JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 3184
Даниела ДИМИТРОВА
Средба на Централевропскиот регионален секретарјат при Светската федерација на глувите ВО Охрид
Во Охрид, 26 јуни 1998 година во организација на Сојузот на глувите на Р. Македонија, а на иницијатива на светската федерација на глувите (SFG) се одржа третата средба на националните организациии на Централна Европа. Средбата беше организирана со цел да се формира посебен Регионален секретаријат, односно да се поделат сите организации на глувите и наглувите во Европа на три центри: Регионален центар за централна Европа (CERC), Центар на организации на држави од Европската Унија (EUD) и трета група се земји собрани околу Русија (EEMARS). На оваа средба беа присутни делегати од Сојузот на глувите од Македонија, Словенија, Југославија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Полска, Република Словачка, Република Чешка и Унгарија (делегатите од Романија и Албанија не беа присутни поради оправдани причини), како и генералниот секретар на СФГ госпоѓа Carol-Lee Aqviline. Исто така беа присутни и преставниците од Бугарија како набљудувачи а од Р. Македонија покрај преставниците Сојузот на глувите присуствуваа Проф. д-р Љупчо Ајдински-раководител на Институтот за дефектологија, Боге Чадиноски-советник во Министерството за труд и социјална политика како и Трајко Трајковски, Пеце Гаштаров и Нада Дуковска, директори на установи за рехабилитација на слухот и говорот од Р. Македонија.
Со средбата претседаваше Janos Podahi, меѓувремен претставник на CEREC центарот за врски со следниот Дневен ред:
- Извештај за активностите од мај 1977 до јуни 1998 година со осврт на припремите за формирање на ЦЕРЦ,
- Дискусија за предлог на статутот на ЦЕРЦ,
- Дискусија за идното седиште на ЦЕРЦ,
- Избор на директор на ЦЕРЦ,
- Утврдување на програмата за работа со ЦЕРЦ,
- Утврдување на висината на членарината за ЦЕРЦ,
- Разно.
По исцрпните дискусии на кој учествуваа сите присутни беше одлучено да се започнат активности за формирање на единствена европска организација на глувите и наглувите и се потпиша предлог што беше испратен до Преседателката на Светската федерација на глувите. Беше заклучено во меѓувреме да функционира овој Регионален секретарјат со седиште во Република Словачка и Република Чешка.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE