JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 7708
Борче АПОСТОЛОВСКИ, Мирјана ЌАЕВА-ПЕЈКОВСКА,
Анастас ЛАКОСКИ, Снежана НИКОЛОВСКА
ФАМИЛИЈАРНА АУТОСОМНА ТРАНСЛОКАЦИЈА (13/14) КАЈ РОДИТЕЛИТЕ СО ТРИЗОМИЧНО ДЕТЕ ЗА 21-ОТ ХРОМОЗОМ
Вовед
Значителен дел на наследните болести кај човекот се последица на хромозомски абнормалности. Луѓето што носат абнормален хромозомски комплемент можат да се групираат во две категории:
- оние што имаат абнормален хромозонски број и оние со абнормална хромозомска структура
- абнормалноста во бројот на хромозомите секогаш е последица на свежи мутации. Структурните хромозомски аберации се резултат на прекини и погрешно реанжирање внатре во еден или повеќе хромозоми. Структурните аберации се пренесуваат од родителите на потомството. Тука влегуваат делиции (Ishikawa 1990), прстенести хромозоми (Freyberger 1991) инверзии (Kaiser 1984) и транслокации (Lindenbaum 1975), (Lau 1977), (Shang 1990). Транслокациите претставуваат абернации поради размената на положбата на сегментите внатре во кариотипот. Реципрочните транслокации претставуваат меѓусебна размена на хромозомскиот сегмент на два или повеќе хромозоми (Lindenbaum 1975). Посебна форма на транслокација е Робертсоновата, позната како центрична фузија во што се вклучени само акроцентричните хромозоми, а преостанатиот материјал од кратките краци се појавува во мал метацентричен хромозом, нешто поголем од центричниот сегмент, што се губи во следната делба, па фундаменталниот број на носители привидно се редуцира (Eklund 1998).
Материјал и методи
Пробантот е девојче на возраст од 12 години чија мајка е на 19, а татко на 29 години. Телесна тежина при раѓање изнесува 3550 гр. На шест месечна возраст имала обем на главата 41.1см. Се смее и гуга на 4 месеци. Самостојно ја држи главата на 5.5 месеци. Кон играчките ја подава раката на 8.5 месеци. На возраст од 10 години главата ја држи во неправилна положба. Микроцефалична е и сплосната во потилниот дел, големата фонтанела е отворена на 3 см. Јазикот е голем и избразден, виси од устата. Очите се моноглоидно поставени, епикантален набор. Ушните школки мали и лошо моделирани поставени повеќе кон десно. Мускулатурата млитава.
На 12 годишна возраст тестирана е со Бинет-Симонова скала, К.С.-7.8 и М.С.-3.1 што одговара на I.Q-50-55. Спрема добиените резултати од тестовите пробантот спаѓа во група лица на долна граница на лесна попреченост во психичкиот развој.
Цитогенската анализа на хромозомите, од ин витро култура на периферната крв вршена е според модифицираната метода на Moorhead и неговите соработници (1960). Цитогенскиот наод на пробантот е 47, ХХ+21. Цитогенскиот наод на нејзината мајка е нормален 46, ХХ. Меѓутоа, нејзиниот татко е носител на транслокација помеѓу акроцентричните хромозоми 13 и 14, познати како Робертсонова или центрична фузија. Мајката и братот на нејзиниот татко исто така се носители на хромозомска абнормалност помеѓу 13 и 14 хромозом. Поради тоа што едниот родител е носител на структурна аберација од типот на центрични фузии, препорачано им е при планирање на семејството да се изврши амниоцентеза во клиничкиот центар “Ребро” во Загреб.
При втората бременост мајката на нашиот пробант е примена во центарот за пренатална дијагностика во Загреб. Со детална ултразвучна дијагностика утврдени се мултипни малформации на плодот и тоа: микроцефалија, менингоцела, асцитес, кратки и деформирани екстремитети, екстремен олигохидрамнион. По овој наод на пациентката и е препорачано прекинување на бременоста. На молба на двата родители, етичкиот комитет одобрува прекин на бременоста, што е извршен со провокација со PGF2 alha i.m. Абортиран е мртов женски плод од 300 грама, со макроскопски видливи малформации, што беа претходно утврдени со ултразвучната дијагностика.
Дискусија заклучок
Фреквенцијата на Дауновиот синдром во општата популација изнесува 1 на 700 породувања (Zergollern 1981). Новороденчињата со овој синдром претставуваат деца каде што пренаталниот развој не е завршен на адекватен начин. Различниот физички изглед, помалку или повеќе, присутен при раѓањето зборува за извесно неопределено мешање на паталошките фактори во детското растење и деференцијација. Кај овие деца се откриваат симптоми што зборуваат дека нивниот физички и психички развој може да заостанува во подоцнежните години, како што е случај со нашиот пробант, каде што развојните можности се разликуваат од нормалните деца, а понатамошното растење и созревање се одвива на пониско рамниште. Постојат индиции дека родители со балансирани транслокации имаат предиспозиција за non-dijunction, што ја објаснува врската на овие абнормалности со појавата при раѓањето на тризомичните деца.
Бидејќи балансираните промени не дејствуваат врз фенотипот на носителот, тие можат да бидат недетерминирани и да вршат долготрајно влијание на потомството. Меѓутоа, хетерозиготните носители со вакви балансирани транслокации носат висок ризик за создавање на небалансирани плодови, бидејќи мејотската сегрегација на хромозомите вклучени во транслокацијата, може да се доведе до голем број на различни гамети, од кои само две носат оргинален хаплоиден хромозомски комплемент и тоа: или како сосема нормален или со изменет редослед, а сите други гамети се помалку или повеќе небалансирани.
Родителите што се носители на хеторологни балансирани транслокации, покрај можноста за раѓање на здраво потомство со балансирана транслокација, носат ризик за раѓање на деца со транслокативен тип на тризомија. Носителите на хомологни транслокации немаат можност за раѓање на здраво потомство, ниту потомство со балансирани хомологни транслокации. Нивниот ризик за раѓање деца со тризомија е стопроцентен бидејќи создаваат два типа на гамети: дизомичен со хомологна транслокација и нулизомичен гамет неспособен за живот.
ЛИТЕРАТУРА
- ISHIKAWA T., SUMIS., FUJIMOTO S., SHIMA Y., and WADA Y., (1990): Interstital deletion of the short arm of chromosome 4 in a boy with mild psychomotor retardation and dismorphism. Clinical Genetics, 38, 314-317.
- FREYBERGER G., WAMSLER C., AND SCHMID M., (1991): Ring chromosome 4 in a child with mild dysmorphic signs. Clinical Genetics, 39, 155-165.
- KAISER P., (1984): Pericentric invezion. Problems and significance foe clinikal genetics. Hum. Genet. 68, 1-47.
- LINDENBAUM R.,H., and BOBROW M., (1975): Reciprocal translokations in man. 3:1 Meiotic disjunction rezulting in 47-or 45 chromosome offspring. J. Med. Genet., 12, 29-43.
- LAU Y., F., HSU T., C. (1997): Variable modes of robrtsonian Fusion. Cytogenetics. Cell. Genet., 19, 231-235.
- SHANG S., TANG Y., DAI F., and NIEBUHER E., (1990): 5 p: 12q translocation with manifestationes of cri du chat syndrome and Mafanoid arachnodactyly Clinical Genetics, 37, 153-157.
- EKLUND A., SIMOLA K., O., J., and RYYNANEN M., (1998): Translocation t (13;14) in nine generations with a case of translacation homozygosity. Clinical Genetics. 33, 83-86.
- MOORHEAD S., NOWELL C., MELLNAM G., BATTIPS M., HUNGERFORD A., (1960): Chromosome preparations of leukocytes cultured from human peripheral blood. Exp. Cell. Res., 20, 613-616.
- ZERGOLLERN-CUPAK L., (1981) Humana genetika-Zagreb.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE