Владимир ТРАЈКОВСКИ

 

ОДРЖАН СТУДЕНТСКИ ДЕФЕКТОЛОШКИ СЕМИНАР СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО

Во Охрид, Балканскиот Ерусалим, како што со право го нарекуваат некои, градот од каде што Климент и Наум учениците на првите Словенски просветители го започнале својот просветителски книжевен поход се одржа Студентскиот дефектолошки семинар со меѓународно учество, во организација на студентите и наставниците од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје
Главна преокупација на учесниците од 5 до 9 Јуни беше темата: “Третманот на ментално ретардираните деца, децата со церебрална парализа и на децата со аутизам и нивната интеграција во општествената средина”.
Манифестацијата се одржа под покровителство на деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” проф. д-р Трајан Гоцевски.
Во работата на семинарот зедоа учество 60 претставници (студенти, асистенти и професори) од 7 држави и тоа: Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Југославија, Русија, Словенија и Македонија.
Се работеше 4 дена во три сесии и тоа:

  • Сесија А (ментална ретардација)
  • Сесија Б (церебрална парализа)
  • Сесија В (аутизам).

Беа поднесени 42 излагања со широк регистар на проблеми што го окупирале и го окупираат човештвото како своевидни феномени, како постојани предизвици и мистерии придружени на човековото битисување.
Импресиите од неколкудневното дружење, размислување и размена на искуствата условија да се поведе иницијатива да се формира на ниво на Југоисточна Европа асоцијација на стручњаци што се занимаваат со заштита, воспитание, образование и рехабилитација на лица со психички, сензорен и моторен хендикеп. Имајќи го предвид тоа присутните преставници на земјите учеснички на овој семинар го предложија и замолија проф. Љупчо Ајдински од Македонија да воспостави комуникација со институциите што подготвуваат вакви кадри и со асоцијациите на дефектолозите во тие земји за да можат брзо да бидат информирани и да се произнесат за формирањето на споменатата асоцијација, по што би уследиле конкретни активности за нејзиното формирање.
Со размената на искуствата младите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, СР Југославија, Бугарија, Русија и од Македонија дадоа сопствен придонес не само за побрзо вклучување на хендикепираните лица преку процесите на социјализација во општествената средина, туку и ја отворија можноста за унапредување на дефектолошката практика во своите земји, за свое лично усовршување и оспособување за посовремено извршување на своите задачи во процесот на рехабилитацијата.
Бидејќи семинарот ја исполни својата цел, а студентите се вратија во своите земји збогатени со нови искуства и со нови пријателства тие се надевам дека ќе претставуваат мост за идна научна соработка на полето на дефектологијата, па искрено очекувам оваа манифестација да прерасне во традиција и наредната година да бидеме гости на некоја од земјите учеснички.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in