JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 3256
Симеон СОЗОВСКИ
ПРВА БАЛКАНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОСПОСОБУВАЊЕ НА
ДЕЦА СО ОШТЕТЕН ВИД
Првата Балканска конференција се одржа од 26 до 30 октомври 2000 година во Варна, Бугарија во организација на Бугарската асоцијација за оспособување на деца со оштетен вид.
На Конференцијата учествуваа околу 50 учесници од следните Балкански земји: Албанија, Бугарија, Грција, Хрватска, Македонија, Романија, Турција и Југославија.
Од Република Македонија учествуваа 4 учесници (проф. д-р Љупчо Ајдински, Симеон Созовски, Елизабет Солтирова и Анита Чекановска).
Конференцијата работеше во пленарни седници и во групи. Првите два дена Конференцијата работеше пленарно.
Првиот ден настапија 11 учесници со теми за практичните искуства во работата со децата со оштетен вид, за организацијата и оспособувањето на децата со оштетен вид во секоја од наведените земји учеснички, за подобрување на менаџментот во училиштата за деца со оштетен вид и др.
Од Р. Македонија со свои реферати настапија проф. д-р Љупчо Ајдински со тема “Првите почетоци на раната интервенција кај децата со оштетен вид во Р. Македонија" и Елизабет Солтирова со тема “Организација на образованието и рехабилитацијата на лицата со оштетен вид во Р. Македонија".
Во вториот ден исто така се одржа пленарна седница на која со свои реферати настапија 10 учесници од земјите учеснички.
Во третиот ден се работеше по работни групи и тоа:
- прва група: Обновување на училишните програми;
- втора група: Оспособување на децата со оштетен вид за вклучување во редовните училишта;
- трета група: Училишен менаџмент.
Откако заврши работата во групи се одржа завршна пленарна седница на која се донесоа следните заклучоци:
- Значењето на раното откривање и организирање на раната интервенција за децата со оштетен вид и на децата со мултихендикеп;
- Интегрираната обука на децата со оштетен вид и изготвување на општи и индивидуални програми за децата со оштетен вид во редовните училишта, вклучување на дефектолозите, давање на стручна помош и развивање на ресорните центри;
- Техники на читање кај слабовидните ученици;
- Печатење на Браеви учебници;
- Опремување на училиштата со современи наставни средства;
- Методи на работа со деца со мултихендикеп и дневна организација на работата;
- Соработка на училиштето со добротворни организации;
- Социјализацијата и интегрирањето на учениците со оштетен вид во општествената средина;
- Договор за организирање на следната конференција во Атина, Грција.
Покрај пленарните седници и работни групи, по барање на колешка од Република Турција беше организирана групна дискусија на тема “Раната интервенција кај деца со оштетен вид”, што е значајно за сите балкански земји како пионери во оваа дејност. Се разговараше за:
- Организација на работата на раната интервенција кај деца со оштетен вид;
- Активности на дефектолозите;
- Основни полиња на работа: сензорен развој, моторен развој, когнитивен развој, социјално-емоционален развој и др..
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE