JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 3856
Владимир ТРАЈКОВСКИ
ОДРЖАНИ ПРВИТЕ “СТУДЕНТСКИ ДЕФЕКТОЛОШКИ ДЕНОВИ”
На 22.05.1999 година во пресрет на златниот јубилеј 50 години од постоењето на универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, во свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје беа одржани првите студентски дефектолошки денови. Манифестацијата требаше да биде со меѓународно учество, но заради војната во СРЈ, многу од поканетите студенти од другите земји го откажаа своето учество од безбедносни причини.
Студентските дефектолошки денови ги поздрави продеканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Благородна Лакинска, а свечено ги отвори раководителот на Институтот за дефектологија проф. д-р Љупчо Ајдински.
На манифестацијата зедоа учество 22 студенти од Институтот за дефектологија и тројца дипломирани дефектолози во тековната учебна година. Се работеше во две сесии со теми што ги опфаќаа сите потесни подрачја на дефектологијата. Со првата сесија раководеше комисија во состав: проф. д-р Анастас Лакоски, доц. д-р мед. Драгослав Копачев, доц.
д-р Горан Ајдински, асс. д-р мед. Владимир Трајковски, каде што беа обработени теми од дефектолошката дијагностика и медицинските аспекти на определени хендикепи. Втората комисија во состав: проф. д-р Љупчо Ајдински, доц. д-р Ристо Петров, д-р Горица Левенска, помл. асс. Даниела Димитрова-Радојичиќ, имаше можност да ги слушне студентите што ги обработија темите во врска со едукацијата и професионалната ориентација на лицата со пречки во развојот. Првите “Студентски дефектолошки денови” во целост ги оправдаа очекувањата на организаторите и стручниот колегиум на Институтот за дефектологија, што едногласно ја оценија манифестацијата како одлично замислена и спроведена на дело. Со цел за запознавање на пошироката стручна дефектолошка јавност со содржините на студентскиот семинар, во овој број на списанието ќе бидат објавени резимеата на трудовите што беа навремено доставени до организаторот.
Организациониот одбор искрено се надева дека манифестацијата ќе биде традиционална и со меѓународно учество и дека во Охрид 2000 година ќе бидеме среќни ако ни се даде можност повторно да сме организатори и домаќини на студентите и колегите од повеќето европски земји.
Со цел да дадеме приближна слика за разновидноста, актуелноста и бројноста на трудовите презентирани од студентите на Филозофскиот факултет-Институт за дефектологија-Скопје во прилог ќе дадеме определен број резимеа за нив.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE