JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6437
Владимир ТРАЈКОВСКИ
ФОРМИРАНО МАКЕДОНСКО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ
На 22 Мај 2000 година во просториите на Институтот за имунологија при Медицинскиот факултет во Скопје се одржа основачкото собрание на Македонското научно здружение за аутизам со следниот дневен ред:
- Донесување Одлука за основање на Македонското научно здружение за аутизам.
- Донесување програма за работа на Македонското научно здружение за аутизам.
- Донесување Статут на Македонското научно здружение за аутизам.
- Избор на органи на Македонското научно здружение за аутизам:
|
· |
Избор на Собрание на Македонско научно здружение за аутизам. |
|
· |
Избор на Извршен одбор на Македонското научно здружение за аутизам. |
|
· |
Избор на Претседател на Македонското научно здружение за аутизам. |
|
· |
Избор на други органи, тела предвидени со Статутот на Македонското научно здружение за аутизам. |
Основачи на здружението се:
- проф. д-р Љупчо Ајдински,
- проф. д-р Мирко Спироски
- доц. д-р Драгослав Копачев
- доц. д-р Кристин Василевска
- асист. д-р Владимир Трајковски
На основачкото Собранието на Македонското научно здружение за аутизам присуствуваа 14 лица:
Собранието за претседател и членови на извршниот одбор ги избраа следните лица:
Проф. д-р Љупчо Ајдински, претседател; асист. д-р Владимир Трајковски, потпретседател; асист. д-р Маја Јурхар-Павлова; секретар проф. д-р Мирко Спироски, член; доц. д-р Драгослав Копачев, член; доц. д-р Кристин Василевска, член; доц. д-р Горан Ајдински,член; асист. д-р Дејан Трајков, член; помл. асист. Зоран Киткањ, член.
Граѓаните се здружени во Македонското научно здружение за аутизам заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи се:
- примарна превенција на лицата со аутизам;
- истражување на механизмите што се поврзани со аутизмот;
- истражување на ефектите од рехабилитација на лица со аутизам;
- третирање на лица со аутизам;
- соработка со родителите на деца со аутизам;
- координација на владини и невладини организации што се занимаваат со аутизам.
Во текот на 2000 година Македонското научно здружение за аутизам планира да оствари неколку активности:
- Регистрација на Македонско научно здружение за аутизам;
- Зачленување на Македонското научно здружение за аутизам во регионални и меѓународни организации за аутизам;
- Креирање на WEB site Аутизам-Македонија.
- Започнување со проектот “Имуногенетски анализи на лицата со аутизам во Република Македонија”.
Искрено очекуваме здружението да ги исполни своите цели и задачи и во целост да го исполни планот и програмата за оваа година со што ќе придонесе кон унапредување на заштитата и рехабилитацијата на лицата со аутизам во Република Македонија, ќе учествува во изготвувањето на националниот регистар за овие лица, ќе организира семинари, конгреси и симпозиуми, ќе учествува на меѓународни собири каде што како тема ќе се обработува аутизмот и ќе се вклучи во многу други активности а с¢ со една цел да им се помогне на децата со аутизам и нивните семејства во остварувањето на нивната замисла за отворање на Центар за дијагностика, едукација и рехабилитација на лицата со аутизам.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE