JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4108
Владимир ТРАЈКОВСКИ
Д-р Горан Ајдински: “КАРАКТЕРИСТИКИ ВО РАЗВОЈОТ КАЈ ЛЕСНО МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ”
Книгата “Карактеристики во развојот кај лесно ментално ретардираните ученици" претставува преработена и дополнета верзија на докторската дисертација на доц. д-р Горан Ајдински, одбранета на Дефектолошкиот факултет во Белград, во јуни 1998 година.
Уште на почетокот на овој приказ треба да се нагласи дека е за поздравување иницијативата на авторот д-р Ајдински, кој се обиде да ја збогати македонската дефектолошка библиографија со уште едно оригинално дело на македонски јазик и со тоа даде придонес во развивањето за дефектолошката теоретска мисла во нашата држава.
Целта на овој труд е да се прикажат карактеристиките во развојот кај лесно ментално ретардираните ученици.
Публикацијата пред с¢ е наменета за студентите по дефектологија, дефектолозите-олигофренолози што се занимаваат со дијагностика, едукација и рехабилитација на лесно ментално ретардираните ученици во редовните и посебните основни училишта, како и за постдипломците и специјализантите од научното подрачје олигофренологија.
“Карактеристики во развојот кај лесно ментално ретардираните ученици” содржи вовед и четири дела претставени на 211 страници Б5 формат со 97 библиографски единици, и им е посветена на наставниците и учениците од ПОУ “д-р Златан Сремац”.
Во првиот дел авторот ги разработува теоретските основи на менталната ретардација, каде што мошне експлицитно го дефинира проблемот, го разработува етиолошкиот аспект и класификацијата на менталната ретардација, давајќи податоци од повеќе епидемиолошки студии за преваленцијата. Тој дава посебен осврт на карактеристиките на лесно ментално ретардираните лица, кои претставуваат и мотив за пишувањето на овој труд. Посебно е значајно што во оваа констелација тој ги објаснува поимите на доминантна латерализираност и организираност на психомоториката, праксичката, гностичката и практогностичката организираност. Говорот и комуникацијата, спознајните функции и однесувањето се функции на ЦНС кои детално се обработени во овој дел.
Во вториот дел д-р Ајдински ја разработува методологијата во утврдувањето на карактеристиките на лесно ментално ретардираните ученици каде што јасно ги определува целите, задачите и хипотезите на истражувањето, го дефинира примерокот заедно со варијаблите во истражувањето. Тој ги прикажува и методите на истражување како што се: анализа на документацијата, статистичка обработка на податоците и дефектолошката метода на работа, за кон крајот на овој дел да го објасни местото и времето на истражување.
Резултатите од истражувањето, заедно со нивната дискусија се тема на третиот дел од книгата, каде што авторот преку 27 табели и 27 графикони ја прикажува суштината на ова истражување.
Анализирани се следните варијабли: употреба на доминантна латерализираност на горните екстремитети, способноста за усогласување на чекорот според ритамот, направена е проценка на визомоторната контрола и манипулативна вештина на раката заедно со диференцираноста на моториката на прстите според Реј.
Низ бројки и графички приказ читателот се запознава со контролата на моториката во мирување, проценката на рамнотежата на телото преку пробата “Вага", проценката на координацијата на движењата на горните екстремитети и со проценката на координацијата на движењата на горните и долните екстремитети според ритамот.
Авторот прави и проценка на организираноста на конструктивната праксија, на графомоторната низа, на познавањето на деловите од телото, на познавањето на латерализираноста на себе и на друг, на артикулацијата и употребата на гласовите, на забележувањето на односите во просторот и претставниот простор, на доживувањето и забележувањето на времето, на однесувањето на учениците во училиште, врши анализа на зрелоста на ракописот и имитацијата на сложените движења. Кон крајот на овој дел имаме можност да ги согледаме резултатите од нивото на усвоеност на серијацијата, на класификацијата, на коресподенцијата, на конзервацијата на тежина, на конзервацијата на должина.
Во последниот дел, кој е именуван како утврдување на карактеристиките на лесно ментално ретардираните ученици, доцентот Ајдински јасно и концизно ги изведува логичките заклучоци од истражувањето, давајќи предлог мерки што би требало да се искористат во понатамошниот развој на дефектолошката теорија, а особено во клиничката и едукативна практика.
Книгата “Карактеристики во развојот кај лесно ментално ретардираните ученици” од доцент д-р Горан Ајдински е дело на исклучително упатен научник, книга што ретко може да се најде во нашата средина. Во ова дело авторот покажува голема вештина во склопувањето на материјалот и во неговото систематско и прегледно изложување.
Секој дел од книгата претставува одличен приказ на одделни прашања од дефектолошката дијагностика.
Книгата е пишувана покрај стручното и на високо техничко и естетско ниво, со мошне атрактивна корица. Таа треба да биде прочитана и проучена од секој дефектолог, студент по дефектологија и сите оние што се интересираат за практичната дефектологија.
Затоа, оваа книга најтопло им ја препорачувам на читателите да ја имаат во своите лични библиотеки.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE