JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 8035
Силвана ФИЛИПОВА, Горица ЛЕВЕНСКА, Наташа ИКАДИНОВИЌ-ТАЛЕВСКА
ЗНАЧЕЊЕТО НА ЛОГОПЕДСКАТА ПРЕВЕНТИВА КАКО ВАЖЕН ФАКТОР ЗА ПРАВИЛНИОТ РАЗВОЈ НА ГОВОРОТ КАЈ ДЕТЕТО
Вовед
Стекнувањето на способноста за вербална (говорно-јазичката) комуникација или онтогенеза на јазичкиот систем на комуникацијата започнува со првиот крик на новороденчето и трае во текот на целиот живот. Онотогенезата на јазичкиот ситем се дели на три фази: прелингвална, лингвална и постилингвална (Керамитчиевски 1990).
Прелингвалната фаза трае до третата година, лингвалната до седмата и постилингвалната во текот на целиот живот.
Развојот на способноста за вербална комуникација поминува низ пет фази:
- предјазичко изразување
- фонолошки развој
- морфолошки развој
- синтаксички развој
- семантички развој
Предјазичкото изразување, се појавува во текот на првата година. Тоа му предходи на појавувањето на првиот збор и трае с¢ додека детето не биде способно да се изрази со зборови (С. Голубовиќ 1997).
Фонолошкиот развој е еден од основните индикатори за развивање на способноста за вербална комуникација. Овој развој се манифестира со зголемување на бројот и водот на говорните симболи што ги произведува самото дете и завршува некаде до 6-7 година од животот.
Стекнување на морфемите кај вербалниот јазик претставува највисок степен на генеративно јазичко комуницирање.
Процесот на синтаксниот развој започнува во втората година од животот, помеѓу третата и четвртата година се комплетира, а потоа с¢ до завршувањето на адолесценцијата постепено се дополнува и дефинитивно созрева способноста за јазична комбинаторика.
Резултатите на поголем број истражувачи на полето на семантичкиот развој покажале дека првиот збор се јавува во 12 месец.
Голем број на внатрешни и надворешни фактори го определуваат појавувањето на првиот збор. Во просечно развиена говорна средина со нормална комуникативна стимулација семантичкиот развој на детето е многу брз. Во втората година од животот просечниот рецептивен реченичен фонд изнесува 1.000 зборови а експресивниот 250 зборови, додека во шестата година рецептивниот фонд изнесува 13.000 зборови а експресивниот 2.500. Брзината на развојот на експресивниот речник по осмата година почнува да опаѓа.
Предметот и цел на излагањето
Предметот и цел на излагањето е да се укаже на сложениот развој на способноста за вербална комуникација како и на значењето од логопедска превентива за правилниот развој на говорот кај детето.
Под логопедска превентива се подразбира усмерена, организирана и програмирана практика на спречување, отстранување или минимализирање на причините за отстранување и последиците од патологија на вербалната комуникација.
Развојот на говорот кај детето започнува со појавата на првиот збор и завршува шестата до осмата година. Тоа значи говорот каков што се развил по шестата година се автоматизира и останува таков до крајот на целиот живот со определени надградувања во оделни сегменти на говорно-јазичната комуникација. Доколку во развојот на говорот кај детето настанале определени неправилности и не се коригирале во овој период тие се автоматизираат и остануваат во говорот на детето до крајот на животот. Затоа во овој период е многу значајно навременото откривање и отстранување на сите развојни проблеми во говорот и оневозножување на нивното автоматизирање.
Поголем број на родители не се во состојба да ги согледуваат говорните проблеми кај своето дете. Затоа логопедските служби со својата превентивна дејност се оние што ги откриваат говорните проблеми уште во периодот на развојот на говорот и ги упатуваат на логопедски третман.
Резултати
Во нашата република за жал со логопедска превентива се опфатени мал број на деца од предучилишна возраст. Општина Неготино е една од ретките општини во кои постои организирано превентивно испитување на говорот кај децата од предучилишна возраст. Секоја година стручен тим од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас од Скопје составен од логопед, ортодон, аудиометрист и администратор врши испитување на говорот, слухот, ортодонските аномалии и штетни навики кои најчесто се причинско последични поврзани со зборувањето и слушањето. На тој начин се откриваат деца со проблеми во говорниот развој, се известуваат нивните родители и се упатуваат во матична логопедска амбуланта каде што се спроведува рехабилитацискиот процес.
Од табелата може да се види дека со систематски преглед биле опфатени вкупно 324 испитаници од предучилишна возраст, од кои со проблеми со говорот биле вкупно 154, а со проблеми со слухот 16, или изразено во проценти од вкупно испитаните 324, 47,5% се со говорни проблеми и им е потребна логопедска интервенција и 4,93% се со проблеми во слухот, што се упатуваат на ОРЛ преглед и на повторна контрола на слухот.
Од графикот може да сед види дека проблемите во говорот кај децата од предучилишна возраст во општината Неготино најчести се артикулаторните проблеми и тоа најмногу се застапени ламбдацизмите, потоа комбинираните артикулаторни проблеми, односно проблемите во изговорот на повеќе гласови. Додека на проблемите во ритамот и темпото опаѓаат 1,23%.
Дискусија
Логопедската превентива овозможува рана детекција на говорните проблеми, а со тоа навремено отстранување и правилен развој на говорот кај децата. Откривањето на неправилностите во говорниот развој во предучилишниот период и нивно отстранување оневозможува појава на секундарни психолошки проблеми. Детето со правилен говор е посигурно во себе, додека детето што има говорен проблем со поаѓањето во училиштето почнува да биде свесно за својот проблем. Тоа почнува да се повлекува во себе, станува неактивно на часовите, а со тоа покажува послаб успех. Во својата комуникација избегнува да употребува зборови што ги содржат проблематичните гласови. Обично тие се молчеливи, избегнуваат комуникација со непознати, кај некои може да се појави страв од училиштето, а кај поосетливите деца дури и негативизам кон говорот.
Раните испитувања на емоционалните проблеми кај децата со говорни проблеми покажале дека кај овие деца се појавуваат низа емоционални проблеми како што се: емоционална лабилност, раздразнетост, слабост со склоност кон дифорични гневни афекти (В . Матанова 1997).
Заклучок
Од горенаведеното може да се заклучи дека развојот на способноста за вербална комуникација е доста сложен и значаен за правилниот развој на целокупната личност на детето. Логопедската превентива е значаен дел од логопедската дејност што овозможува навремено откривање и отстранување на говорните проблеми, а со тоа и оневозможува да се појават секундарните психолошки и емоционални проблеми и проблемите во социјалната адаптација на децата.
ЛИТЕРАТУРА
- Голубовић С. : Клиничка логопедија I ; Дефектолошки факултет, Београд, Б и Г печати, Београд, 1997.
- Керамитчиевски С. : Општа логопедија; Научна књига, Београд, 1990.
- Матанова В. : Емоционаолните проблеми кај децата со говорни недостатоци; Дефектолошка теорија и практика 2, Дефектолошки факултет-Институт за дефектологија, Скопје, 1997.
- Матанова В. : Дијагностика на деца с комуникативни нарушениа; Универзитетско издавателство "Св. Климент Охридски” Издателска К…ЦА Софир, Софија, 1998.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE