JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 7972
Живко СОКОЛОСКИ, Светлана КАЛЈАЧА, Александра ЃУРИЌ
ВЛИЈАНИЕТО НА СОЦИЈАЛНИТЕ ФАКТОРИ ВРЗ ПРОЦЕСОТ НА СПОЗНАНИЕТО НА УМЕРЕНО МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИТЕ ДЕЦА И МЛАДИНА
Процесот на спознанието е единствената психо-социјална појава, заснована врз сетилното искуство од кое произлегува сетилното спознание; со логичкото спознание што се постига со мислењето, и со научното спознание со помош на научните истражувања.
Кога говориме за спознанието на ментално ретардираните деца и младина, а особено на умерено МР, ние првенствено мислиме на сетилното спознание.
Успешното обучување на умерено ментално ретардираните деца и младина, пред с#, претпоставува пошироко и поцелосно познавање на нивните психофизички можности и способности. Современо конципираната, научно заснована и адекватно организирана воспитно-образовна работа со овие дека и младина ги остварува целите и задачите што произлегуваат од резултатите на егзактните истражувања на можностите на овие деца и младина и општествените потреби и услови за нивното вклучување во животот и работата на заедницата.
Ние знаеме дека интелектуалниот развој на умерено ментално ретардираните деца е прилично ограничен, како што се ограничени и нивните капацитети за водење на целосно независна егзистенција. Ние, сепак, не знаеме каков би можел да биде полниот опсег на интелектуалните или на социјалните потенцијали во животниот тек на овие лица, кога континуираното воспитание и образование би станало нивно право, како што е тоа за другите деца и младина. Треба да се истакне дека постојат големи можности за континуиран емоционален и социјален развој на умерено ментално ретардираните лица, од раното детинство и натаму преку позрела возраст, би им се овозможиле можности за учење. Ширењето на дефектолошкиот третман (предучилишен основноучилишен и професионален) во иднина, веројатно на овие лица ќе им даде можност за подобра социјална интеграција.
Социјализацијата е третман, кој често во психијатриската и во педагошко-психолошката литература, означува сложен процес на изградба на личноста на детето. Под тој процес се подразбира прогресивно намалување на нагонските и на другите егоистички тенденции, нивно социјално облагородување како и развивање на способностите на детето за прилагодување во општеството. Процесот на социјализацијата на тој начин претставува процес на двократно влијание врз развојот на детето: од една страна како процес на сублимирање, односно ублажување на с# она што се означува со биолошко име, а од друга страна како процес на наградување на “социјалните органи” што се потребни за детското правилно вклопување во општествената заедница.
Социјализацијата претставува учење. Процесот на социјализацијата почнува мошне рано, веќе во времето кога детето преминува во фазата на разликување на мајката од себе и од објективната стварност и кога се наоѓа во состојба да се издвојува од таа стварност. Тое е стадиум на таканаречениот симпатиско-магиски однос или партиципација.
Со социјализацијата на ментално ретардираните, а особено на умерено МР најмногу се занимавал англискиот научник Гунзберг. Познати се неговите истражувања кај нас.
Првите истражувања на полето на социјализацијата на умерено МР кај нас, беа извршени во Домот во Сремчица во 1973 и во 1976 година. Мостра беа 224 УМР во обата случаи, а беа испитани на 120 ајтеми. Резултатите се дадени според возраста и IQ, а врз основа на три критериуми: сосема задоволува, задоволува и не задоволува.
Овие резултати беа презентирани на VII научна сесија на дефектолозите во Москва во 1976 година во рефератот на тема “Современиот пристап на социјализација на умерено ментално ретардираните лица”.
Планот и програмата за воспитно-образовна работа со умерено ментално ретардирани деца и младина беше донесен во 1982 година (Просветни гласник Србије бр. 4/82).
Планот за воспитно-образовна работа содржи 10 подрачја:
- САМОПОСЛУЖУВАЊЕ,
- РАЗВОЈ НА ГОВОРОТ И НА ЈАЗИКОТ,
- РАЗВОЈ НА ПСИХОМОТОРИКАТА,
- ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ПРИРОДНАТА И НА ОПШТЕСТВЕНАТА СРЕДИНА,
- ФИЗИЧКО,
- РАБОТНО,
- ЛИКОВНО И МУЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ,
- СОЦИЈАЛЕН РАЗВОЈ,
- ЛОГОПЕДСКА РАБОТА.
Воспитно-образовната работа со умерено ментално ретардираните деца и младина на основноучилишна возраст се спроведува во воспитните заводи и домови, како и во посебни групи во ПОС. Третманот на овие деца и младина се спроведува на возраст од 7 до 15 години, осносно до 19 години, што зависи од нивните психофизички способности, како и од доаѓањето во дом-училишта. Воспитно образовните подрачја се поделени на нивоа. Секое ниво трае две години. Часот трае 30 минути.
По донесувањето на Новиот план и програма за воспитно-образовна работа и неговата примена од почетокот на училишната 1982/83 година беа извршени бројни истражувања преку дипломските трудови, магистерските и докторските тези за можностите на умерено ментално ретардираните деца во совладувањето на програмските содржини од воспитно образовните подрачја на Наставниот план.
Од 1984 до 1998 година беа вршени многу истражувања на тема: Можностите на умерено МР во совладувањето на програмските содржини од воспитно-образовните подрачја. Ќе го презентираме компаративниот приказ на резултатите на умерено ментално ретардираните од истражувањата од 1984 и 1994 година во Сремчица и Ветерник.
На полето на социјализацијата на умерено МР во претходниот период (1984-1998) имаше најмногу истражувања. Ќе презентираме две истражувања од 1984 (проф. д-р Ж. Соколовски) и од 1996 (Сања Стаменовиќ, студент).
Според Ж. Соколовски позитивни постигања имаше 54%, а според Сања Стаменовиќ 60,6%. Интересно е да се даде разликата на неуспешност во некои ајтеми кои во својот дипломски труд ги даде С. Стаменовиќ кои можат да се видат од следниот преглед:
Овој табеларен приказ јасно покажува дека едукацијата е подобрена за овие 12 години. Тоа е резултат на постудиозна и постручна работа во умерено МР, благодарејќи на новите научни достигања, како и на стручно пообучениот кадар од оваа област.
Резултати на истражувањето од 1998 година
За нашата тема: “влијанието на социјалните фактори врз развојот на спознанието на умерено ментално ретардираните деца и младина” Ние извршивме истражување во Домот во Сремчица. Беа истражувани 45 ајтеми. Со истражувањето ја опфативме целата програма на социјалниот развој и тоа: по 10 ајтеми од I, II и III ниво и 15 ајтеми од IV ниво. Покрај резултатите од опшите постигања, ги дадовме резултатите по пол, на календарска возраст (16-18 и 19-20 год.), по престој во Домот (до 5 и над 5 год.).
За оценување на резултатите имавме три категории: задоволува, делумно задоволува и не задоволува.
РЕЗУЛТАТИ НА ОПШТИТЕ ПОСТИГАЊА
Интересно е да споредат позитивните достигања во истражувањето на социјалниот развој кај умерено МР во 1984 (54%) и во 1998 (54.8%). Врз основа на овие резултати можеме да заклучиме дека за 14 години немало напредок. Меѓутоа, мораме поинаку да ги набљудуваме овие резултати, зашто ако го додадеме резултатот “делумно задоволува” од 31,4%, тогаш позитивното достигање било 86,2%. Ние мораме да ги набљудуваме и вкупните постигања во сите воспитно-образовни подрачја (во 1984 година имаше 55,5%, а во 1997 година 73,5%), зашто од 1984 до 1997 година имаме подобри резултати за 18%. Ова не наведува на размислување дека сознанијата од програмата за социјализација влијаат врз спознанијата во другите воспитно-образовни подрачја. На ваквите размислувања, односно посредни заклучувања не наведуваат резултатите по нивоа. Така на I ниво имаме 77,8% позитивни достигања, на II ниво 47,8%, на III ниво 70,8% и на IV ниво 33,5%. Основните програмски содржини на социјалниот развој на I и II ниво најмногу се во корелација со програмските содржини на другите воспитно-образовни подрачја.
Од ова истражување треба да се истакне дека машкиот дел на популацијата е подобар од женскиот 57,1%:52,5% позитивни постигања.
Значителна разлика се појавува по календарската возраст во корист на оние што имаат 19 и 20 години според оние кои имаат 16-18 години 64%:44,8%. Постарите се подобри за 20%.
Што се однесува на престојот во домот до 5 и над 5 години резултатите се речиси идентични 57,1%:52,8%. Разликата е минимална (4,7%) во корист на оние што престојуваат во домот до 5 години. Ова сосема не е логично, зашто би требало да биде обратно, а не е во сообразност ниту со резултатите по календарска возраст.
Заклучок
Со ова истражување добивме значителни резултати за можностите на умерено ментално ретардираните деца и младина во совладувањето на програмските содржини од социјализацијата. Резултатите покажуваат дека постои голема разлика помеѓу I и II во однос на III и II ниво. Се однесува на големи разлики во програмските содржини, но и во реализацијата на програмата. Не се посветува адекватно внимание на реализацијата на програмските содржини за запознавање на пошироката околина, а особено е запоставено поглавјето СОЦИЈАЛНА ИНИЦИЈАТИВА.
Резиме
Предмет на истражувањето се умерено ментално ретардираните деца и младина и нивните можности за совладувањето на програмските содржини со воспитно-образовното подрачје на СОЦИЈАЛНИОТ РАЗВОЈ.
Истражувањето беше изведено според мострата од 50 умрено ментално ретардираните испитаници во Домот за деца и младина со пречки во менталниот развој во Сремчица.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека околу 55% се позитивни достигања. Истражувањето ни укажа дека спознанијата од потесната околина (дом семејство) се далеку подобри до спознанијата на пошироката околина. Со ова дојдовме до заклучок дека не & се посветува адекватно внимание на реализацијата на програмските содржини кон запознавање на пошироката околина, особено слабо се обработува поглавјето СОЦИЈАЛНА ИНИЦИЈАТИВА на IV ниво.
Знаеме дека постојат две основни цели во рехабилитацијата на умерено ментално ретардираните: социјализација и работно оспособување. Ако не оствариме една од овие цели (социјализација) не сме ја оствариле рехабилитацијата.
Резултатите од истражувањето сепак ни покажуваат дека социјализацијата битно влијае врз сознајниот развој на умерено ментално ретардираните.
Клучни зборови: умерено метнална ретардација, социјализација, спознание, развој.
Л И Т Е Р А Т У Р А
- Ајдински, Љ. Интегрална рехабилитација ментално ретардираних лица Јкдс Београд, 1982.
- Виготски, Л. Основи дефектологије, Завод за уÚбенике и наставна средстава, Београд, 1987.
- Гунсберг,Х. Процјена способности код умерено и тезе ретардиране дјеце, Загреб,1973.
- Јакулиќ, С. Медицинске основе менталне ретардације, Завод за уÚбенике и наставна средстава, Београд, 1993.
- Група аутора-Прирачник за рад са умерено, теже и тешко МЗЛ, Институт за социјалну политику, Београд, 1998.
- Радуловиќ, К. Психологија и психопатологија ментално ретардираних, Научна књига Београд, 1998.
- Соколовски, Ж. Евалуација плана и програма васпитно-образовног рада са умерено и теже МРЛ у заводима и домовима СФРЈ, Докторска дисертација, Београд, 1985.
- Соколовски, Ж. Савремени приступ социјализацији умерено МРЛ, Реферат на VII научној сесији дефектолога у Москви 1997.
- Соколовски, Ж. Предшколско васпитавање МРД, Савез друштава за помо} МНР Београд, 1997
- Соколовски, Ж. Третман умерено ментално ретардираних лица, Савез друштава за помо} МНРО, Београд, 1997.
- Tredgold,A.F.A. Textbook of mental Defecienci, Baltimor Wood, 1973.
- Teaching the Moderatelu and Severly Nandicapped, Univesity, Park, Pres Baltimor, London, Tokyo, 1987
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE