Наташа ЧИЧЕВСКА-ЈОВАНОВА

 

С. Бојанин, И. Милачиќ, М. Селаковиќ:  
Аутизам

 

Правејќи еден краток преглед врз содржината на книгата   “Аутизам” можеме да констатираме дека тоа е книга каква што недостасува во нашата стручна литература, а и една од ретките книги од тој вид во целокупната светска литература.
Затоа треба да се поздрави иницијативата на издавачката куќа “ИП Заавет” од Белград, што прифатила книгата на Светомир Бојанин, Ивана Милачиќ и Милка Селаковиќ “Аутизам” да ја објави.
Во оваа книга ќе можат да се најдат, на лесен и пристапен начин изложени, многу корисни теоретски и практични информации како за лекари-невропсихијатри, дефектолози, социјални работници, така за оние што имаат амбиции да се занимаваат со истражувачка работа во областа на клиничката психијатрија, социјална психијатрија како и во другите области на современата психијатрија, па дури и родителите што имаат вакви деца.
Оваа книга се состои од три дела, а секој дел се состои од две поглавја со исклучок на првиот дел што се состои од три поглавја претставени на 240 страници и тоа:

  • Теоретски основи и дијагностика
  • рани детски психози и аутизам
  • основни психички особености на аутизмот
  • невропсихолошки пристап на раните детски психози
  • Психотерапија, едукација, рехабилитација
  • Психотерапевтски и едукативен третман на аутизмот
  • Белградска интегративна метода
  • Медикаментна терапија
  • средба со аутизмот
  • медикаментозна терапија

Првиот дел ни дава мошне корисни теоретски информации за раните детски психози а посебно за аутизмот, за проблемот за препознавање и класификација на раните детски психози, клиничките слики како и за можните етиолошки фактори за настанување на детски психози, посебно за   аутизмот.
Исто така во овој дел теоретски се обработени основните психички особености на аутизмот (интелигенцијата, емоциите и мислењето).
Вториот дел што е најобимен, а се чини и најбитен за сите оние кои практично се занимаваат со проблемот-аутизам ни дава опис на голем број методи за третман и едукација на овие лица.
Во оваа книга е даден детален опис на седум методи на работа и тоа:

  1. Психоаналитички пристап-како прв пристап во психичкото лечење на психичките болести во детството. Оваа метода е усмерена кон односот на детето со другите и мотивирање на детето кон животот во социјалното поле.
  2. Бихевиорална метода-оваа метода настојува веднаш да го корегира однесувањето, да го поттикне развојот на говорот и сознајните функции.
  3. TEACH (тич) метода-што е окупирана со проблемот на организирање на едукативен пристап и со неговото индивидуализирање во работата со аутистичните деца.
  4. Холдинг метода-се заснова врз обновување на контактите “осети на близина”, т.е. контакти со допир и кинестезија.
  5. Сензорна интеграција-во средиштето на оваа метода “нередот на осети” т.е. неврофизиолошката неможност за интегрирање на определени дразби во целосно доживување на реалноста околу детето.
  6. Дневна животна терапија-што доаѓа од Јапонија (Хигаши школа) и е усмерена кон целокупната личност на детето. Оваа метода настојува да воспостави определен ритам на денот со што би се реорганизирал биологизмот на детето и неговата можност за социјализација.
  7. БИМ (Белградска интегративна метода)-оваа метода голем акцент става врз дневниот ритам на активностите, врз редукација на психомоториката, врз терапијата со игра и на работата со родителите како и со браќата и сестрите на децата со аутизам.

Во книгата доста простор и е посветен и на медикаментозната терапија, а еден од коавторите на книгата М. Селаковиќ го има обработено поглавјето за примената на витаминска терапија, анксиолитичките седативи, невролептиците и на новите препарати (фенфлураминот, налтрексонот, мелатонитот и др.) за подобрување на состојбата на аутистичните лица.  

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in