JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 3497
Владимир ТРАЈКОВСКИ
ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРААТ СТУДЕНТСКИ ДЕФЕКТОЛОШКИ ДЕНОВИ
ВО Р. МАКЕДОНИЈА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО
Право на учество ќе имаат студентите од II, III, IV година на Институтот за дефектологија, новите дипломирани дефектолози во студиската година кога се организираат “деновите”, студенти од Институтот за педагогија, психологија, социјална работа, од Медицински факултет и другите сродни науки во државата и надвор од неа.
Студентските дефектолошки денови ќе се одржуваат еднаш годишно во Охрид или Струга во траење од 2-3 дена.
За успешно организирање на студентските дефектолошки денови е потребно навремено информирање и запознавање на студентите со суштината и нивните цели и неодложно започнување со организациските работи на сите кадровски структури од Институтот за дефектологија. За таа цел ќе се формира организационен одбор во кој ќе влезат по 5 студенти од секоја учебна година.
Авторите можат да ги изработат своите трудови во сите дефектолошки, медицински, социјални стручно-научни установи во Република Македонија и во странство. Од трудовите ќе биде изработен зборник кој подоцна може да им послужи на студентите при вработувањето или запишувањето на постдипломски студии како верификација на нивната научна активност.
Темите ќе бидат презентирани усно или преку постер. Времетраење на усната презентација е 20 минути. Официјални јазици на манифестацијата ќе бидат македонски и англиски. Краен рок на пријавување на темите 15.03.1999 година. На студентската манифестација ќе се работи во неколку сесии и ќе се формираат комисии од професори, доценти и асистенти од Институтот за дефектологија во зависност од потесното подрачје што го обработува трудот. Студентите избираат соодветен ментор за изработка на нивната тема.
Учеството на студентските денови ќе се финансира со спонзорства и плаќање на котизација на студентите чија вредност дополнително ќе се формира.
На седницата на Институтот за дефектологија одржана на 15.06.98 година е формиран иницијативен одбор кој ќе ги започне организациските работи за успешно одржување на Првите студенски дефектолошки денови.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE