JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5932
Димитрија ТРАЈКОВСКИ
НЕКОИ АСПЕКТИ НА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА
Создавањето на услови за одгледување, воспитување и социјализација на младите генерации е проблем непосредно поврзан со егзистенцијата и развојот на општеството во целина, а неговото решавање се вклучува во оние витални задачи на општеството што се насочени кон најдоследно остварување на суштината на најглобалните општествени интереси.
Биосоцијалната репродукција на човекот, пред сî гледана како општествен процес, во кој неможе да биде исклучен и определен сплет на биолошки законитости, нужно е условен и зависен од низа материјални, културни, психолошки и други фактори на даден степен на развојот на секое општество и општествените односи. Според тоа секое општество мора да има соодветни приоритети во креирањето на својата политика кон потомството, посебно во сегашниве услови на транзиција, кога дрогата зафаќа замав, неорганизираниот живот на младите, невработеноста и др. ги дезориентираат во максимални можни граници.1
Од овие куси напомени, недвосмислено може да се заклучи дека светот не треба да биде рамнодушен во однос на обезбедување не само на елементарна заштита (покрив и леб) туку и соодветен квантитет и квалитет на условите за живот и развој на децата. Во таа смисла кон крајот на овој век, залагањето и на светот и на определени меѓународни институции, прават огромни напори за создавање услови за понепречен развој на младите генерации.
Уште многу одамна во тој контекст гледано “Положбата на детето е мошне актуелно и инспиративно прашање кое се наметнувало како тема кај многуте социјални мислители (посебно кај утопистите, анархистите и марксистите), кои не го криеле своето незадоволство со односот на општеството, државата и родителите кон сопствениот подмладок”.2
Меѓународната заедница, (олицотворение во ООН), со цел да ја афирмира идејата и акцијата за меѓународна заштита на децата, на своите генерални собранија усвои два документа со кој се обврзуваат државите потписнички на тие акти да ги почитуваат како општо признати, со обврска во своите национални законодавства да ги инкорпорираат како права и должности и мерки.
Конкретно се работи за Конвенцијата за правата на детето и Светската декларација за опстанок, заштита и развој на децата (усвоена во 1990 година).
Според Конвенцијата за правата на детето усвоена на 20.11.1989 година (која се состои од три дела и 54 члена) се определуваат следниве работи:
- Дефинирање на детето во смисла дека тоа е човечко суштество кое нема навршено осумнаесет години на животот, ако, врз основана на законот кој се однесува на детето, полнолетноста не се добива порано (чл. 1 од Конвенцијата).
- Сите активности, кои се однесуваат на децата, се од примарно значење за интересите на детето (без оглед дали ги спроведуваат јавни или приватни институции за социјална заштита, судовите, административните органи или законодавните тела, од чл.3 точка 1 од Конвенцијата).
- Според конвенцијата ментално заостанато или физички инвалидно дете ужива посебна семејна заштита (операционализирана како “посебна нега”), во согласност со финансиските можности на родителите или другите лица кои се грижат за детето, да има ефикасен пристап кон образованието, обуката, услугите од здравствена заштита и рехабилитацијата, подготвување за вработување и можност за рекреација на начин кој придонесува за што поцелосна општествена интеграција и личен развој на детето вклучувајќи го културниот и духовниот развој.
- Според Конвенцијата државите членки треба да ги уважуваат и признаваат на секое дете: правото на социјална заштита и социјално осигурување; правото на животен стандард адекватен на физичкиот, менталниот, духовниот, моралниот и општествениот развој на детето; одговорноста на родителите или другите лица одговорни за детето во рамките на своите способности и финансиски можности, да обезбедат животни услови потребни за развој на детето; државите да помагаат на родителите (во рамките на можностите), посебно во исхраната, облеката и живеењето; правото на детето на образование (во сите степени), а основно образование се третира како задолжително; правото на детето на одмор и на слободно време; правото на детето од економска експлоатација и работи кои можат да бидат опасни или да го попречуваат образованието на детето, односно на неговиот физички, ментален, духовен, морален или социјален развој; право на заштита на децата од нелегална употреба на дроги и психотропски супстанци; право на заштита на децата од сите облици на сексуално искористување и сексуална злоупотреба; како и заштита од продажба или трговија на децата во било која цел или било кој облик; заштита се однесува и на следниве дејствија; мачење, или други свирепи, нечовечки или понижувачки постапки или казни; потоа, децата до 15 годишна возраст не можат да бидат мобилизирани, да учествуваат во воени судари, а децата кои се жртви на некој облик на занемарување, експлотација, злоупотреба, мачење или некој друг облик на нехумано или понижувачко постапување, државите членки ги преземаат сите соодветни мерки за подобро физичко и психичко закрепнување и за социјална реинтеграција на детето. Сите права на децата, како и обврските на државата, родителите или лицата кои се грижат за децата кои се утврдени во Конвенцијата се “минимум права” кои е должна државата потписничка да ги инкорпорира во националното законодаство.
Вториот документ, кој беше усвоен на Светскиот самит на децата е Светската декларација за опстанок, заштита и развој на децата, 1990 година (главно, на министерско ниво) заедно со акционен план за спроведување на Светската декларација (до 2000 година).
Во светската декларација за опстанок, заштита и развој на децата се презентирани, покрај одредбите и информациите за смртноста на децата поради потхранетост и болести (изразено нумерички) и податоци за смртноста на мајките во текот и после породувањето. Во Светската декларација се апострофираат помеѓу другото: можностите, задачите и обврските за заштита на децата и мајчинството. Задачите се презентирани во осум точки, кои се изразени во следните насоки:
- унапредување на здравјето и исхрана на децата,
- намалување на смртноста на доенчињата,
- посветување посебна грижа на инвалидните деца,
- јакнење на улогата на жените воопшто и осигурувањето на нивните еднакви права,
- со доенчињата мора еднакво да се постапува и да им се дава еднакви можности од самиот почеток,
- обезбедување на основно школување на децата и можност за описменување,
- да се создаваат услови за безбедно мајчинство и акцент да се стави врз одговорното планирање на растојанието меѓу децата,
- на семејството како основна група, и природна средина за развој и благосостојба за децата, треба да му се даде целата неопходна заштита и помош,
- децата од најмлади години треба да се поттикнуваат да учествуваат во културниот живот и да се подготвуваат за одговорен живот во слободното општество.
Во тој контекст се нагласува дека заради иднината на сите деца, неопходно е итно да се обезбеди или да се оживее континуиран и одржлив стопански растеж и развој во сите земји и да се посвети внимание врз што побрзо изнајдување на широко и трајно решение за проблемите на надворешниот долг со кој се соочуваат земјите должнички во развој.3
Како “oбврска” во Декларацијата се изразени 10 задачи, кои поаѓаат од следново:
- Благосостојба на децата бара политичка акција на највисоко ниво;
- Приоритет ќе им дадеме на правата на децата, на нивниот опстанок и нивната заштита и развој;
- Се согласивме дека ќе настапуваме заедно, во рамките на меѓународната соработка, како и во своите респективни земји.
На светскиот самит беше усвоен Акционен план за спроведување на Светската декларација во прилог на опстанокот, заштита и развојот на децата во деведесеттите години. Содржината на Планот е следната:
- Увод
- Посебни мерки во прилог на опстанокот, заштита и развојот на децата; Исхраната и прехраната; Улогата на жените, здравјето на мајките и планирањето на семејството; Основно образование и описменувањето; Децата кои живеат во посебни тешки услови; Заштита на децата за време на вооружени конфликти; Децата и човековата околина и намалување на сиромаштијата и обновување на економскиот стремеж;
- Активност за следење и контрола под што се подразбираат: Активностите што се превземаат на национално ниво и Активности што се преземат на меѓународен план, и на крајот, Додаток: Цели што се однесуваат на децата и врз развојот во деведесеттите години”.
И од овој кус приказ на меѓународните документи со кој се санкционира положбата на детето, женските деца и мајките (кои доколку се ратификуваат стануваат дел од националното законодавство), се гледа дека децата се наоѓаат во тешки услови на егзистенција и дека е потребно соодветен меѓународен пристап (според нормите на меѓународното право).
Анализата на некои конкретни законодаства, на пример на системот на социјално осигурување во Франција, покажува дека кон мајчинството, детето, жените домаќинки, кон сиромашните семејства со малолетни деца и кон младите брачни двојки без деца постои посебен законски режим. Имено се работи за следново: жената-домаќинка е бенифицирана со посебен додаток, бремена жена прима посебен додаток за време на бременоста заради подобар режим на исхрана, младите брачни двојки кои во првите две години од брак (ако жената не е постара од 25 години) а остане бремена, ужива посебен додаток. За новороденото дете постои посебен додаток за опремување, потоа, сиромашните семејства кои имаат малолетни деца добиваат од државата кредити за огрев, за школување на децата и слично. Но, од Франција како пример за организирана семејна заштита (како и во некој други земји, пример Англија), ќе се навратиме на системот на социјална заштита на децата во Македонија.
Голем предизвик на човештвото од земјите во транзиција, е и ќе биде решавањето на прашањата поврзани со условите и развојот на децата како незаменлива “инвестиција за нивниот натамошен прогрес”.
1 Види пошироко во книгата на Величко Андреевски “Развојот на општествената грижа на децата во СР Македонија 1945-1985, книга во издание на НИО “Наша книга”. 1985 год.
2 Младеновиќ, д-р Марко: “Социјална политика и породица”, Београд, Савремена администрација, 1980, стр. 149.
3 Од “Децата пред сe”(брошура) со објавените документи: Светската декларација за опстанок, заштита и развој на децата, Акционен план за спроведување на Светската декларација во прилог на опстанокот, заштитаи развојот на децата во деведесетите години и Конвенцијата за правата на детето (УНИЦЕФ), стр. 92.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE