Елена БОГЕСКА, Марина ЧАКАР

 

ОПРЕДЕЛУВАЊЕТО НА ПРАГОТ НА СЛУХОТ КАЈ ДЕЦАТА
ДО ДВЕГОДИШНА ВОЗРАСТ СО МЕТОДОТ
VAER
СПОРЕД НАШЕТО ИСКУСТВО

 

Вовед

                Детето е нешто посебно. Тоа има посебен шарм, посебни потреби, по­себ­ни црти и свои посебни проблеми. Меѓу најтешките проблеми со кои може едно дете да се соочи е намалениот слух или уште полошо неговото от­сус­тво. Овие хендикепирани деца што живеат во својот свет на тишина заслу­жу­ваат посебна грижа и третман. Првиот чекор во нивната медицин­ска и со­ци­јална рехабилитација се разбира дека е дијагностицирањето на оштете­нос­та на слухот и на видот и степенот на оштетеноста на слухот. За оваа задача најповикан е оториноларингологот-аудиолог.
Денес на располагање ни стои цела батерија на тестови што овоз­мо­­жуваат определување на слухот кај инфанти и деца. Од посебна важ­ност се оние тестови што овозможуваат да се определи слухот и во најра­на­та воз­раст, како би се поставила што порана дијагноза, а следствено и ран реха­би­ли­тационен третман. Тука спаѓаат сигналните тестови (група на signal noise-свирче, барабан и втора група со калибрирани електронски ге­не­рато­ри на звук), идентификациона аудиометрија-скрининг на новоро­ден­чиња во поро­ди­лишта, бихевиорална аудиометрија, акустична имитан­са-тимпано­мет­рија и акустичен рефлекс и на крај AVR или VAER.
Во ова излагање авторот ќе се задржи на значењето на VAER-Brain­sem Auditory Evoked Potentials, определувањето на прагот на слухот кај деца до двегодишна возраст.

Методи и материјал
Метода се базира врз дразнење на периферните сензорни рецеп­то­ри при што во нервните патишта и во одделни мозочни структури настапу­ваат електрични промени т.е. евоцирани потенцијали што имаат определен мор­фолошки изглед (амплитуда и латенција). Отривањето и регистрацијата на овие евоцирани потенцијали што се замаскирани од другите компоненти на EEG се постигнува со еверижирање и амплифи­ци­ра­ње нивно со соод­ветна компјутерска апаратура. Познати се неколку техники за регистрација на ау­ди­тивните EP со кои може да се определи пра­гот на слухот: кратко­ла­тен­тни до 10 msec-рани потенцијали, средно­ла­тентни 10-15 msec и корти­кал­­ни од­го­вори 50-500 msec. Во Аудиолошкиот Центар при Клиниката за Уво, Нос и Грло најчесто се употребува тестот-ABR click и се изведува на апаратот Amplaid MK 15.
Испитувањето го вршиме во будна, состојба на сон или општа анес­те­зија. Бидејќи за време на сонот има значајна редукција на високо­фрек­вентниот EEG и мускулните артефакти, тестирањето на децата обично го вршиме во состојба на сон или општа анестезија. Одговорите се регис­три­рат преку површински електроди поставени на вертекс и ушните лобулси при што се користи неиритативна паста. Стимулот click се генерира во TDK слу­шалки поставни комфорно на ушите. Се стимулира моноаурално поч­ну­вајќи со најголемиот интензитет 130 dB pSPL, а потоа се смалува посте­пе­но се до губењето на адекватниот аудитивен одговор. Контралатералното уво го мас­ки­раме со бел шум-40 dB  послаб од стимујлот.
Во периодот од 5 години е испитуван слухот кај 64 деца на возраст од 3 до 24 месеци, 28 од нив беа женски, а 36 машки, 42 деца имаа по­зи­тив­на анамнеза што би значело: конгентинална или перинатална ин­фек­ција (цитомегаловирус, рубеола, херпес, токсопласмоса), анатомски мал­фор­мации во областа на вратот и главата, родилна тежина под 1500 гр., хипер­би­лирубинемија со ексангвинотрансфузија, бактериски менингитис или со тешка асфиксија. За другите 22 деца хетероанамнезата беше нега­тив­на, по­точ­но родителите негираа наследност или кој и да било друг фак­тор што би можел да доведе до оштетување на слухот.

Резултати
Одговорот на моноаурална стимулација кај малите деца матурира и има вредности како кај возрасни во периодот од 18 до 24 месесци. Раз­лич­ни компоненти на одговорот матурираат различно и тоа I бран ги дос­тигнува вредностите како кај возрасен на 3 до 6 месечна возраст, а III и V бран ги достигнуваат вредностите на возрасните на крајот на втората година од жи­во­тот. Параметар за интерпретација на одговорот е V бран, т.е. неговата латенција наспроти интензитетот на стимулот.
Резултатите добиени на овој начин кај 64-те субјекти ги споредив­ме со резултатите добиени со signal noise тестовите.       

ABR SIGNAL NOISE
5 случаи нормален слух 3 случаи нормален слух
10 лесна редукација 7 лесна редукација
28 умерена редукација 20 умерена редукација
21 тешка редукација-глупавост 29 тешка редукација-глупавост

Заклучок
Тестот ABR click не е мерка за свесно слушање, туку резултатите добиени со него определуваат само слушната сензибилност. Исто така тој не дава информации за удитивниот одговор на опрелени фреквенции, но овоз­мо­жува генерална проценка на слухот на сите фреквенции. Од друга страна пак тестот овозможува рана дијагноза, а со тоа рана рехабили­та­ци­ја на слушно оштетените деца. Со оваа метода се определува прагот на слу­хот за секое уво посебно што е од извонредно значење при изборот на увото на кое ќе се адаптира слушната протеза.
ABR click тестот според нас е метода на избор на определување на прагот на слух во најраната детска возраст, се разбира користен и допол­нет со методите на импедансметрија, signal noise тестовите и др.

ЛИТЕРАТУРА

  1. Goodhill V., Diseases, deafness and dizzines, p 154, 1979.
  2. Hesenstab S., Early intervention for infants with hearing impairment, Seminars in  hearing, Volume 15, N. 2, 1994.
  3. Katz J., Handbook of Clinical Audiology, section VII, 1978.
  4. XII Kongres otorinolaringologa Jugoslavije, Epidemiologija sluha, glasa i govora, 1988.
  5. Parker D., Thorton ARD, Frequency specific components of the cochlear nerve and brainstem evoced responses of the human auditory system. Scand Audiol 1978;7:53-60.
  6. Parker D., Thorton ARD, The validity of the derived cochlear nerve and brainstem evoked responses of the human auditory system. Scand Audiol 1978;7:45-52.
  7. Schulman-Galambos C., and R. Galambos. 1979. Brainstem evoked rasponse audiometry in newborn hearing screening. Arch.Otorinolaryngol. 105,86-90.
Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in