JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5086
Ѓорѓи ГЕОРГИЕВ, Омер СУЛЕЈМАН
Некои епидемилошки аспекти кај менталната ретардација
Како што е веќе познато менталната ретардираност е состојба на спречен или надовршен развој, што се карактеризира со дефициентност во интелектуалните способности, од лесен до најтежок степен често придружена и со физички недостатоци.
Менталната субнормалност се проценува врз основа на бројни критериуми, меѓу кои и следните:
- Психолошкиот, односно психијатрискиот критериум кој го воведоа Binet и Simon, а го разработил Wechsler (1958), ни дава увид во квантитетот и нивото на развојот на интелигенцијата. Процената на интелигенцијата не може во ништо случај да се одвои од процената на целокупната личност на детето бидејќи таа е една од составните делови на личноста.
- Втор критериум што исто така нема само релативна вредност е критериумот на социјализацијата, општествената прилагоденост, односно неприлагоденост. Процентот на прилагодување е условен како од интелектуалните способности така и од факторите на средината.
- Педагошкиот критериум, односно критериумот на успех во училиштето и во професионалното оспособување, исто така овозможува значајна претпоставка валидна при комплетното (тимско) дијагностицирање.
Во процесот на дијагностицирањето не менталната ретардираност наведените критериуми имаат битно значење во проценката за постоењето и степенот на менталната ретардираност и од што степен е таа.
Најчесто етиолошките фактори за дисхармоничен развој во развојната возраст можат да се поделат во три групи: генетски, органски и психолошки. Овие фактори меѓусебно се испреплетени и мошне ретко дејствуваат одвоено.
Ментално ретардираните заради раното оштетување на CNS и нецелосната организација на личноста се склони кон манифестирање на психијатриски и невролошки растројства од најразличен тип.
Процентот на психијатриски растројства кај менталните ретардирани деца и младинци е поголем отколку кај деца со нормална интелигенција, и во дотолку е поголем во доколку интелектуалните недостатоци се поизразени (Corbett 1977).
Сите рано настанати психози (аутизамот, дезинтегративната психоза), во првите години на животот, го забавуваат или го спречуваат интелектуалниот развој.
Во пубертетот и младоста кај ментално ретардираните можат да се јават и психози од шизофрен и маничнодепресивен тип. Клиничката слика на овие, порано наречени “накалемени психози”, често е атипична заради примарната интелектуална дефициентност и примитивната организација на личноста на што се надоврзува психозата. Кај некои се развиваат параноидни состојби, со послаби систематизирани параноидни идеи. Прогнозата е полоша ако психозата почнала рано, ако е присутен или í претходи интелектуален недостаток (IQ под 60) (RUTTER 1977).
Невротските манифестирања кај ментално ретардираните релативно се недиференцирани). Најчесто се конверзивно-хистерични реакции и состојби од моторен, сензорен и висцеларен тип. Тие можат да манифестираат и анксиозност, фобии, а поретко конвулзивни и депресивни реакции и состојби (Тадиќ 1985).
Кај ментално ретардираните деца се јавуваат промени во вид на зголемена раздразливост т.н. еретизам. Повремено на ова се надоврзува и назначен моторен немир што претставува посебен проблем за семејството и животната средина.
MCD (минимална церебрална дисфункција) кај ментално ретардираните деца (околу 12%) кои инаку се поимпулсивни, претерано активни, со слабо внимание доколку ретардираноста е подлабока. Кај потешките ментално ретардирани деца често има стереотипи со главата, телото и екстремитетите, кои се јавуваат особено кај слепи и неподвижни ретардирани деца, било како имитација или како одговор на занемарувањето од страна на околината (семејството, домот) (Kirmann 1977).
Меѓу причините за ноќно мокрење (enuresis nukturna) се и интелектуалните недостатоци што се среќаваат кај ментално ретардираните. Кај овие деца психомоторниот развој е значително во застој меѓу ментално ретардираните повеќе од нив мократ не само поради застојот во психомоторниот развој, туку и поради тоа што нивниот емотивен животен развој често спречуван и од ставовите на околината (Тадиќ 1985).
Интелектуалната дефициентност и структурата на личноста на душевно ментално ретардираните создаваат тешкотии за прилагодување во средината каде што живеат, нивното однесување е неконтролирано. Кај нив почесто се застапени насилството, кражбите, бегствата, а кај девојките проституцијата (Тадиќ 1985).
Кај хемиплегичарите во склопот на церебрална парализа менталниот развој може да биде нормален или субнормален, а тежината на менталната субнормалност зависи од степенот на засегнатоста на мозочните хемисфери.
Воспалението на CNS (meningit i encephalit) е еден од поважните фактори за настанувањето на ментална субнормалност.
Во конвулзивните нарушувања, покрај епилепсијата спаѓаат конвулзиите во раната возраст, инфантилните спазми (hipsaritmii) и во фебрилните конвулзии.
Се смета дека 20-25% од ментално ретардираните лица патат од епилептични напади. Кај тешката ментална ретардација често се јавуваат епилептични напади (42%).
Материјал и метод на работа
Во текот на изготвувањето на трудот беше применет ретроспективен епидемилошки метод на работа. Испитуваната група ја сочинуваат 575 ментално ретардирани лица на возраст од 0 до 25 години што биле распоредувани од комисијата за распоредување во периодот од 1984 до 1995 година.
Во нашето истражување се опфатени три главни аспекти кај менталната ретардација:
- Болеста и состојбата како етиолошки фактори за настанување на ментална ретардираност,
- Невролошки растројства кај менталната ретардација,
- Психијатриски растројства кај ментално ретардираните.
Резултати
Најзастапени, како етиолошки фактори, се конвулзивните растројства со 50%, потоа следуваат породилната траума со 16%, Down-ов синдром со 10%, воспаление на CNS со 9% и невротрауми со 3%. Етиолошките фактори во настанувањето на менталната ретардација се познати во околу 49.9% од случаите. Процентуалната застапеност на етиолошките фактори во настанувањето на менталната ретардација, може да се види во следната табела:
Психијатриските растројства се манефестираат со следните проценти: најзастапени се еретичните настапи со 34%, потоа следува enuresis nucturna со 23%, ноќен страв (pavor nocturnus) со 20%, растројствата во социјалното однесување со 11%, психозите со 8% и неврозите со 4%.
Процентот на невролошките и психијатриските растројства во однос на целокупната испитувана група изнесува 48%. Тоа појасно се гледа на табела 2 и 3.
Дискусија
Со епидемилошките истражувања дојдовме до следните согледувања: дека етиолошките фактори што влијаат врз настанувањето на менталната субнормалност се познати во околу 50% од случаите и дека психијатриската симптоматологија и феноменологија повеќе е застапена од невролошката и дека по определувањето не само на интелектуалните способности, туку и на другите преостанати потенцијали како телесни и невролошки оштетувања, така и психијатриските, можно е дури тогаш да се определат вистински и адекватни рехабилитациони мерки и постапки.
На крајот би сакале да истакнеме дека иако не се опфатени сите релевантни елементи, сметаме дека презентираната анализа претставува скромен прилог кон понатамошните изучувања на менталната хендикепираност на нашето подрачје.
ЛИТЕРАТУРА
- Тадић, Н.: Психијатрија детињства и младости, 2. издање, Научна књига, Београд, 1985.
- Радојичић, М.Б.: Болести нервног система, Медицинска књига, Београд-Загреб, 1986.
- Софијанов, Г.Н.: Заболување на нервниот систем во детската возраст, Македонска книга, Скопје, 1985.
- Јовев, Ј.: Психопаталогија и ментално ретардација, Скопје, 1992.
- Каличанин, П.: Истражување у психијатрији, Просветно дело, Скопје, 1976.
- Качанковски, С., Трајковска, Л.: Психофизичкиот развој кај школските деца во Битола: Школски деца со лесна ментална ретардација, Битола, 1994.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE