JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 8971
Владимир МИРЧЕВСКИ, Мирко МИРЧЕВСКИ
НЕВРОХИРУРШКАТА СПЕЦИЈАЛНОСТ КАКО ЕДНА ОД ОСНОВНИТЕ ДЕТЕРМИНАНТИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈАТА, ЛЕКУВАЊЕТО И РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА ЛИЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ
Вовед
Хендикепираните лица односно лицата со пречки во развојот како што е познато отстапуваат од нормалниот развој, а мошне специфичните услови во еволуцијата на нивната социјализација, како во поблиската средина, така и во поширокото опкружување со себе влече не лесна амбалажа од енигми што треба да се решаваат во биогенетскиот развој, во развојот на ендогените функции на организмот во сложениот комплекс на пречки кој практичниот живот ги наметнува за решавање и пред хендикепираното лице и пред цивилизациските придобивки на општеството во кои хендикепираното лице најчесто останува на маргините со својот товар за опстанок.
* | ||
* | * |
Неврохирургијата е поново хируршко подрачје на медицината во чиј контекст биле, се, и ќе останат како предизвик бројни прашања на сегашните и на идните генерации. Но досега постигнатото искуство и позитивните резултати што се постигнати, пред сî, во дијагностицирањето, лекувањето, вродените и стекнатите состојби кои го оптоваруваат човековиот организам, даваат надеж дека е можно дефинитивно или продолжено излекување со максимално сочувани функции.
* | ||
* | * |
Вродените недостатоци на човечкиот организам се оштетувањата, неправилностите, односно отстапувањата во развојот уште за време на бременоста или породувањата кога настанува дооформување на внатрешните органи на организмот и неговите функции во нивната меѓусебна корелација во контекстот на функционирање на централниот нервен систем како и на психомоторното или ендокриното подрачје. Разните телесни недоразвиености ги лимитираат функционалните стандардни вредности за оформување, или ја нарушуваат заштитната улога на кожата што доведува до низа сложености и компликации во развојот на индивидуата.
Како последица во групата на овие малформации се вбројуваат дефектите во развојот на главата/мозокот, мозочните обвивки, коморниот систем, продукцијата на ликвор, черепот, припојот на черепот за ’рбетниот столб и недоразвиеноста на столбот гледано од неврохируршки и ортопедски аспект.
Клиничкита манифестација на овие вродени недостатоци во раниот и доцен период се во форма на хидроцефалус, дизрафични аномалии на невро-вертебралниот припој, енцефалоцела, менингомиелоцела, дермо-епидермоидални цисти, дијастематомиелија, микроцефалус и други. Ваквите малформации го спречуваат нормалниот развој, усложнувајќи ја функцијата на мозокот, општото дооформување на организмот и создавање можности за стекнати компликации, на прво место инфекцијата или создавање услови за нарушување на дишењето, дистрофии или атрофии со декубитуси.
Стекнати причини за недоволен психофизички и функционален развој на човечката индивидуа се болни состојби кои не дозволуваат дооформување на организмот или го потиснуваат централниот нервен систем кој на директен или индиректен начин го спречува развојот на организмот. Во оваа група на состојби спаѓаат стекнатиот хидроцефалус, краниосиностози, повреди, хронични компресивни ендокранијални процеси (хигром, хематом, арахноидални цисти), тумори, А-В малформации и друго.
Раната и современа дијагноза на вродените и стекнатите процеси овозможуваат рано хируршко отстранување, рехабилитација и враќање на смалените функции во границата на нормалата. Раното хируршко лекување претставува императив за преживување и нормален развој на животните функции.
Dene{nite uslovi vo organiziranosta i tehni~kite mo`nosti vo nevrohiru{kata dejnost se povolni, taka {to lekuvaweto e mo`no vedna{ po poroduvaweto, с¢ do dlaboka starost.
Неврохируршката специјалност согласно со потребите на дејствување е организирана во два дела, неврохирургија на возрасни и деца. Исто така, по болести и по делови специфични на организмот се создадени или се создаваат сите организирани услови за поголеми резултати гледано од квалитативен и квантитативен аспект.
Брзото темпо на техничко-технолошкиот развој и информациските системи во поширокиот регистер на иновации во земјите на целиот свет, а посебно во високо економски развиените, сфатено во глобална смисла, создаваа нови можности и во областа на медицината, па и во неврохирургијата за рана дијагноза и лекувања непосредно врзани за централниот нервен систем и ’рбетниот мозок. Тоа е посебно значајно заради рефлексијата врз успешната рана корекција на определени функции на централниот нервен систем, повредите како и отстранувањето на поголемиот број од последиците што инфекциите можат да ги остават врз мозокот и ’рбетниот мозок.
* | ||
* | * |
Мошне значајно е да се одбележи дека во време на три децении (1970-1999 г.), ни беше овозможено да опсервираме и хируршки лекуваме 4.500 деца од вкупниот број 10.000 болни односно оперирани лица.
Големиот ентузијазам мотивиран од хируршките успеси постигнати со работното време без лимит, за среќа на пациентите како и високиот професионализам од етички аспект гледано, во мошне неповолни услови беа совладувани безброј пречки, што овозможи висок процент на смалувања на инвалидноста и зголемување на преживувањата. Самиот тој факт неврохирургијата во Македонија особено на детската, ја креваше на скалилата во поширокото опкружување и надвор од нашата земја.
Дискусија
Во оваа прилика треба да се нагласи дека голем број деца се оперирани на возраст од 1 до 14 години и кои најчесто биле породувани дома со бабица, но определен број се породувани и во акушерска болница. Исто така важно е да се одбележи дека времето на бременоста е контролирано кај помал број трудници. Со текот на времето, а посебно во сегашни услови следењето на бременоста значајно расте.
Во овој период (1970-1999) најчесто патолошките процеси на мозокот и ’рбетот се откривани кога децата веќе имале клиничка манифестација или биле воочливи до таа мерка кога е јасно дека ја деформирале или можат уште повеќе да ги засилат последиците на овој план руинирајќи ја анатомската градба со манифестација на разновидни дефективитети. Притоа треба да се одбележи дека заради придружна лезија на мозокот и ’рбетниот мозок, кај пациентите била нарушена психомоторната функција што клинички се манифестирало како развојно заостанување на моторен, интелектуален и во тој контекст на функционален план. Голем број од овие случаи, пред сî, деца порано или подоцна ќе останат со амбалажот на последици од телесна или психичка природа кои посебно и често непотребно го оптоваруваат со широк спектар на тешкотии нормалниот развој на детето.
Особено е значајно да се нагласи дека е дијагностициран и опериран значаен број на деца со присутност на голем процент на рана ретардација. Претпоставка е дека, тоа се однесува на хередитарна етиолошка детерминираност. Но во секој случај ваквите сознанија претставуваат императив за натамошна обработка на специфичните детали во етиолошката почва на ретардациите, што неопходно ќе ја насочи хируршката практика кон современото лекување, а условно земено и кон рехабилитацијата на ретардираните.
Заклучок
- Неврохирургијата несомнено го дава својот придонес во раниот третман на ретардираните деца чиј причинител е патолошкиот процес што го ледира мозокот и ’рбетниот мозок, што создава основни услови за понатамошен рехабилитациски третман.
- Раната дијагноза и раната хируршка интервенција и згрижување носат и немерлива среќа, пред сî, за пациентите и посебно за семејствата, кои преку развојот и оспособувањето на своите деца се ослободуваат од товарот кој мошне тешко го носеле од родителски и од психосоцијален аспект.
- Нема никакво оправдување (ниту од стручен, ниту од етички аспект), дете со почетни знаци на мозочна лезија да не се испита во смисла на квантитетот и квалитетот на таквата лезија со нејзината локализација како и можностите за нејзино отстранување. Тоа дотолку повеќе што во денешни услови степенот на развојот на компјутеризираната томографија која безболно и неинвазивно може да се примени врз новороденче, дури и интраутерино без штетни последици при што можат да се добијат значајни информации за преземање широк регистер акции за превенција на менталната ретардација кај голем број индивидуи.
ЛИТЕРАТУРА:
- Lepoir j., Lapras Chl.: “Traitement de l’hydrocephalie non tumoral du nourisson par la dèrivation ventriculo-atrial Neurochirurgie 13:209-342.
- Matson D., /1969/, Neurosurgery of infancy and Childhood 2ndn, edn., Charles C. Thomas, Springfield.
- Matsumoto S., 1986, Annual review of hydrocephalus Vol. 4.
- Milhorat H. T. /1978/., Pediatric Neurosurgery. FA. Devis. Philadelphia.
- Мирчевски М., Мирчевски Д., Башевска Р., Бојаджиев И., /1977/: Surgical Treatment of encephalocele complicated by hydrocephalus. Mod. probl. Pediatric. 18:146-148
- Мирчевски М., Николова Т., Бојаджиев И., Башевска Р., Долгова В., Брезовска К., 1976: Gamma cysternography in the diagnosis of primary and secondary hydrocephalus, associated with other congenital malformations. Book of abstract p. 487 Expeta medical 1977 Sao Paulo-Sixth International Neurological congress.
- Мирчевски М.,: Современа хируршка терапија на хидроцепусот ИВ конгрес на неврохирурзите на Југославија, 1973, Скопје, Зборник на трудови 163-176.
- Мирко Мирчевски, Даница Мирчевска, Роза Башевска анд Бранка Станкович: “Congenital Central Nervous system Malformations Associated with Hydrocephalus.” S. Matsumoto and N. Tamaki HIDROCEPHALUS book, Pathogenesis and Treatment pp. 553-538, 1991.
- Мирко Мирчевски: “Неврохируршки допринос во дијагнозата на ретардираните деца:. Прв симпозиум за рана детекција, третман и предучилишно воспитание на децата со пречки во развојот. Зборник на резимеа 74-76, 1996, Струга.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE