Сунчица ДИМИТРИЈОСКА

 

ОДБЕЛЕЖЕНА МЕЃУНАРОДНАТА ГОДИНА НА СТАРИТЕ ЛИЦА-1999

 

Бројот на старите лица во вкупната популација се зголемува (во 1994 година 13,0% се лица над 60 годишна возраст); се продолжува животниот век; присутни се закони на пазарното стопанство што се извор на несигурноста на старите лица за кои стабилноста и постојаноста се многу важни. Незадоволените потреби на старите лица, поради намалените психофизички способности, и неможноста да бидат задоволени од страна на семејството, соседите, пријателите и институците, се забележени уште во 1991 година.
На Генералното Собрание на ОН на 16 декември 1991 година се донесува Резолуција во која се истакнуваат основните принципи што мора да се почитуват при остварување на правата на старите лица: независност, учество, заштита, самоисполнување и достоинство.
ОН ја прогласија 1999 година за Меѓународна година на старите лица и ја истакнаа важноста на потребата да се подигне свеста во општеството за пршањата поврзани со старите лица. Главна компонента на овој план е акцијата за доживотен развој на индивидуата.
Стареењето во најтесна смисла на зборот значи да се биде постар. Но стареењето може да значи и доживотен растеж и развој на финансиски, економски, психолошки, духовен и културен план. За тоа е потребно индивидуата да има поддршка од средината (семејството, соседите, пријателите, заедницата и општеството во целост).
Во Република Македонија планирањето на акција за старите лица започна со воспоставувањето соработка помеѓу Филозофскиот Факултет и Институтот за стареење во Малта во 1996 година. Во таа година е одржан семинар на Филозофскиот факултет, а потоа е остварена и посета на истакнати стручњаци од Македонија во Малта, каде што земаа учество на семинари и други форми на едукација.
Во 1998 година беше формирано Здружение на жени од трето животно возраст, како невладина организација која започна со масовно промовирање на правата на старите лица преку повеќе семинари на тема: "Старите лица во потрага по своите права".
Едукација и помош на старите лица се оствари и преку апликативниот проект "Социо-психолошка, медицинско-здравствена и едукативна поддршка на старите лица во домашни услови" во текот на целата 1999 година. Проектот беше заснован на давање социо-психолошка поддршка на старите лица, едукација и работа за подобрување на менталното здравје на старите лица преку користење на техника танграм, како и помош во одржувањето на личната и општата хигиена.
На 22-23 декември 1999 година се одржа Симпозиум на тема: "Староста и стареењето во Република Македонија" во организација на Заводот за социјални дејности од Скопје. Темите беа поделени на повеќе подрачја: демографски развој во Република Македонија, социјална политика и социјална заштита, здравствена заштита, заштита на старите лица во традиционалните македонски и влашки семејства, како и организирање во невладини организации за заштита на старите лица. Од подрачјето на здравствена заштита на старите лица, посебно беше истакната потребата од постоење на соодветна здравствена и социјална заштита на стари лица со пречки во развојот.
За активен живот на старите лица е потребно:

  • промовирање на нивните права;
  • обезбедување на соодветна здравствена и социјална заштита (соодветни средства за живот, соодветно домување);
  • обезбедување на вониституционални облици на заштита на старите лица (клубови за дневен престој, сместување во друго семејство и сервиси за помош на старите лица во домашни услови);
  • обезбедување на поддршка и помош од семејството, соседите, пријателите, невладини здруженија, како и основна помош од државата.     

                Можеме да заклучиме дека за да може основното мото на Меѓународната година на стари лица "Да им додадеме живот на годините" да биде реализирано, потребно е старите лица да водат живот во кој ќе бидат целосно ангажирани нивните потенцијали, живот во кој ќе ја добијат потребната поддршка од семејството, соседите, пријателите, владини и невладини институции, а пред с¢, одговорноста за нивната заштита примарно да се грижи државата.
За жал во целиот контекст на содржинската одбележеност на меѓународната година на старите лица, не стана збор ниту за состојбите, положбата, ниту за најелементарните податоци за хендикипираните лица (нивниот број, просечен век на живеење, нивните односи во семејството, прифатеност во средините на живеење, облиците на грижа-институционални и вонинституционални итн.). Сакале или н¢ староста на хендикепираните е неодминлив проблем со бројни специфичности кои остануваат завиткани во мистеријата како на самите нив така и на најблиските роднини.
Маргинизирањето на овој проблем ја делвалвира целата грижа за старите, а хуманизмот како вредност останува длабоко нагризан од несоодветниот однос на бројни хуманитарни, добротворни и други организации, а првенствено од надлежните државни институции кои официјално се грижат за оние на кои им е потребна најнеопходна помош во сите варијанти и облици на проблемите што современиот живот ги наметнува.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in