JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6431
Лидија ДУБРОВСКА-МИЛЕТИЌ, Г. МЛАДЕНОВСКА, Марина ДАВЧЕВА-ЧАКАР
ЕХОСИНУСОСКОПИЈАТА КАКО НЕИНВАЗИВНА
ДИЈАГНОСТИЧКА МЕТОДА
Вовед
Класичната радиографија до денес сe уште е најчеста метода за прикажување на заболените параназални синуси. Радиографското испитување со стандардните проекции е проценувано како важна дијагностичка метода, но од друга страна е критикувана поради штетното озрачување. Ова посебно се однесува при употребата на оваа метода во детската возраст. (Sofner и Rossi 1973)
Можноста за примената на ултразвукот во дијагностиката на синусните заболувања за првпат се спомнувани од Jadal во 1947., но како рутинска метода во дијагностиката е воведена во 1975 од Mann.
Се работи за понова метода во дијагностиката на параназалните синуси која во нашата клиника се користи од 1986 година. Ултрасонографската опрема овозможува употреба на ултразвук со мала јачина што не покажува штетни ефекти врз човечкиот организам. Звучниот приемник на ултрасонографот, електричните импулси ги претвора во механички треперења што се засилуваат и прикажуваат на осцилоскопот.
Наша студија
Испитувањето е направено со ехосинусоскоп од фирмата АТМОС со графичко прикажување на осцилоскопот. Пациентот е во седната положба. Апаратот е поставен покрај главата на пациентот за да може да се набљудува екранот на осцилоскопот за време на испитувањето.
Во основа, ултрасонографијата е сигурна метода во дијагностиката на заболените максиларни синуси, фронталните синуси и етмоидалните ќелии. Сфеноидалниот синус не може да се анализира ако предните етмоидални ќелии содржат воздух, што доведува до целосна рефлексија на брановите.
Сонографското испитување треба да ни ги даде следните диференцијални информации:
- синус со нормална содржина на воздух;
- синус со ретенција на секрет;
- едематозна мукоза на синуси со резидуален воздух;
- едематозна мукоза со течна ретенција;
- цисти;
- полипозно дегенерирана мукоза на синусот;
- туморозна формација во синусот;
- постоперативни состојби на синусот.
Клиничко искуство
Во период од 4 години се направени 174 синусоскопски прегледи и тоа 137 деца и 37 возрасни.
Индикации за синусоскопија
- назална опструкција;
- позитивен риноскопски наод;
- чести отити, тубарен катар, проводна редукција на слухот;
- цефалеа;
- траума;
- чести бронхити и бронхопневмонии;
- постоперативни контроли.
Синоскопски резултати
Од вкупно 137 деца кај кои е направена синусоскопијата се добиени следниве резултати: кај 32 случаи-нормален наод, 67 со едематозна мукоза и присуство на секрет (уни или билатерално), кај 36 назначен едем без присуство на секрет и кај две деца дијагностицирани се цистични формации во максиларниот синус.
Кај возрасни: 7 пациенти со нормален наод, 17 со едематозна мукоза и присуство на секрет, кај 4-цистични формации во максиларните синуси, 6 со полипоза во синусите и 3 со позитивен постоперативен контролен наод.
Кај сите овие пациенти пред синусоскопскиот преглед, е направен и рутински ОРЛ преглед. Кај 42 пациенти е направена споредбена графија на синусите по Hirtz, што покажуваат дека во 78% случаи е потврдена синусоскопската дијагноза.
Дискусија
Предноста на ултрасонографијата во дијагностиката на параназалните синуси се состои во тоа што:
- пациентот и испитувачот не се изложени на штетно зрачење;
- добиваме сигурни информации за кратко време;
- особено е индицирана кај мали деца и бремени жени;
- контролни прегледи на постоперативни состојби каде што РТГ графијата затајува;
- случаи на проводна редукција на слухот кои дури и во најлесен степен во раниот детски период влијаат врз нормалниот развој на говорот и јазикот.
ЛИТЕРАТУРА
- Renovate M., Suonpaa J.,: Diagnosis of subacute maxillar sinusitis in children. The Journal of Laringology and Otology, 1981
- Axelsson A., Grebelius N., Chidikel N., Jensen C.,: The correlation between radiological examination and the irrigation in maxillar sinusitis, Acta Otolarigl. (Stockh.) 1970
- Revonta M.,: Ultrasound in diagnosis of maxillar and frontal sinusitis. Acta Otolarigl. (Stockh.) 1980
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE