 12% од сурдолозите во наставната работа применуваат групен облик на работа, додека 13% на сурдолози не применуваат.
Резултатите за споредување на застапеноста на групниот облик на работа во однос на фронталниот и индивидуалниот се прикажани во табелите 3 и 4.
Резултатите покажуваат дека сурдолозите мошне често го користат фронталниот облик на наставната работа во однос на групниот.
Прикажаните резултати покажуваат дека сурдолозите повеќе го користат индивидуалниот однос на групниот облик на наставната работа.
Застапеност на обликот на наставната работа во работата на сурдопедагогот искажана низ аритметичката средина.
Со дополнителната анализа по пат на вкрстување на податоците за должината на работниот стаж на сурдопедагогот и податоците за застапеноста на групниот облик на работа, ги добивме резултатите прикажани во табела 5.
Добиените податоци покажуваат дека сурдолозите со пократок работен стаж значително почесто го користат групниот облик на работа отколку сурдолозите со подолг работен стаж.
Исто така со додатна анализа по пат на вкрстување на податоците за полот на сурдолозите и на податоците за застапеноста на групниот облик на работа се добиени следните податоци прикажани во табела 6.
Прикажаните резултати покажуваат дека меѓу сурдолозите постојат значајни разлики во поглед на зачестеноста на употребата на групниот облик на работа.
Сурдолозите од машки пол повеќе го употребуваат групниот облик на работа отколку сурдолозите од женски пол.
Заклучок
Осовременувањето и унапредувањето на училишната работа подразбира подигање на квалитетот на наставата на повисоко ниво, пред с¢, со следење на научните достигнувања и со перманетното иновирање на наставниот процес.
Барањето за индивидуализација и диференцијација на воспитно-образовната работа во последно време добива с¢ поголеми размери.
Еден од начините за остварувањето на тоа барање е и поголемата употреба на групниот облик на наставната работа.
Затоа со оваа работа сакавме да утврдиме колку е групниот облик на наставната работа застапен во едукацијата на децата со оштетен слух.
Врз основа на извршените анализи на добиените резултати можеме да заклучиме:
- дека фронталниот облик на наставна работа е најзастапениот AS=2,30. На второ место се наоѓа индивидуалниот облик на наставната работа AS=2,16, додека групниот облик на работа се наоѓа на последно место со AS=1,99.
- со дополнителна анализа по пат на вкрстување на податоците за должината на работниот стаж на сурдологот и застапеноста на примената на групниот облик на работа добивме резултати што не упатуваат на заклучок дека сурдолозите со пократок работен стаж значително почесто го користат групниот облик на работа (20%) во однос на сурдолозите со подолг работен стаж (2,3%).
Во однос на полот на сурдолозите исто така постои разлика во застапеноста на примената на групниот облик на работа. Сурдолозите од машкиот пол повеќе го користат групниот облик на работа (17,9%) во однос на сурдолозите од женскиот пол (7,8%).
Факт е дека нема универзален облик кој во секоја наставна ситуација би обезбедил целосен успех.
Меѓутоа, за да го исполни наставата барањето за диференцијација и индивидуализација, групниот облик на наставната работа мора да најде поголема примена.
Клучни зборови: Групен облик на наставна работа, деца со оштетен слух, индивидуализација, диференцијација.
ЛИТЕРАТУРА:
- Вилотијевиќ М. (1999), Дидактика, Науќна кнјига-Уќителјски факултет у Београду, Београд
- Ѓорѓевиќ Ј. (1997), Настава и уќенје у савременој школи, Уќителјски факултет у Београду, Београд
- Ѓорѓевиќ Ј. Потконјак Н. (1985), Педагогија, Науќна кнјига, Београд
- Коваќевиќ Ј. (1998), Сурдопедагошка евалуација индивидуалног и фронталног облика рада у школованју глуве деце, Докторска дисертација одбранјена на Дефектолошком факултету
- Коваќевиќ Ј. (2000), Облици наставног рада у школованју глувих, Друштво Дефектолога Црне Горе, Београд
- Коваќевиќ Ј. (1997), Уќесталост примене метода у васпитно-образовном раду глувих, Друштво Дефектолога Југославије, Београд
- Меѕер Е. (1957), Групни облици рада у настави, Педагошко-кнјизевни збор, Загреб
- Стевановиќ М. (1981), Групни облик рада у нашој савременој школи, Горнји Милановац
- Савиќ Лј. Ивановиќ П. (1994), Сурдопедагогија, Дефектолошки факултет, Београд
- Трнавац Н. Ѓорѓевиќ Ј. (1995), Педагогија, Науќна кнјига, Београд
- Хавелка Н. (1980), Психолошке основе групног рада, Науќна кнјига, Београд
- Bartley, S.H.,: Principles of perception (2nd ed.) New York: Harper & Row, 1969.
- Epstein, W.: Varieties of perceptual learning. New York. Mc Graw-Hill, 1967.
- Gibson, E. J.,: Principles of perceptual learning and development. New York. Appleton-Century-Crofts, 1969.
- Howard, D. V., & Goldin, S. E.,: Selective processing in encoding and memory: An analysis of resource allocation by kindergarten children. Journal of Experimental Child Psychology. 1979, 27, 87-95.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE