Ана РАДОЈКОВИЌ, Славица ГОЛУБОВИЌ, Дејан РАДОЈКОВИЌ

 

Раниот развој на говорот и интеракцијата
меѓу мајката и детето

 

Вовед
Современите истражувања говорат во прилог на мислењето дека раната интеракција меѓу мајката и детето е пресудна за развојот на сите области во функционирањето на детето: на говорот, моториката, чувствувањето и на интелигенцијата.
Првобитните истражувања, значајни за раните односи меѓу родителот и детето, за психосоцијалниот развој на детето главно укажуваат на последиците кај нормалните деца имаат одвојување од родителите во првите години на животот.
Тука спаѓаат трудовите на Ana Frend (1944) што го опишала однесувањето на децата помлади од четири годишна возраст, во ситуација на одвоеност на мајката, во јасли; потоа трудовите на Р. Spitz (1946), кој забележал дека доенчињата што растеле во институциите се лишени од мајчинска нега и се адекватни со психосоцијалната стимулација на појавувањето на клиничката слика на хоспитализмот и со аналитичката депресија; трудовите на J. Robertson (1948-1952) што ги набљудувала децата меѓу 18 месеци и 4 години, одвојени од семејството поради хоспитилизација во траење од повеќе недели. Најизразените последици на овие рани одвојувања или лишувања беа забавени когнитивни, говорно-јазички и емоционалниот развој. Слични пречки беа воочени во ситуациите кога воспоставувањето на раниот однос меѓу мајката и детето било оневозможено од кои и да било други околности (смрт на мајката, депресија на мајката, слепи деца) (Rutter, 1987).
Истражувањата на раната комуникација меѓу мајката и детето добија нов замав со воведувањето на видео техниката при опсервацијата на мајката и детето (Ainsworth M., 1973). Овие истражувања покажуваат дека детето од раѓањето или непосредно по него, биолошки е ориентирано кон создавање контакт и емоционална експресивна интеракција со човечките суштества, кои, од своја страна, се сензетивни кон усогласување со детската состојба и со неговите иницијативи. Со други зборови, детето, изгледа, биолошки е предодредено за интеракција.
Со оглед што е природен, а најчесто и најдобар партнер на детето во раната интеракција, најчесто се говори за интеракција меѓу мајката и детето, иако е познато дека и други возрасни лица можат да му бидат еднакви успешни партнери на детето во таа интеракција.
Основни карактеристики на раната интеракција меѓу мајката и детето се:

  • симетријата;
  • сихронизацијата;
  • контингенцијата;

Симетријата во интеракцијата меѓу родителот и детето не значи дека двајцата партнери во интеракцијата се еднакви. Симетријата во интеракцијата значи дека капацитетите на вниманието на детето, неговиот стил, неговите приоритети за примање и одговарање, се почитувани и дека влијаат врз интеракцијата. Со оглед на незрелоста на детето, обично возрасниот е тој што ја започнува интеракцијата. Тој мора да биде во состојба да ги согледа нештата од преспектива на детето, а истовремено да бара одговор на детето.
Синхронизација. Во развојот на комуникациите мошне е значајна јавноста на одговорот на родителот на сигналите на детето. Јасноста е таа што им дава значење на сигналите. Детето мошне брзо научува дека со своето однесување може да произведе некои ефекти, дека може да ги контролира определени доживувања. Низ брзиот одговор на лицето што се грижи за детето (најчесто мајката), детето учи дека определени активности имаат “сигнална вредност”, на пример тоа плаче и мајката се појавува; или детето гука, а возрасните одговараат со одушевување. На тој начин детето учи дека плачењето и гукањето произведува особени ефекти и дека тоа може да ги користи овие активности за да може да манипулира со својата околина на определен начин. Уште позначајно е што детето низ ваквото искуство го развива “мотивот за предизвикување на ефектот”  и се здобива со уверување дека е во состојба да предизвика промени. За да го развие детето ваквиот мотив, неопходно е неговите активности да бидат редовно и брзо поткрепувани, наградувани. Во спротивно, тоа го развива ставот на безпомошност, кој особено е изразен кај децата во институциите, каде што грижата за децата е рутинска, безлична и каде што однесувањето на одделното дете не е следено со брз, соодветен одговор на возрасното лице. Отсуството на навремени и адекватни социјални одговори не овозможува детето да ја научи комуникативната вредност на своето однесување, на своите сигнали.
Контингенцијата подразбира способност на мајката да ја прочита пораката содржана во сигналите на детето. Врз основа на реагирање на детето на нејзиниот одовор мајката учи за успешноста или неуспешноста на својот одговор. На тој начин, контингентноста на нејзините одговори стануваат префинети и таа развива повеќе активности што дејствуваат и што не дејствуваат.
“Достатно добрата мајка”, како што ја нарекува Winnicot, е во состојба стимулацијата да ја направи лична, соодветна со внатрешната состојба на детето, со неговата способност да прима, и со неговата подготвеност да одговори. Развојот на таквата интеракција меѓу мајката и детето претставува предуслов за успешен развој на комуникацијата, вклучувајќи го говорно-јазичкиот развој. Оттука познавање на елементите и на можноста за стимулација на интеракцијата меѓу мајката и детето како и раното препознавање на нарушувањата на овие односи е значајно за унапредувањето на развојот и за спречувањето на нарушувањето на говорно-јазичкиот развој.

 

Целите на истражувањата
Во сообразност со резултатите на современите истражувања, за кој станува збор во воведниот дел, а кои укажуваат на значењето на раната интеракција меѓу мајката и детето за целокупниот развој на детето извршивме истражувањето со главна цел:

  • Да се утврди односот меѓу развиеноста на говорот и квалитетот на интеракцијата меѓу мајката и детето врз мострата на деца од две години.

За да ја оствариме поставената цел беше неопходно на истата мостра претходно:

  • Да се утврди развиеноста на говорот,
  • Да се утврди квалитетот на интеракцијата меѓу мајката и детето.

Истражувањето беше извршено во рамките на проектот на Светската здравствена организација “Унапредувањето на раниот психосоцијален развој на децата низ примарната здравствена заштита” што беше изведен во повеќе европски земји (Грција, Југославија, Кипар, Шпанија, Португалија, Турција) во изминатите пет години (1991-1996) (Tsiantis и соработниците, 1996). Кординатор на проектот во Југославија беше Институтот за ментално здравје од Белград.

Формирање на мострата и на методата на истражувањето
Од мострата на проектот на Светската здравствена организација беа изабрани 41 дете (24 девојчиња 17 момчиња), кои во времето на ова истражување беа на возраст од две години (просечна старост 22.7 месеци), психички здрави и кои живееле во целосно семејство.
Кај сите деца на нашата мостра ги извршивме следните истражувања:

  • процена на развиеност на говорот;
  • опсервација на интеракцијата меѓу мајката и детето.

Испитувањата беа извршени во куќите на испитаниците заради добивање на подобар увид во создавањето на способностите на детето и во односот меѓу мајката и детето.
Испитувањето беше извршено со следните инструменти што беа користени и во проектот на СЗО:

  • Развојот на говорот на детето на возраст од 24 месеци.

Иструментот преставува скратена верзија на REEL скалата (The Bzoch-League Receptive Expressive Emergent Languag e Scale , 1970);

  • Интеракцијата меѓу мајката и детето (24 месеци).

Инструментот настана со модификација на ХОМЕ скалата (Home Observation for Measurement of the Environment; Bradley R. and Caldwell, 1977).
Добиените наоди беа обработени со соодветни статистички техники: пресметувања на релативните фреквенции и на коефициентот на корелацијата.

Резултати и дискусија

  1. Развиеноста на говорот кај децата на возраст од 24 месеци

Децата на нашата мостра имаат нормален говорно-јазички развој зашто од вкупно 30 индикатори на говорна развиеност, 25 беа присутни кај повеќе од 75% деца на мострата. На таа возраст повеќето од децата имаат фонд барем од 10-20 зборови, ги разбираат повеќето сложени реченици, итн. Ваквите резултати беа очекувани со оглед на тоа што децата живеат во целосно семејство.
Децата на таа возраст почнуваат да ги разбираат глаголските форми, почнуваат да ги разбираат зборовите низ индентификацијата, на правилно користење на заменките како и правилно именување на боите сé уште е тешко барање за повеќето деца.

  1. Квалитетот на интеракцијата меѓу мајката и детето

Анализата на зачестеноста на одделни индикатори на интеракцијата меѓу мајката и детето на нашата мостра укажува дека квалитетот на оваа интеракција кај мнозинството може да се смета за добар. Во текот на опсервацијата родителите обилно ја користеа вербализацијата во комуникацијата со детето и при тоа со својот глас, со движењата изразува позитивни чувства кон детето. Мнозинството деца имаат соодветни играчки и простор каде што можеа слободно да играат, но родителите малку поретко (88%) му дозволуваат на детето да игра игрите во кој може да се извалка. Забележана е тенденција на родителот во присуство на возрасните лица што не се од семејниот круг (опсервер) поинаку да се однесува, односно, односно да не му ги дава играчките на детето за време на посетата и често да го ограничува детето во активностите.

  1. Односот на развиеноста на говорот и квалитетот на интеракцијата меѓу мајката и детето

Анализата на резултатите покажува дека условите што им ги обезбедуваат родителите на децата за игра се мошне значајни за развојот на говорот кај децата. Важно е детето да има посебно место за играчките и за “богатството” како и родителот да му дозволува на детето да си игра со “валкани” игри (на пример: да игра со песок, со вода, да меси колачи и сл.). Исто така е значајно родителот вербално да го изразува своето задоволство со детето, да го фали и исто така да ја пројавува својата љубов и невербално, на пример да го милува и да го бакнува.

Заклучок

Развиеноста на говорот кај децата на нашата мостра беше очекувана за возраста, а квалитетот на интеракцијата меѓу мајката и детето во целост добар, што се очекуваше со оглед на тоа што се однесува на здрави деца што живеат во целосно семејство.
Развиеноста на говорот кај децата на нашата мостра беше во статистички значајна корелација особено со оние квалитети на интеракција што се однесува до позитивниот емоционален тон и на изобиството спонтана вербализација на родителот во комуникацијата со своето дете, како и на обезбедувањето на простор и слобода за играта на детето.
Врз основа на добиените резултати на истражувањето можеме да заклучиме дека меѓу развојот на говорот и квалитетот на интеракцијата меѓу мајката и детето на возраст од 24 месеци постои значајна поврзаност.
Добиените резултати се во сообразност со резултатите на истражувањето што говорат за блиска врска меѓу квалитетот на интеракцијата мајка-дете и развојот на говорот.

Литература

  1. Ainsworth M.D.S.: The development of infant-mother attachment; u: Caldwell B.M. i Ricciuti H.N. (eds).: Review of Child Development Research, Vol 3; University of Chicago Press 1973
  2. Bates E., Thal D. i Jankowski J.: Early language development and its neural correlates, chapter 5; vo: Handbook of neuropsychology, Vol 7, (ed.) Segalowitz S.J., Rapin I.; Elsevier 1992
  3. Bojanin S.: Neuropsihologija razvojnog doba i opsti reedukativni metod; ZUNS Beograd 1985 (II izdanje)
  4. Bradley R., i Caldwell B.: Home Observation for Measurement of the Environment; a validation study of screening efficiency; American Journal of Mental Deficiency 81, 417-420 (1977)
  5. Bzoch K.R. i League R.: The Bzoch-League Receptive Expressive Emergent Language Scale (REEL Scale); 1970
  6. Howlin P.: Language, u Rutter M.: Development Psychiatry; American Psychiatric Press Inc., Washington 1987
  7. Holt K.S.: Child Development: Diagnosis and Assessment; Butterworth-Heinemann Ltd. 1991
  8. Керамитчиевски С.: Општа логопедија, Научна књига Београд 1990
  9. Pijaze Z., Inhelder B.: Intelektualni razvoj deteta; ZUSN Beograd 1978
  10. Rutter M.: Attachment and development of social relationships; u: Rutter: Development Psychiatry; American Psychiatric Press Inc., Washington 1987
  11. Tsiantis J., Dragonas Th., Cox A. Smith M., Ispanovic V. i Sampaio-Faria J.: Promotion of children’s early psychosocial development through primary health care services; Pediatric and perinatal epidemiology 1996 10, 339-354
  12. Васић С.: Говор вашег детета; ЗУНС Београд 1981 (II издање)
  13. Владисавлјевић С.: Пореме¢аји изговора, Привредни преглед Београд 1981
Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in