JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4277
Зора ЈАЧОВА
РИСТО ПЕТРОВ:
“ТРЕТМАН НА ТЕШКО МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИ ЛИЦА”
ВО ИЗДАНИЕ НА-СПЕКТАР А. С.-НЕГОТИНО, 1999
Авторот тргнувајќи од резултатите на досегашните истражувања што упатуваат на фактот дека успешната, односно соодветното насочување во процесот на работното ангажирање на тешко ментално ретардираните лица, зависи од степенот на психомоторната организираност и паралелната реализација на планот и програмата на овие лица, се определува за истражувачка постапка преку која го утврдува влијанието вежбите за психомоторна реедукација врз ефикасноста во процесот на рехабилитацијата.
Книгата на авторот Р. Петров е структурирана во три поглавја напишани на 179 страници.
Во воведниот дел од овој труд авторот Р. Петров дава преглед на теоретските сфаќања во однос на дефиницијата и класификацијата на менталната ретардација, така што на крајот од овој дел се задржува на карактеристиките на тешко ментално ретардираните лица.
Авторот Петров разгледувајќи ги карактеристиките на тешко ментално ретардираните лица и повикувајќи се на голем број автори, го заокружува овој преглед со размислувања што се темалат на неговото долгогодишно практично искуство во Специјалниот завод во Демир Капија во кој се стационирани тешко ментално ретардирани лица.
Неговата размисла е во насока на неопходноста од постојана заштита и надзор на овие лица во домашни услови или во специфично организирани институции како што се дневните центри.
Во обидот да стави нагласка на неопходноста од организација на третманот на тешко ментално ретардираните лица, авторот Петров во второто поглавјеги презентира програмските содржини за работа со тешко метално ретардираните деца и младинци во Р. Македонија што се применуваат во Специјалниот завод во Демир Капија од 1970 година, изготвена од македонски автори а се однесува на:
- Воспитувањето на социјалните способности;
- Развивањетото на навиките;
- Воспитувањето на физичките способности;
- Воспитувањето на способностите за просторно претставување и моделирањето на предметите;
- Развивањето на музичките способности;
- Работното воспитување.
Во вториот дел од ова поглавје авторот Петров детално ги разработува Планот и програмата за воспитна работа и работно ангажирање на возрасни умерено и тешко метално ретардирани лица, притоа акцентирајќи ја улогата на установите и дневните центри во кои се опфатени овие лица.
Третиот дел од второто поглавје се однесува на Работното ангажирање на тешко ментално ретадираните лица, со што се истакнува значењето на работата во рехабилитѕацијата на ментално ретардираните лица и програмската концепција на работното оспособување на тешко метално ретардираните лица.
Четвртиот дел од ова поглавје авторот го заокружува со елаборација на применетите вежби за психомоторна реедукација во истражувачкиот дел.
Во третото поглавје од трудот авторот Петров ја презентира методологијата на истражувањето, така што во првиот дел ги изнесува целите, задачите и хипотезите од истражувањето. Тргнувајќи од најновите теоретски сознанија за менталната ретардација и потребата за организиран третман на тешко ментално ретардираните лица, како и неопходноста од практична примена на резултатите од повеќе истражувања во тој контекст, а земајќи ја предвид ситуацијата, односно нивото на работното ангажирање во установите во Македонија, што се потпира главно врз најопшта дијагноза за степенот на менталната ретардација, без планирање на активностите на корисниците, авторот се определува за истражувачка постапка преку која ќе ја утврди можноста за постигнување на поголем успех во процесот на работното ангажирање на тешко ментално ретардираните лица, со примена на вежби за реедукација на психомоториката, паралелно со реализацијата на планот и програмата за работа со овие лица, со што ќе се придонесе за посоодветно работно ангажирање.
Примерокот на истражувањето го сочинуваат испитаници со тешка ментална ретардација, корисници сместени во депандансот на Специјалниот завод во Демир Капија и тоа:
- 88 испитаници (1991 год.)
- 78 испитаници (1994/95 год.)
- 70 испитаници (1998 год.).
Испитаниците опфатени во истражувањето од 1994 до 1995 година се поделени во две групи:
- екпериментална група (37)
- контролна група (41).
Во вториот дел од третото поглавје авторот го објаснува начинот на кој е извршена дефектолошката обработка и проценката на психомоторната и гностичката организираност, како и проценката на нивото на сособноста во процесот на работното ангажирање.
Во третиод дел од третото поглавје се презентирани резултатите од истражувањето низ:
- Психомоторната и гностичка организираност;
- Способноста на прилагодување на движењето по ритам;
- Способноста на визомоторна контрола;
- Способноста на манипулативна спретност;
- Способноста за контрола на моториката при мирување;
- Способноста за рамнотежа низ примерот “вага”;
- Способноста за координација на движењата на горните екстремитети;
- Способноста за координација на движењата на горните и долните екстремитети;
- Способноста за координација на движењата на горните екстремитети по ритам;
- Способноста за познавање на деловите на телото;
- Процената на успешноста во процесот на работното ангажирање;
- Оспособеноста за извршување на работните операции;
- Работното ангажирање;
- Односот според материјалот и алатот;
- Истрајноста во работата;
- Учинокот во процесот на работното ангажирање;
- Односот на организираноста на психомоториката според работното ангажирање пред и по примената на вежби за реедукација на психомоториката.
Четвртиот дел од последното поглавје се однесува на дискусијата на резултатите низ три сегменти:
- Компарација на резултатите од процената на психомоториката со други истражувања;
- Компарација на резултатите од процената на успешноста во процесот на работното ангажирање со други истражувања;
- Компарација меѓу тренинг методата и методата за реедукација на психомоториката во третманот на тешко ментално ретардираните лица.
Согледувајќи ги резултатите од истражувањата што упатуваат на фактот дека ефектите од примената на вежбите за психомоторна реедукација го зголемуваат работното ангажирање кај испитаниците преку:
- стекнување на основни работни навики;
- односот кон материјалите и алатот;
- истрајност во работата;
- учинокот во процесот на работното ангажирање (авторот предлага мерки заради подобрување на практиката во работилниците во кои ќе се вклучуваат тешко ментално ретардираните лица.
Содржината на оваа книга претставува значаен придонес за Методиката за работа со тешко ментално ретардирани, затоа топло им ја препорачувам на лицата што учествуваат во изготвувањето и реализацијата на третманот на тешко ментално ретардираните и студентите на Институтот за дефектологија.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE