JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4764
Владимир ТРАЈКОВСКИ
Д-р Анастас Лакоски:
,,ПСИХОГЕНЕТИКА”
Прегледот на содржината на книгата ,,Психогенетика” води до констатацијата дека тоа е книга каква што недостасува во нашите книжарници и библиотеки, претставува и една од ретките книги од тој вид во целокупната светска литература.
Затоа уште на почетокот на овој приказ треба да се поздрави иницијативата на авторот д-р Анастас Лакоски, кој се обиде да ја надополни празнината со непостоењето на учебник на македонски јазик по предметот хумана генетика, што е во наставниот план на Институтот за дефектологија и Институтот за психологија. Во книгата се опфатени 50-60% од содржините предвидени со наставната програма по предметот хумана генетика.
Целта на овој труд се огледа во потребата да се приближи проблематиката и методологијата на генетиката, да се корелира со психологијата и психијатријата и да се потенцира нејзината апликативна вредност.
Книгата пред с# е наменета за студентите на институтите за психологија и дефектологија при Филозофскиот факултет, но може да им послужи и на студентите од институтите за педагогија, социологија, социјална работа и студентите од Медицинскиот факултет со цел да стекнат фундаментални познавања од оваа област.
,,Психогенетика” содржи 9 поглавја претставени на 237 страници А4 формат со над 400 библиографски единици дадени по секое поглавје со што се зголемува вредноста на оваа книга.
Во првото поглавје авторот два одговор на прашањето што е психогенетика?-научна дисциплина која непосредно се занимава со наследноста на компонентите на личноста, третирајќи ги еднакво нормалните својства и нивните варијации: психозите и менталните заболувања. Зборува за улогата на гените и воспитанието што играат соодветна улога во исполнувањето на начинот на однесувањето, објаснувајќи дека бихејвиоралната генетика и психогенетиката е потребно да се применуваат методи што ги респектираат обете влијанија: срединското и гентското. Интеракцијата меѓу срединскиот и генетскиот фактор најдобро е прикажана со примерот на болеста фенилкетонурија, каде што со користење на диета без аминокиселината фенилаланин (средински фактор) може да се избегне менталната ретардација како последица на мутиран ген за ензимот фенилаланин хидроксилаза (генетски фактор). Главниот интерес на овие две научни дисциплини е сознавањето зошто луѓето се разликуваат меѓу себе суштински. Генетиката примарно се занимава со изучувањето на варијациите на организмите и ја овозможува анализата на нееднаквоста на единките.
Во второто поглавје што е најобемно, авторот дава историски осврт на почетоците на класичната генетика како гранка на биологијата. Ги опишува: концептот на генот, генските мани, откривањето на двоверижната молекува на ДНК. Преку Менделовите закони ги прикажува основните постулати на наследувањето на својствата кај единките. Во ова поглавје се објаснети уште и: хемиската структура и биохемиските процеси на гените, хипотезата на ген-еден ензим, молекуларната биологија, половото размножување кај бактериите, кодирањето и декодирањето на молекуларно ниво, како и рекомбинантната ДНК, анатомијата на човековиот геном и напливот на третиот бран на генетичкиот инжинеринг. Примената на новогенетичките постапки во психогенетиката и заемниот однос со молекуларната генетика со мошне илустративно прикажани со неколку примери, цитирајќи многубројни автори.
,,Основни истражувачки постапки во бихејвиоралната генетика и во психогенетиката” е насловот на третото поглавје, што е започнато со симболите што се користат при изработка на родословите. Дадени се типични родослови на автосомно доминантно, автосомно рецисивно, полово врзано наследување. Во продолжение се поентирани и другите начини на трансмисија на заболувањата, како што се: полигенетското, спорадичното и митохондријалното наследување. По анализата на хередограмот следуваат другите истражувачки постапки во психогенетиката: семејно-фамилијарните студии, студиите на близнаци и адмоптивните студии.
Структурата и функцијата на хромозомите, клеточната делба (митоза, мејоза), хромозомското определување на полот, значењето на кросинговерот, техниките за анализа на хромозомите се содржина на четвртото поглавје. Тука се сместени и хромозомскиет абнормалности као што се: Дауновиот синдром, Тарнеровиот синдром, хипергоносомиите, фрагилниот Х синдром. Овие синдроми се обработени со бројни слики на пациенти и кариограмски прикази.
Во петтото поглавје д-р Анастас Лакоски ни ги претставува генетичките модели во психологијата и психијатријата, објаснувајќи го влијанието на срединскиот фактор и генотипот врз манифестацијата на фенотипот. Најпрецизните модели што се користат во генетиката се разработуваат со математичка терминологија, така што среќаваме многу формули и дијаграми во ова поглавје преку кои ни го доловува значењето на моделите: моногенетскиот, мултифакторијалниот, сегрегативната анализа, интеративното усогласување. Во генетичкото моделирање најчесто се манипулира со поимите: фреквенција на генотипот (генотипски вредности, гено-дози), адитивни гено ефекти, девијација след доминантноста, девијација след епистатичната интеракција, варијанса, коваријанса на роднините, генотип-средински фактор корелација и интеракција, генетска коваријанса меѓу роднините.
Во шестото поглавје имаме можност да прочитаме за гентските аспекти на психологијата на личноста. Квантитативната генетика ја чини основата на современата хумана бихејвиорална гентика и психогенетиката воопшто, базирајќи се врз 10 принципи што се мошне концизно и детално објаснети.
Когнитивните способности најчесто се изучува на област во рамките на семејно-фамилијарните студии, студиите на близнаци и адоптивните студи преку нивниот општ аспект, а тоа е коефициентот на интелигенцијата (IQ). Специфичните когнитивни способности и способностите за учење исто така наоѓаат свое место во оваа книга заедно со персоналитетот, чии што истражувања се засноваат врз анкета и прашалници. Конечно, поглавјето завршува со карактеристиките на личноста: екстровертноста и невротицизмот, емотивноста, дружељубивоста и активитетот, ставовите и уверувањата, професионалната ориентација на една личност и другите црти на личноста.
Наредното седмо поглавје ги обработува генетските аспекти на психопатологијата, област што ги проучува психозите и афективните заболување. Генетичките студии на афективните заболувањеа треба да започнуваат со пробанти што манифестираат симптоми и имаат досие на хоспитализирани индивидуи, а како основни пристапи во изучувањето на генетичките детерминатнти се среќават: семејно-фамилијарните студии, студиите на близнаци, адоптивните студии, студиите за утврдување на моделот на наследување, линкаге и асоцијативните студии со помош на генетските маркери. Мошне опширно е прикажана генетичката детерминираност на униполарните и биполарните заболувања како компоненти на манијакално-депресивните психози, шизифренијата и аутизмот.
Во осмото поглавје се презентирани генетичките аспекти на социорелевантните и субпсихопатолошките облици на однесување. Тука свое место наоѓаат когнитивно варијабилно условените својства како што се: менталната ретардација и деменциите. Понатаму, множество бихејвиорални својства што не би можеле да се категоризираат во афективниет и менталните заболувања, а на опредлен начин влијаат врз социоакомодирањето на единката каде што припаѓаат: анксиозноста, анорексиите, хипохондријата, АДНД синдромот и Tourette синдромот. Антисоцијалните форми на однесување во рамките на психогенетиката се истражувања од аспект на деликвентното и криминалното однесување, алкохолизмот, сексуализмот, сексуалната ориентација и хомосексуалнизмот.
Во последното поглавје д-р Лакоски не запознава со основните принципи на генетичкото советување. Процесот на генетичкото советување и тимска работа во која треба да се ангажираат стручни лица од областа на медицината, дефектологијата, психологијата, социологијата, социјалната работа и др. Генетичкото советување е комуникативен психолошки процес кој во себе ги вклучува: дијагностицирањето, објаснувањето и опциите на натамошниот третман и разрешувањето на утврдениот проблем. Генетичкото советување не смее да биде ултимативно насочно и советувачот не смее да ги оптоварува советуваните со сопствениот поглед на проблемот.
Книгата ,,Психогенетика” од професор д-р Анастас Лакоски е дело на исклучително упатен научник, книга која ретко може да се сретне во светот и нашата околина. Во ова дело авторот покажува голема вештина во склопувањето на материјалот и во неговото систематско и прегледно изложување. Секој дел од книгата претставува убав и обемен приказ на одделни прашања од хуманта генетика и од психогенетиката. Книгата е пишувана во висок стил и бара од читателот високо ниво на тенацитет на вниманието. Оваа книга треба да ја проуч секој психолог, дефектолог, лекар-психијатар, социолог и тн. Затоа книгата ,,Психогенетика” најтопло ја препорачуваат да биде дел од личните библиотеки на горенаведените стручни профили.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE