JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4545
Мирко ЃОШЕВСКИ
Кон изданието на книгата
“ЛОГИКА-општа теорија на рационалноста”
од д-р Виолета Панзова
Книгата Логика-општа теорија на рационалноста од д-р Виолета Панзова-професор на Филозофскиот факултет во Скопје, според својата форма и начинот на обработка на содржини претставува универзитетски учебник, а по своето квалитативно ниво е студија посветена на основните тематски области на класичната и современата логика.
Учебникот-студија Логика-општа теорија на рационалноста изложен е на 313 страници. Книгата ја сочинуваат: Вовед; Десет глави означени со наслови; Библографија (вкупно 88 единици, главно, книги и зборници) на следните јазици: македонски, англиски, српски, словенечки, хрватски, полски, руски, бугарски, германски и француски; Белешки (вкупно 97) кои покрај податоците за цитираната литература содржат и повеќе коментари за прашањата третирани во текстот; илустрации со пригодни фотографии на славните творци на логичката наука (Аристотел, Пирс, Лајбниц, Фреге, Витгенштајн, Расел) проследени со биографски и библиографски податоци за нивната дејност и со згуснати експозиции на нивните епохални идеи, Множество табели, шеми, формули, симболички записи, со кои се елаборираат и илустрираат прашањата што ги опфаќа како класичната така и современата логика.
Структурираноста на тематските подрачја на книгата детерминирана е од концептот на книгата што го застапува авторот. За Виолета Панзова замислата на логиката може да се изложи и да се оправда како општа теорија на рационалноста. Само со ваквиот концепт може да се разбере инволвирањето на подрачјата од сферите на теоријата на познанието, теоријата на значењето, епистемиологијата и методологијата, што се опфатени во засебни глави во книгата.
Концептот што го застапува и развива авторот Виолета Панзова, инспириран е од изворното Аристотелово поимање на логиката како теорија за облиците на заклучувањето (аналитичкото, дијалектичкото, реторичкото) како учење за познанието и неговите методи, конечно и како теорија на значењето. Повикувајќи се на најзначајните достигања на логичката традиција (класичната логика), авторот својот концепт го гради преку длабоките резови во современите текови на: теоријата на познанието, логичката семантика, методологијата, филозофијата на јазикот и филозофијата на науката. Токму овој комплексен зафат дава објаснение на додавката-"општа теорија на рационалноста#.
Во анализата на содржините вниманието ќе го задржиме врз следните аспекти.
- Авторот на учебникот по логика најнапред се справува со основните проблеми: дефиницијата на предметот на логиката. Потоа ги разграничува потесното значење на овој поим-што ја подразбира дедуктивната или формалната логика и поширокото кое логиката ја разбира како општа теорија на рационалноста па ги истражува: поимите, принципите и законите што ги користат сите науки во откривањето, засновувањето и систематизирањето на знаењата на своите подрачја. Токму во оваа најширока смисла, логиката ги опфаќа: теоријата на познанието, формалната логика и методологијата.
- Прашањата на познанието се опфатени во класичната синапса за изворите, можноста на познанието на светот и утврдувањето на вистината. Констатирајќи го круцијалното значење на поимот вистина за теоријата на познанието и логиката, својот теориски ангажман авторот го поентира во согледбата: "Нужен услов за постоењето на науката е верувањето дека постои објективна вистина и дека таа може да се сознае#.
- Современиот третман на логичката и гносеолошката проблематика, особено поделбата на корифејот на современата логика-Чарлс Сендерс Пирс, е незамислив без вклучувањето на истражувањата на јазичко-семантичката сфера. Во духот на овој третман авторот го разгледува познанието како комуникативен процес. Овде се изложени и основите на семантиката. Од многуте прашања посветени на логичката и семантичката проблематика, особено внимание заслужува одделот: "Вештачки симболички јазици#. Прегледно и јасно, а пред с¢, инструктивно, авторот ги изложи и ги протолкува елементите на вештачките јазици. Со оваа инструкција ќе им се овозможи на потенцијалните корисници примена на еден ваков јазик.
- Поглавјето посветено на: "Логиката како универзален јазик# е јадрото на професионалниот ангажман на проф. д-р Виолета Панзова. Оттука, неслучајно, токму овде се на показ сите доблести на овој учебник. Првенствено, неговиот автор успешно се справува со неодминливиот проблем: дозирањето на информациите што го сочинуваат ткивото на наставните содржини. Од изложувањето на Лајбницовата идеја за "карактеристика универзалис#, преку толкувањето на Буловата алгебра, па с¢ до излагањето на современата интерпретација на логиката на исказите и логиката на предикатите, авторот следи еден единствен принцип: јасно, прегледно, прецизно и илустративно излагање на најапстрактната логичка материја. Логичките форми, правилата и законитостите на нивното формирање и трансформирање, прикажани се со висока професионална умешност и нагледност. Како особена поента на ова поглавије го истакнуваме одделот: "Примена на логиката во електрониката#.
- Тематските содржини се опфатени во 5, 6, 7, 8 и во 9 глава посветени се на изложувањето на основите на општата научна методологија се на изложувањето на основните на општата научна методологија. Кога се знае дека логиката својата вистинска моќ ја демонстрира во сферата на научното познание, тогаш е разбирливо што и авторот половината од својот труд ја посветил на елаборацијата на методите на научното познание. Тоа е сферата на апликацијата на логиката, т.е. примената на нејзините правила, принципи и закони во определени подрачја на човечките знаења. Секое излагање на основите на научниот метод подразбира најнапред да се определи самиот поим на науката. Виолета Панзова грижливо и студиозно ја решава оваа задача во одделот: "Наука или страст за знаење#. Овде таа прави извонреден вовед во најзначајните истражувања на науката, прикажувајќи ги најзначајните искажувања за науката од Бекон и Мотењ до Коен и Пејгел. Покрај впечатливите излагања за предметот на науката, за методот и методологијата, овде посебно го истакнуваме значењето на одделот: "Општа постапка на научното истражување#.
- Поимите и исказите се елементи на научното познание. Затоа, методите за образување и објаснување на поими и методите за образување и докажување на исказите го наоѓаат своето место во 6 и 7 глава на овој учебник.
- Индукцијата и дедукцијата се два основни облика на логичката постапка на заклучувањето. Нивната систематска примена и разработка на научното познание ги прави и два основна метода за образување и докажување на исказите. Иако во стриктната смисла тие се токму методи за образување и докажување на исказите, авторот ги издделува во засебни поглавја и ги прикажува како посебни методи. Со тоа Панзова не ја подвлекува само особеноста на овие методи, туку забележува и еден значаен аспект на трудот што има претензии да биде учебник. Овој чекор има свое повеќекратно образовно, педагошко и психолошко оправдание.
- Конечно, во десеттото поглавје целиот труд бидува прозрачен со една значајна поента. Имено, овде се третира: "Проблемот на вредносните судови#. Тоа ги раширува видиците на читателот од сферите на научното познание кон познанието на историјата, етиката и естетиката.
Книгата Логика-општа теорија на рационалноста од проф. д-р Виолета Панзова ги поседува сите потребни квалитети што го одликуваат универзитетскиот учебник. Книгата својата основна намена ќе ја оствари како учебник по логика (општ курс) за студентите од повеќе Институти на Филозофскиот факултет, за сите Педагошки факултети, а може да биде и учебно помагало за курсевите по општа методологија, симболичка логика и теорија на спознанието. Оваа книга може да им биде од драгоцена помош како инструктивно средство, на сите наставници што го изведуваат предметот Логика во средните училишта.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE