JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5790
ДЕКЛАРАЦИЈА
ЗА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА
СО ХЕНДИКЕП ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
На 1-2 октомври 1999 година во Скопје се одржа семинар за Стандардните правила на Обединетите Нации за изедначување на можностите на лицата со хендикеп. Семинарот беше организиран од страна на Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Заедницата на инвалидските организации на Македонија и на Британската амбасада.
На Семинарот имаше 80 учесници: претставници на министерствата на Р. Македонија, на невладините организации од Република Македонија што ги застапуваат интересите на лицата со интернационални невладини организации и агенции. На Семинарот учествуваше и Виктор Валштром, заменик на Специјалниот изветувач на ОН и член на Панел експертите на ОН за Стандардните правила.
Семинарот го отвори потпретседателот на Владата на Република Македонија и министерот за труд и социјална политика г-н Бедредин Ибраими, кој како покровител зеде и активно учество на Семинарот.
На Семинарот се прифати веќе меѓународно прифатената универзална поддршка на Стандардните правила за изедначување на можностите за лицата со хендикеп на ОН со кои се промовира и препознава хендикепот како прашање на човековите права и социјалната правда. Беше нагласено дека Комисијата на ОН за човекови права идната година ќе ја проценува својата Резолуција 1998/31 за човекови права на лицата со хендикеп, а оваа година е десетгодишнина од Конвенцијата за правата на децата и педесетгодишнина од Универзалната декларација на човековите права.
НА СЕМИНАРОТ ЕДНОГЛАСНО БЕШЕ ПРИФАТЕНА СЛЕДНАТА ДЕКЛАРАЦИЈА
I
Сите лица со хендикеп имаат право на целосно граѓанство, заштита од дискриминација (без разлика дали е свесна или несвесна), и на еднакво уживање во човековите права од Стандардните правила на ОН, Конвенцијата за правото на детето и Резолуцијата 1998/31 на Комисијата за човековите права при ОН за човековите права на лицата со хендикеп.
II
- Целта на Стандардните правила на ОН е да им се обезбеди на лицата со хендикеп да ги уживаат истите права и обврски како и другите. Државите се одговорни за преземање на соодветни акции за нивно остварување. Лицата со хендикеп и нивните организации треба да имаат активна улога како партнери во тој процес.
- Во Стандардните правила се вели дека проблемите со кои се соочуваат лицата со хендикеп се помалку резултат на медицинска попреченост отколу на социјалните ставови и политики што не ги овозможуваат еднаквите можности. Стандардните Правила, затоа, нагласуваат дека треба да се прифаќаат потребите и аспирациите на лицата со хендикеп во сите сфери на живеење.
- На семинарот целосно се поддржаа основните принципи на Стандардните правила на ОН и основната цел за вклучување на лицата со хендикеп што се застапени во 22-те правила.
III
- Се прифати изјавата на Високиот комесар за човекови права на ООН, г-ѓа Мери Робинсон, од август 1998 год.:
"Лицата со хендикеп најчесто живеат во многу тешки услови поради постоењето на физичките и социјалните бариери што ја оневозможуваат нивната интеграција и целосна партиципација во заедницата. Милиони деца и возрасни низ целиот свет се изолирани и скратени од нивните права и живеат на маргините. Тоа е неприфатливо."
- На Семинарот се констатира дека лицата со хендикеп во Република Македонија, како и секаде, се меѓу најранливите групи во општеството. Исто така, се истакнаа примери на добра практика, кои што покажуваат дека непочитувањето на правата на лицата со хендикеп не би требало да се случуваат. Беше потенцирана итната потреба од создавање на промени во повеќето области што влијаат врз лицат со хендикеп.
IV
На Семинарот се препорачаа промени за точно определени активности, врз основа на веќе направените препораки од страна на Специјалниот известувач на ОН за хендикеп г-н Бенгт Линквист, и од долгите дискусии за време на семинарот:
- Собранието на Република Македонија треба да ги прифати Стандардните правила на ОН како насока за подготвување на политиката и програмите во областа на хендикепот.
- Владата на Република Македонија треба да оформи национално тело за прашањата во однос на изедначување на можностите на лицата со хендикеп, што ќе бидат координиративно тело меѓу ресорните министерства и националните невладини организации на хендикепираните.
V
Националното координативно тело треба да ги има следниве задачи:
- Изготвување преглед за состојбата на лицата со хендикеп во Република Македонија;
- Развивање на Националната стратегија за хендикепираните во Република Македонија, користејќи ги Стандардните правила на ОН како насока;
- Усогласување на планот за акција што ќе ги идентификува најитните потреби и можни решенија, земајќи ја предвид економската реалност на Република Македонија.
VI
Специјалниот известувач на ОН да се замоли да направи увид во важечките закони на Република Македонија и да предложи препораки за измени, да ја посети Македонија по една година за да изврши преглед на направениот прогрес.
- Меѓународните агенции и невладини организации што работат во областа на хендикепираноста да се прифатат како партнери во овие напори. Да се замолат за продолжување на нивните активности во Република Македонија и да се зголеми нивното учество во координација и соработка со Владата на Република Македонија и со невладините организации на лицата со хендикеп.
VII
На Семинарот беше заклучено:
Владата на Република Македонија да преземе итни акции за донесување на национална стратегија за хендикепираните во Република Македонија.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE