JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 12134
Добринка ГЕОРГИЕВА, Анета ПЕТКОВСКА, Елени ЗЈУТЗЈУЛИ
СОВРЕМЕНИ СОСТОЈБИ И ТЕНДЕНЦИИ НА СПЕЦИЈАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО БУГАРИЈА, МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА
(СПОРЕДБЕНО ПРОУЧУВАЊЕ)
Целта на овој труд е да ги прикаже накратко системите за специјалното образование (special education) во три Балкански држави-Бугарија, Македонија и Грција и да ги посочи основните проблеми и тенденции за неговиот развој.
Анализата и опишувањето се направени согласно со барањата посочени во "Review of the Pressent situation in Speial Needs Education" издадена од УНЕСЦО во периодот од 1988 до 1995 година.
Критериумите за споредбената анализа се:
- Специјална образовна политика (СОП)
- Законодавство
- Администрација и организација
- Специјално образовно осигурување (СОО)
- Подготвување на учители
- Идни проучувања
I. |
БУГАРИЈА |
1. |
СПЕЦИЈАЛНА ОБРАЗОВНА ПОЛИТИКА (СОП) |
|
ЦЕЛ: Да се осигури соодветна едукација и професионална подготовка на децата и младите што имаат специјални потреби во школувањето (Special Educational needs). |
2. |
ЗАКОНОДАВСТВОТО е тоа што дава можност за образование на децата со специјални потреби во школувањето. |
|
Лицата со умерена и длабока ментална ретардација се исклучени од општествениот образовен систем. Сите нивоа на образование на лица со специјални потреби во школувањето се опфатени од законодавството. |
- Емоционални нарушувања во поведението (emotional and behavioral defficilties)
- Умствена заостанатост (Mental retardation)
- Физички (моторни нарушувања) (physical) (motor disabilities)
- Нарушување на видот (visual impairment)
- Нарушување на слухот (hearing and language)
- Говорни и јазични нарушувања (speech and language disorders)
Министерството за образование е одговорно за специјалното образование, но одговорности имаат и Министерството за здравство и Министерството за социјални грижи.
3. АДМИНИСТРАЦИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈА
Специјалното образование се раководи од одделот по специјална педагогија (special education) Кон Министерството за обвразование.
Административни решенија се земаат на национално ниво.
Нема закон што ги регламентира дејностите на добротворните организации.
4. СПЕЦИЈАЛНО ОБРАЗОВНО ОСИГУРУВАЊЕ (СОО)
УЧИЛИШТА-Учениците со специјални потреби во школувањето се регистрираат за официјални цели во групата на лица со повреди.
Недостасува политика што ќе ја стимулира интеграцијата.
Делумно се интегрирани ученици што имаат нарушувања на видот и нарушување на слухот.
Постојат определени врски помеѓу и специјалните училишта и општообразовните училишта.
Според податоци од 1993 година во Р. Бугарија се регистрирани 11.495 ученици што се школуваат во специјални училишта (1,3% од училишната популација).
СПЕЦИЈАЛНИ УЧИЛИШТА ВО БУГАРИЈА СЕ:
- Помошно училиште за ментално заостанати деца
- Училиште за слепи деца и деца кои слабо гледаат
- Училиште за глуви деца и деца кои тешко слушаат
- Логопедско училиште
- Училиште за ментална ретардација со нарушен слух
Постојат и центри за рехабилитација за слух и говор
СПЕЦИЈАЛНИ ПРЕДУЧИЛИШНИ УСТАНОВИ СЕ:
- Помошна детска градинка за ментално ретардирани
- Детска градинка за слепи и деца кои слабо гледаат
- Детска градинка за глуви и деца кои тешко слушаат
- Логопедска детска градинка
5. РОДИТЕЛИ
Тие можат да учествуваат во процесот на дијагностицирањето на нивните деца и го имаат правото да изберат помеѓу специјално и општообразовно училиште.
6. ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧИТЕЛИ
Подготвувањето на специјални педагози (Дипломирани дефектолозии постидпломски студии) се овозможува во два основни универзитети:
СЈ “Кл. Охридски”-Софија и ЈУЗУ “Н. Рилски”-Благоевград
7. ФИНАНСИРАЊЕ
Специјалното образование се финансира од владата, но постои и дополнително финансирање од добротворни организации.
Расходите за специјалното образование се 3% од општите расходи на образованието (1992 година).
8. ИДНИ ПРОУЧУВАЊА
Економските и финансиските тешкотии рефлектираат и врз школувањето на лицата со проблеми во школувањето. Моменталните проучувања ја засегаат основно дијагностиката, школувањето на тие лица, изготвување на специјални програми за школување и интеграција.
Во последно време се забележува и интересот кон професионалниот опит на други држави како Англија, Шведска и др.
Современите состојби и тенденции на специјалното образование во Р. Бугарија се посочени од авторките М. Чолакова и Д. Георгиева според кои:
- Интегрираното школување е подобра алтернатива за лицата со потреби во школувањето, особено за деца што имаат лесен степен на ментална ретардација. Тука би требало да се одбележи и значењето на Универзитетите и Министерството за образование што се одговорни за подготвување на специјални педагози (дефектолози).
Медиумите исто така треба да заземат важно место.
- Засилување на разбирањето за правата на лицата со пецијални пореби во школувањето во светлината на Декларацијата на светската здавствена организација (1971 година).
Извештајот од Саламанка (1994) за образование на лицата со проблеми во развојот, како и за меѓународни иницијативи како ,,Образование за сите (edication for All). Во таа смисла, дејностите по програмите PHARE и TEMPUS практиките во областа на специјалната педагогија (дефектологија) се одлично средство за популаризирање и вгнездување на тие иницијативи.
- Задоволување на ресурсните потреби за интегрирано школување е од витално значење, затоа што Р. Бугарија е во неповолна позиција поради социјално-економската ситуација. Тука е многу важна улогата на владата за финансиското осигурување.
Од друга страна пак, традиционалните педагошки приоди треба да бидат сериозно ревизирани во рамките на преосмислувањето на приоритетите и движењето од академски познавања кон практична компетентност.
- Се оценува како важна улога на законодавството и Министерството за образование за создавање на адекватна национална концептуална рамка за интегрирано школување.
Училишната реформа во границите на "Inclusion" не може да стартува во рамките на институционализацијата и сегрегацијата кои с# уште постојат во Р. Бугарија.
II. |
МАКЕДОНИЈА |
1. |
НАЦИОНАЛНА ОБРАЗОВНА ПОЛИТИКА - Државата гарантира соодветно образование за сите деца и млади што имаат специфични потреби во школувањето. |
2. |
ЗАКОНОДАВСТВО-Општите правила за сите лица важат и за лицата со специфични потреби во школувањето. Законодавството ги опфаќа сите нивоа на образование на лицата со спесцифични потреби во школувањето. |
Специјалното образование ги вклучува лицата со специфични потреби во школувањето:
- Лица со оштетен вид (слепи и слабовидни);
- Лица со оштетен слух (глуви и наглуви);
- Лица со оштетен говор и говорна комуникација;
- Лица со пречки во психичкиот развој;
- Телесно инвалидните лица; и
- Лица со комбинирани пречки во развојот.
Македонија ја прифати Декларацијата на ООН за “Правата на детото”; Извештајот на УНЕСКО за образование на децата со специфични потреби (Саламанка 1994); Стандардните правила на ООН за еднакви можности при Европскиот комитет за основни начела и кохерентност во рехабилитацијата на лицата со специфични потреби (1992 Љ. Ајдински, 1997). Врз основа на овие и други меѓународни документи, како и врз основа на Уставот на Р. Македонија, правата од областа на здравствената и социјалната заштита, образованието, детската заштита, инвалидско-пензиското осигурување и др. се вградени во соодветните законодавства во Републиката, но се чуствува потреба од дополнување на тоа законодавство за одделни права за овие лица што не се доволно опфатени до денес.
Современиот систем е изграден врз концепциите за единство од воспитување, образование и корекција, во кои програмирано и синхронизирано се извршува социјално-педагошка, медицинска и психолошка рехабилитација (О. Крстева, 1996).
Министерството за образование е одговорно за школување на лицата со специфични потреби во Р. Македонија.
3. АДМИНИСТРАЦИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈА
Општите рамки на специјалното образование се вградени во општиот систем на образованието во Републиката.
4. СПЕЦИЈАЛНО ОБРАЗОВНО ОСИГУРУВАЊЕ
Современиот систем на специјалното образование вклучува: Предучилишно воспитание, Основно образование, Средно образование, Професионално и работно оспособување, домови за социјална заштита и дневно центри.
За секој од степените постојат наставни планови и програми.
4.1. ПРЕДУЧИЛИШНО ВОСПИТАНИЕ
Предучилишно воспитание и образование организирано во посебни детски установи за деца со оштетен слух, говор и глас, како за деца со умерено и тешки пречки во психичкиот развој во Скопје и Битола. Последните години се повеќе се настојува децата со специфични потреби од предучилишна возраст да се вклучуваат во редовните детски градинки.
4.2. СПЕЦИЈАЛНО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Специјалното основно образование во Р. Македонија е организирано за сите видови ученици со специфични потреби и тоа во:
- четири основни училишта за ученици со лесни пречки во психичкиот развој, во кои с# повеќе има и со умерени пречки во развојот.
- едно основно училиште за елементарно основно образование за деца со умерени пречки во психичкиот развој во кое с# повеќе има и со тешки пречки во развојот;
- едно основно училиште за слепи и слабовидни ученици;
- едно основно училиште за глуви на наглуви ученици;
- едно основно училиште за тешко телесни инвалидни ученици;
- две средни училишта за ученици со лесни пречки во психичкиот развој;
- едно средно училиште за слепи и слабовидни ученици;
- едно следно училиште за глуви и наглуви ученици; и
- 80 специјални одделенија за ученици при редовно основно училиште; и
- два дневни центри за младинци со умерени, тешки комбинирани пречки во развојот.
Во сите овие училишта опфатени со образование и воспитание околу 1700 ученика.
- Ученици со пречки во видот;
- Ученици со пречки во слухот;
- Ученици со пречки во говорот;
- Ученици со пречки во психичкиот развој;
- Телесни инвалидни ученици;
- Ученици со комбинирани пречки во развојот.
4.3. РОДИТЕЛИ
Дијагнозата на децата со специфични потреби во школувањето се дава само во согласност со родителите на децата. Постои тесна соработка меѓу специјалното училиште, дефектолозите и родителите (средби, советувања, консултации, вклучување на родителите во воспитно-образовниот процес и сл.). Исто така организирана е и стручна помош во семејствата како со децата така и со родителите од страна на соодветни стручњаци.
4.4. ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧИТЕЛИ (ДЕФЕКТОЛОЗИ)
Подготвувањето на учители (дефектолози) до пред шест години се вршеше надвор од Р. Македонија во Белград и Загреб. Од учебната 1993/94 година се врши во новоотворениот Институт (катедра) за дефектологија при Филозофскиот факултет на Скопскиот универзитет “Св Кирил и Методиј”.
Студиите траат четири години и се добива диплома за општ дефектолог.
4.5. ФИНАНСИРАЊЕ
Специјалното образование се финансира од владата на Р. Македонија.
4.6. ИДНИ ПРОУЧУВАЊА
Идните проучувања се однесуваат на:
- Комплетирање и доизградување на концепцијата за образовно-воспитно и корекционо-компензаторска работа;
- Разработување на прашањата сврзани со раната интервенција на децата со специфични потреби, по пат на започнатиот процес со македонско-холандскиот проект за рана интервенција на децата со оштетен вид;
- Унапредување на интерграционите процеси на учениците со специфични потреби. Во тек е изведувањето на двогодишен проект за интеграција на учениците со специфични потреби во пет основни училишта со помош на УНИЦЕФ.
Тенденциите за развој на специјалното образование се надградуваат над започнатите развојни процеси во раниот третман и предучилишното воспитание зацртани низ донесените соодветни мерки:
- во областа на здравствената заштита;
- во областа на детската заштита; и
- во областа на правно-нормативното уредување.
III ГРЦИЈА
1. СОЦИЈАЛНО ОБРАЗОВНА ПОЛИТИКА
Крајна цел е да се осигури едно училиште за сите деца, со различни програми според потребите што ги имаат и според способностите на учениците.
2. ЗАКОНОДАВСТВО
Правилата на општото образование се правила и за децата со специјални потреби во школувањето.
Според законот на република Грција не се исклучува од образовниот систем ниту едно дете.
Основниот закон за организација на специјалното образование се прифаќа во 1981 год. и засегнува основното образование. Новиот проект на законот (1966) беше прифатен од парламентот во 1985 година.
Се дефинираат седум категории лица со специјални педагошки потреби:
- Емоционални нарушувања на поведението
- Менталана ретардација
- Физички (моторни нарушувања)
- Нарушувања на видот
- Нарушувања на слухот
- Јазични нарушувања
- Проблем во школувањето
Специјалното образование е под одговорност на Министерството за образование. Се очекува создавање и законодавно уредување во однос на учебните планови и програми во специјалното образование. Постои и намера да се отворат катедри по специјално образование во педагошкиот институт во Солун.
3. АДМИНИСТРАЦИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈА
Специјалното образование се раководи од општообразовениот систем. Помош се добива и од ДИРЕКТОРАТОТ по специјално образование при Министерството за образование. Министерството има сопствен тим од 16 советници. Административни решенија се земаат на национално ниво. Координирана одговорност на национално ниво се носи од ДИРЕКТОРАТОТ по специјално образование и педагошкиот институт во Министерството за образование.
4. СПЕЦИЈАЛНО ОБРАЗОВНО ОСИГУРУВАЊЕ
1. Емоционални нарушувања (нарушувања во поведението)
2. Ментална ретардација
3. Физички (моторни)
4. Нарушувања на видот
5. Нарушувања на слухот
6. Јазични нарушувања
7. Проблеми во школувањето
Основна цел на Грчката образовна политика е инерцијата на децата со специјални педагошки потреби. Во поткрепа на таа цел во рамките на масовните училишта основни форми на работа се: Индивидуален приод и Специјални класови. Постои широка врска помеѓу специјалните училишта и масовните училишта као во поглед на размена на учители и ученици, така и во поглед на други дејности. Бројот на деца и млади со аномалии е 180.
Околу 0,2% од популацијата на училишна возраст посетуваат специјални училишта, а повеќе од 0,9% посетуваат масовни училишта (1992).
Службите во специјалното образование се осигураат од државниот ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ (95%) А 5% ОД ДРУГИ ВЛАДИНИ ОДДЕЛИ.
4.1 ПРЕДУЧИЛИШНО ОСИГУРУВАЊЕ
Многу малку или никакво предучилишно осигурување.
4.2 РОДИТЕЛИ
Родителите соработуваат со училиштата и имаат краен збор кога се решава прашањето за специјално училиште или програма за нивните деца.
4.3 ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧИТЕЛИ
Во Р. Грција подготвувањето на специјални учители (дефектолози) се осигурува во вишата школа во Патра каде што се учи две години. За да се добие диплома за специјален учител, учителот треба да положи писмен испит и да има најмалку стаж од пет години.
4.4 ФИНАНСИИ
Скоро целото финансирање за специјално образование е од владата. Само околу 2% е од добротворни организации.
4.5 ИДНИ ПРОУЧУВАЊА
Идните проучувања засегаат:
- Радикално преразгледување на современото законодавство во однос на специјалното образование.
- Воведување на нови модели во практиката на специјалното образование.
- Усовршување на специјализацијата на специјалните педагози што работат во основните и средните специјални училишта и класови, а исто така и зголемување на бројот на специјалисти како психолози, дефектолози, логопеди и др.
- Зголемување на бројот на училишни консултанти во областа на специјалното образование (Д. Стасинос), 1990.
Со новиот закон 1566 од 1985 година се определуваат тенденциите во развојот на специјалното образование:
- Создавање на нов тип специјални училишта во приватност за деца со физички нарушувања;
- Збогатување на специјалните установи со материјали и методики што им се потребни за работа;
- Распространување на новото законодавство врз специјалните одделенија во масовните училишта.
Заклучок
И во трите држави специјалното образование нема големи традиции се развива бавно. Тоа се се објаснува со нестабилната економска и политичка ситуација.
За Грција во периодот од дваесет години 1936-1940, 1967-1974 год., а за Бугарија и Македонија последните десет години.
Сe уште нема една државна политика во однос на интегрираното школување и во трите држави, иако Грција е членка на Европскиот сојуз. Треба да се одбележи дека во Македонија и Грција има недостиг на подготвени специјалисти за во Бугарија во последните пет години се забележува неконтролирано подготвување на специјални педагози.
И во трите држави има негативен однос на општеството кон аномалните лица со специфицирани потреби. Во последно време се забележува стремежот за механичко приложување на западни стандарди по однос на специјалното образование без да се земе предвид националните особини и традиции во образовниот систем во секоја од овие три држави.
ЛИТЕРАТУРА
- Љ. Ајдински-Основни претпоставки за организација на кохерентниот систем на рана интеграција и предучилишно воспитување на деца со пречки во развојот во услови на транзиција (состојби, проблеми, перспективи). Списание: Дефектолошка теорија и практика Март 1997год. стр. 14-16.
- О. Крстева-Специјално образование во Р. Македонија, Декември 1996 год.
- Споредбен предметен речник, дел 29. Предметна група-Образовни институции за со пречки во развојот 1984 година.
- Стасинос-Специјално школување во Грција, историски развој, современи состојби и перспективи. Списание: Дефектологија 1990/6
- Cholakova M,D. Geogieva. The Present Situation and the Future Development of Special Education in Bulgaria. 10 th World Congres of the IASSID, Helsinki 1994 Paraskevopoulas, I.N.The att itude of Greeks towards individuals with somatic, psychic and social defect. School Hygiene, 1971, vol 32, N.2, p. 29-70
- Statinos D.P-Individuals With special needs in Greece: The problem, the intermediate view and prerspectives for resolving it. Nea Paidca 1984, vol 34 P 87-96 Review of the Present Situation in Special Needs Education, UNESCO, 1995, p. 60-63, p. 116-119.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE