JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6000
Ицка ДЕРИЖАН
ПРОБЛЕМИТЕ ВО ПРИФАЌАЊЕТО НА ДЕЦАТА СО СПЕЦИЈАЛНИ ПОТРЕБИ ОД СТРАНА НА НИВНИТЕ ВРСНИЦИ
Современите брзопроменливи услови на животот ги поставуваат педагозите пред нови предизвици. Воспитувањето на толерантност кон другото и другиот, кон различните од општоприменото (како психата, однесувањето) веќе не е далечна желба, туку непосредна педагошка цел, детерминирана од меѓународни документи и од создадената врз таа основа национална нормативна база (1, 2).
Од друга страна, приопштувањето кон општочовечките вредности на обединета Европа, е незамисливо без создавањето кај младото поколение и уште од најрана возраст на квалитетен систем, заснован врз принципите на Конвенцијата за права и одговорностите на секое дете, во духот на достоинството, толерантноста и слободата.
Природата на детството претполага развој на идентичност на играта и слободното време, на достапноста на информацијата и образованието и на слободата на изразувањето. Идеалната социјална средина, во која се развива детето, е балансираната семејната и другарската група. Секое дете има право да ја добие, и детето со пречки во развојот и детето без семејство-таканаречените деца со “специјални потреби”. (чл. 23, ал. 3, од Конвенцијата за правата на детето).
Всушност, денес с¢ уште проблемите на децата со специјални потреби го очекуваат своето целосно, а не епизодно разрешување. Освен несредената нормативна база, ситуирањето на социјалните домови во оддалечените и ненаселените реони, дополнителен проблем е создавањето во поголем или во помал степен на општественото мислење на дистанцирање од слични деца и од нивните семејства.
Со цел установување на карактерот на однесувањето на децата со нормален развој кон различните од нив (децата со специјални потреби, без тие да се конкретизираат), беше спроведено анкетно проучување врз 120 деца од градот Благоевград на различна возраст. Истражувањето е дел од опширно проучување спроведено во 1999 година и беше организирано со помош на соработници-студенти од специјалноста за социјална педагогија при Југозападниот универзитет во Благоевград со карактер на теренско проучување врз принципот на случаен избор.
Анкетираните беа поделени во четири групи:
- првата група (3-6 год.): 30 деца од предучилишна возраст (15 девојчиња и 15 момчиња);
- втора група (7-10 год.): 30 деца од основна училишна возраст (15 девојчиња и 15 момчиња);
- трета група (11-15 год.): 30 деца од средно училиште (15 девојчиња и 15 момчиња);
- четврта група (15-18 год.): ученици од горниот курс (15 девојчиња и 15 момчиња).
За децата од предучилишна и основно училишна возраст прашањата беа постапни и во усмена форма.
Предложената анкета содржи серија прашања, поврзани со социјалниот статус и со квалитетот на системот на децата од разгледаната возраст. Прашањата што имаат однос кон истражуваниот проблем за примањето на деца со специјални потреби се:
- Дали си гледал деца што се различни од тебе-различно одат, гледаат, говорат?
- да
- не
- Ако во твоето одделение (група) дојде да учи такво дете, што ќе направиш?
- ќе го погледнам и доколку има потреба ќе му помогнам да седне;
- ќе се однесувам како ништо да не се случило;
в) не сум согласен да има такво дете во моето одделение;
- Што би ти рекле твоите родители ако до тебе седи такво дете?
- ќе ме советуваат да му помагам со она што можам;
- ќе ме советуваат да не му обрнувам внимание;
- ќе ме преместат во друго одделение.
- Ако сретнеш на улица човек во инвалидска количка, што ќе направиш?
- ќе го прашам дали има потреба од помош и веднаш ќе му помогнам;
- нема ништо да направам и тој е како сите нас;
в) ќе се свртам на другата страна од улицата.
Податоците од проучувањето покажуваат дека, како целост, истражуваните деца имаат однос кон проблемот со децата со специјални потреби-нивните врсници или возрасни (табела 1). На општото прашање, поврзано со познавањето на поимот деца со специјални потреби, а за првата и втората група-децата, различни од нас, сите изјавуваат дека им е познато. Ете зошто тоа прашање од анкетата специјално не се коментира.
Децата од различните групи на возраст бараат различно мислење за своето однесување при општењето со децата со физички или со интелектуални проблеми. Посебен впечаток прави што децата од првата и третата група бараат потолерантен однос, речиси рамноправен според полот. На прашањето дали би примиле во групата или во своето одделение такво дете, 14 девојчиња од вкупно 15 и 13 момчиња од 15 истражувани од предучилишната возраст одговараат потврдно. Кај децата од основно-училишна возраст цифрите се 12, за девојчињата и 10 за момчињата и само едно девојче и 4 момчиња изјавуваат несогласност да имаат такво дете во одделението. Прави впечаток дека со зголемувањето на возраста се зголемува, иако во мал степен, определен негативизам кон “различните” деца. Од третата група 9 девојчиња и 5 момчиња би примиле без колебање такво дете во своето одделение. Во третата група нивниот број се намалува-по 8 девојчиња и 2 момчиња. Нешто повеќе изразуваат дури и несогласност да имаат такво дете во одделението-од третата група тоа се 2 девојчиња и 5 момчиња, а од четвртата група 8 девојчиња и 9 момчиња.
Доколку искажаните мислења се резултат на возрасноста или на стимулираноста од родителите или од средината на однесувањето, прашање е што треба да биде детално изучено. Во прашањето за евентуалната реакција на родителите, претпоставките на децата се менуваат според возраста. Така, за истражуваните деца од првата група речиси сите (15 девојчиња и 14 момчиња) изјавуваат дека родителите ги посоветувале да им помагаат на таквите деца. Кај децата од другите две групи толерантните одговори се намалуваат: од третата група очекуваното примање од родителите го изјавуваат 8 девојчиња и момчиња, а непримање 5 девојчиња и 4 момчиња. Позитивните очекувања од родителите изнесуваат одвај 7 кај девојчињата и 8 кај момчињата.
Слична тенденција се забележува и во искажниот однос кон лицата со специјални потреби. Во помалите групи со голема категоричност се прима како нормално да му помогнат на инвалидот-15 девојчиња и 14 момчиња од вкупно 30 истражувани деца од предучилишна возраст, а 12 девојчиња и 11 момчиња од основно-училишна возраст.
Резервите по однос на толерантното однесување се забележуваат кај повозрасните. Тие потешко дозволуваат соработка со луѓето во инвалидска количка. Кај девојчињата од третата група (ги има 6) и кај момчињата изјавуваат непримање на различните од нив.
Заклучоци
- Во детската возраст јасно се појавува позитивниот однос кон “различните” деца, т.е. кон децата со специјални потреби;
- Највисок степен на изразување на толерантност покажуваат истражуваните деца од предучилишната и од основнота-училишна возраст бидејќи со растењето се намалува склоноста кон примањето;
- Се констатира недостапност на информации и адекватни модели на однос кај истражуваните деца, што им пречи да го изнесат својот позитивен однос кон децата со специјални потреби.
Анализата на добиените резултати покажува дека толерантноста кон другите не е вроден и константен квалитет. Тоа се заснова врз низа семејни, културни, духовни фактори и се воспитува постепено, во текот на променливата средина што го опкружува детето. Особено важно е да се одбележи дека колку што е помала возраста на детето, толку полесно се создаваат услови за толерантен однос, за взаемно помагање и алтруизам кон другите, а тоа претполага интензивна педагошка работа и за разработување на соодветни педагошки технологии, сообразени со возраста на соодветната група.
ЛИТЕРАТУРА:
- Конвенция на ООН за правата на детето, С. 1989.
- Международна харта за правата на човека, С. 1989.
- Бижков, Г. Методология и методи на педагогическите изследвания, С. 1995.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE