JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 2866
Зора ЈАЧЕВА
ПОСЕТА НА УСТАНОВАТА ЗА УЧЕНИЦИ СО ОШТЕТЕН СЛУХ
“EFFATHA" ВО ХОЛАНДИЈА
Во рамките на програмата за студискиот престој на група наставници и студенти од Институтот за дефектологија во Холандија ни беше овозможена посета на установата за глуви ученици Effatha. Бевме примени од страна на г-н Harry Brauwer кординатор во оделот за едукација и надворешна соработка. Г-н Harry Brauwer ни презентираше материјал во кој беа опфатени следните области:
- систем на образование на глувите во Холандија;
- методологија на работа на установата Effatha и
- некој прашања од законската регулатива.
Воведен дел од излагањето на гн Harry Brauwer содржеше информација за филозофијата на установата Effatha што се темели врз терминот “да се биде отворен” односно да се оствари успешна комуникација независно од методата на работа.
Во установата Effatha функционира билингвалниот систем на образование што значи употреба на знаковната и оралната метода како методи на комуникација во процесот на реализација на наставните содржини.
Системот на образование на глувите деца во Холандија е организиран во три сегменти:
- Едукативен сегменторганизација на работата на училиштата;
- Грижа за глувите лицасе однесува на нивниот живот и на нивното сместување.
- Иноваторски активностиво чии рамки функционира и центарот за советување.
Во рамките на установата Effatha глувите ученици се вклучени во три нивоа и тоа: основно специјално образование за глуви ученици и ученици со комбинирани пречки, средно специјално образование за глуви ученици и за ученици со комбинирани пречки, за стручни училишта за оспособување и образование на возрасни глуви лица.
Глувите ученици своето образование го започнуваат на 3годишна возраст, а го заокружуваат на 12годишна возраст.
Воспитнообразовниот процес за глувите деца од предучилишна возраст е организиран на тој начин што со секоја од групите, покрај воспитувачот што ги реализира содржините од воспитнообразовните подрачја, раководи и глув наставник за знаковен јазик кој паралелно ги презентира содржините.
Основното образование е организирано во повеќе нивоа, а наставните содржини се реализираат преку следните предмети содржани во наставните планови.
1. Задолжителни предмети
- Холандски јазик
- Читање и пишување
- Веронаука
- Математика
2. Изборни предмети:
- Тематско образование (содржини од предметот ЗПО)
- Ритмика
- Креативни активности (содржини од предметот ликовна култура и ОТП)
- Драма (за деца од 1012 години)
Пред започнувањето на основното образование децата се опфаќаат преку патронажна служба од установата, така што обучени специјални едукатори им даваат инструкции на родителите за начинот на комуникација со нивните деца неколку пати во неделата.
Глувите ученици се обучуваат за 4 струки:
- техничари
- економисти
- земјоделство
- мода
Образовниот процес на установата Effatha се реализира во 6 училишта што се лоцирани во повеќе градови. Начинот на организирање и образовниот процес во установата предвидува и функционирање на системот со три образовни пристапи: основно и средно образование за глуви ученици и глуви ученици со проблеми во учењето, ученици со комбинирани пречки и возрасни глуви лица.
Вториот дел од третманот се однесува на активности што се однесуваат на животот и сместувањето на глувите ученици, така што интернатскиот начин на сместување е заменет со организација на живот на глуви ученици во семејни куќи. Во 25 семејни куќи се сместени по 34 ученици на возраст од 618 години, а со секоја од групите раководат по двајца водачи на групата. Во секоја од куќите се сместени ученици со иста хронолошка возраст поради тоа што практиката покажала неуспешно функционирање во изведувањето на активностите на децата од различна возраст.
Постои и оддел за иновации во кој се вршат најразлични истражувања поврзани со проблемите во процесот на едукација на глувите ученици. Во рамките на овој оддел функционира и Центарот за советување и информирање што ги актуелизира проблемите на глувите лица во земјата.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE