Даниела ДИМИТРОВА

Средба на Централевропскиот регионален секретарјат при Светската федерација на глувите ВО Охрид

                Во Охрид, 26 јуни 1998 година во организација на Сојузот на глувите на Р. Македонија, а на иницијатива на светската федерација на глувите (SFG) се одржа третата средба на националните организациии на Цен­трална Европа. Средбата беше организирана со цел да се формира посебен Реги­о­нален секретаријат, односно да се поделат сите организации на глу­вите и наглувите во Европа на три центри: Регионален центар за цен­трал­на Европа (CERC), Центар на организации на држави од Европската Унија (EUD) и трета група се земји собрани околу Русија (EEMARS). На оваа сред­ба беа присутни делегати од Сојузот на глувите од Македонија, Словенија, Југо­сла­вија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Полска, Република Словачка, Репуб­ли­ка Чешка и Унгарија (делегатите од Романија и Албанија не беа при­сут­ни поради оправдани причини), како и генералниот секретар на СФГ госпоѓа Carol-Lee Aqviline. Исто така беа присутни и преставниците од Буга­рија како набљудувачи а од Р. Македонија покрај преставниците Сојузот на глувите присуствуваа Проф. д-р Љупчо Ајдински-раководител на Инсти­ту­тот за дефектологија, Боге Чадиноски-советник во Министерството за труд и социјална политика како и Трајко Трајковски, Пеце Гаштаров и Нада Дуков­ска, директори на установи за рехабилитација на слухот и гово­рот од Р. Маке­донија.
Со средбата претседаваше Janos Podahi,  меѓувремен претставник на CEREC центарот за врски со следниот Дневен ред:

  1. Извештај за активностите од мај 1977 до јуни 1998 година со осврт на при­премите за формирање на ЦЕРЦ,
  2. Дискусија за предлог на статутот на ЦЕРЦ,
  3. Дискусија за идното седиште на ЦЕРЦ,
  4. Избор на директор на ЦЕРЦ,
  5. Утврдување на програмата за работа со ЦЕРЦ,
  6. Утврдување на висината на членарината за ЦЕРЦ,
  7. Разно.

По исцрпните дискусии на кој учествуваа сите присутни беше одлу­чено да се започнат активности за формирање на единствена европска организација на глувите и наглувите и се потпиша предлог што беше испратен до Преседателката на Светската федерација на глувите. Беше заклучено во меѓувреме да функционира овој Регионален секретарјат со седиште во Република Словачка и Република Чешка.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in