JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 2980
Ристо ПЕТРОВ
Од месец февруари 1998 год, со одлука на Институтот за дефектологија студентите од IV година под раководство на Доц. д-р Ристо Петров се вклучени во работата на Клубот на родители и нивните ментално ретардирани деца.
Секој понеделник од 17:00 до 20:00 часот просториите во Домот на хуманитарните организации “Даре Џамбаз” посебно заживуваат.
Доаѓаат деца, младинци и возрасни лица, некои сами, некои со нивните родители. Се дружат три саати. Родителите разговараат, разменуваат искуства, нивните деца другаруваат, разговараат, играат при што се постојано присутни студентите по дефектологија. Тие го организираат престојот на децата во овие три саати: изработувајќи прекрасни честитки за осми март, велигден, нови паноа со слики, изработуваат украсни ѓердани од разни артикли итн. Меѓутоа и се забавуваат, играат “не лути се човече”, карти, составуваат сложалки, а секое доаѓање завршува со музика и игра.
За одбележување е дека бројот на децата и нивните родители од понеделник во понеделник постојано се зголемува.
Сојузот на друштвата на ментално ретардирани лица на град Скопје, во чија организација работи клуб, набрзо се соочи со проблеми со простор и опрема. Просторијата е мала за да ги прифати сите заинтересирани родители и нивните деца, нема и доволно столчиња за сите присутни.
Постои надеж дека Сојузот ќе изнајде решение за овие прашања. Она што студентите ги врзува со радосните лица на ментално ретардираните што секој понеделник ги дочекуваат и испраќаат.
Студентите ќе доаѓаат и понатаму. Оваа форма на работа со овие лица ќе се негува и од ден на ден содржински ќе се збогатува.
Задоволните родители и радосните лица на децата и младинците се големо БЛАГОДАРАМ за студентите, но и обврска следниот пат да биде уште посодржајно и поубаво.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE