JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6589
Роберта МИТРЕВСКА
- Цел на истражувањето
Главната цел на истражувањето е да се согледа дали во редовните училишта се присутни деца со пречки во развојот, колкав е нивниот број и каква е организацијата на работата со овие деца.
-
Задачи на истражувањето
a) Да се определи каков вид на попречност е најчест кај децата со пречки во развојот вклучени во редовните училишта.
б) Да се направи увид и да се констатира:- дали постои посебна програма за работа со овие деца;
- дали учениците се подготвени да го прифатат детето со пречки во развојот во своето одделение;
- дали учителите се стручно оспособени за работа со овие деца;
- дали во училиштето постои стручно лице (дефектолог) што ќе работи со овие деца;
- дали во училиштето постојат техничко-технолошки средства за работа со овие деца;
- дали се отстранети архитектонските бариери за телесно инвалидното дете вклучено во редовно училиште;
- дали постои соработка на училиштето со друга стручна установа.
-
Да се направи увиди во успехот што го постигнуваат учениците со
пречки во развојот вклучени во редовните училишта.
- Предмет на истражувањето
Предметот на ова истражување се учениците со пречки во развојот што се вклучени во редовните основни училишта на подрачјето на градот Скопје.
-
Хипотези на истражувањето
- се претпоставува дека во редовните училишта на територијата на Скопје постојат (организирано-неорганизирано) вклучени ученици со пречки во развојот.
- Подготвеноста на учениците со пречки во развојот и на учениците без пречки во развојот, на учителите во чии одделенија има вклучено ученици со пречки во развојот и на родителите на учениците со и без пречки во развојот претпоставува успешна интеграција.
- Посебна воспитно-образовна и рехабилитационо-корективна програма за работа со овие деца, претпоставува успешно спроведување на интеграцијата.
- Вклученоста на дефектологот во редовните училишта, претпоставува успешно спроведување на интеграцијата на децата со пречки во развојот.
- Соработката на редовното училиште во кое има вклучено деца со пречки во развојот со стручните установи, значително ја олеснува интеграцијата на учениците.
- Успехот што го постигнуваат учениците со пречки во развојот во редовните училишта не е релативен на условите во кои тие се школуваат.
- Примерок и варијабли на истражувањето
Во истражувањето се опфатени сите деца со пречки во развојот што се вклучени во некое од 59-те редовни училишта на територија на Скопје.
Независни варијабли се: полот, возраста, видот на попреченоста, стручна документација.
Зависни варијабли се: интеграцијата.
- Место и време на истражувањето
Истражувањето се изведуваше на подрачјето на градот Скопје во периодот од 1.06. до 30.06.1997 година и од 1.09.1997 до 15.10.1997 година.
Во истражувањето беа опфатени 59 основни училишта.
-
Истражувачки техники и инструменти
- Техника на интервју со инструмент-протокол на интервју
Во истражувањето оваа техника се применуваше за планско предизвикување на вербални манифестации на личноста со што се водеше разговор, т.е. со педагогот или психологот на определеното училиште.
Интервјуто според содржината беше во врзана односно стандардизирана форма, со однапред прецизирани прашања. Во Прашалникот се присутни 15 прашања со точно определен тек и редослед. Наменет е за секое дете посебно со име и презиме (иницијали), основното училиште во кое е интегрирано детето со пречки во развојот, одделението и датумот на раѓањето. Преку прашањата се определува видот на попреченоста и организацијата на работа со децата со пречки во развојот што се вклучени во редовните училишта, како и успехот што го постигнуваат овие ученици во редовните одделенија.
- Техничка анализа на документацијата со инструмент-листи, документи.
При користење на оваа техника се вршеше анализа на документи што се претходно изработени од други личности (лекар, психијатар и сл.). Документите што беа анализирани се: лични документи на детето, семејна документација (доколку ја има во училиштето), наодот и мислењето, решението за категоризацијата.
-
Анализа со дискусија
- Седум од 59-те училишта се изјаснија дека немаат ниту едно дете попречено во развојот.
- Во 8 училишта се наоѓаат специјални паралелки, каде се школуваат деца со пречки во развојот, а во редовните одделенија не се интегрирани вакви деца. Тие се во склопот на посебните основни училишта и во нив се работи по посебна програма.
- Во 44 редовни основни училишта на подрачјето на Скопје се вклучени 252 деца со пречки во развојот и тоа во пет општини што може да се види од следната табела.
Коментар за Табела 1
Од Табелата 1 може да се констатира дека од наведенете 44 училишта распоредени во 5 општини на подрачјето на градот Скопје се школуваат вкупно 33.905 ученика. Од нив 252 или 0.74% се ученици со пречки во развојот.
Во Општина “Центар” вкупниот број на ученици е 7.626. Од нив 50 ученици или 0.65% се ученици со пречки во развојот.
Во Општина “чаир” вкупниот број на ученици е 7.046. Од нив 59 ученици или 0.83% се ученици со пречки во развојот.
Во Општина “Гази Баба” вкупниот број на ученици е 2.490. Од нив 37 ученици или 1.48% се ученици со пречки во развојот.
Во Општина “Кисела Вода” вкупниот број на ученици е 9.828. Од нив 60 ученици или 0.61% се ученици со пречки во развојот.
Во Општина “Карпош” вкупниот број на ученици е 6.915. Од нив 46 ученици или 0.66% се ученици со пречки во развојот.
- Од наведените 252 ученици со пречки во развојот што се школуваат во редовните училишта на подрачјето на Скопје, 22% се со пречки во говорот, 6% се со пречки во слухот, 7% се со пречки во видот, 9% се телесно инвалидни и 56% се со пречки во психичкиот развиток.
- Од вкупно 252 ученици со пречки во развојот 16 или 6% се со пречки во слухот. Од овие 16 ученици, 12 се наглуви (73%), а 4 се глуви (27%).
- Од вкупно 252 ученици со пречки во развојот 24 или 9% се со телесна инвалидност. Од овие 24 ученици 19 (75%) се со церебрална парализа, а 5 (25%) со хронични заболувања.
- Од вкупно 252 ученици со пречки во развојот се вклучени во редовните училишта на подрачјето на Скопје 140 или 56% се со пречки во психичкиот развиток. Од овие 140 ученици 84 (60%) се гранични случаи, 52 (37%) се со лесна попреченост и 4 (3%) се со умерени пречки.
- Од вкупно 252 ученици со пречки во развојот 52 или 22% се ученици со пречки во говорот и гласот. Од овие 52 ученици 36 (71%) се со дисфонии, а 16 (29%) се со пелтачење.
Исто така истражувањето покажа дека од 58-те училишта, во 23 постои претходна подготовка на учениците, училиштето и семејството.
Во ниту едно училиште не постои посебна програма за работа со деца со пречки во развојот.
Присуството на дефектолог има само во оние училишта каде постојат специјални паралелки за работа со овие деца.
Во 36 училишта добиени се одговори дека постои потреба од вработување на дефектолог во училиштето.
Во 31 училиште постои соработка на училиштето со други стручни установи.
Во однос на покажаниот успех може да се констатира дека од децата со пречки во развојот интегрирани во наведените 58 училишта на подрачјето на Скопје, 0.42% се добри ученици, 0.26% се доволни, 0.16% се одлични и 0.14% се многу добри.
Имајќи го предвид фактот дека со овие деца не се работи по посебна програма, во училиштето нема вработен дефектолог што на стручен начин ќе ги воведува овие деца во наставните содржини, во училиштето нема техничко-технолошки средства за работа со овие ученици, нема потребни дидактички материјали за стекнување на знаење и слично, може да се констатира дека и постигнатиот успех не е адекватен на условите во кои овие ученици се школуваат.
Заклучок и предлози
- Заклучок
Од досега изнесеното произлегува дека постои потреба и можност определен број на деца со пречки во развојот интегрирано да се школуваат во редовните основни училишта. Но пред да се пристапи кон интеграцијата, потребно е да се извршат претходно наведените подготовки, односно барања за да може да се постигне успех во интегративното образование со овие деца.
Повеќето училишта се готови да ја прифатат интеграцијата, но секое од нив бара пред да се пристапи кон интегрирање да се задоволат потребните услови за тоа.
Од вкупно испитаните 58 училишта се констатира дека во 14 училишта нема интегрирано ученици со пречки во развојот, а во 44 училишта од вкупно 33.905 ученици, 252 или 0.74% се ученици со пречки во развојот. Од нив 16 или 6% се со пречки во слухот, 20 или 7% се слабовиди, 24 или 9% се со телесна инвалидност, 52 или 22% се со оштетен говор и 140 или 56% се со пречки во психичкиот развиток.
Според резултатите добиени од истражувањето, може да се докаже дека првата хипотеза-”во редовните училишта на територијата на Скопје постојат организирано-неорганизирано вклучени ученици со пречки во развојот”, е потврдена, односно во редовните училишта на територија на Скопје постојат 252 неорганизирано вклучени ученици со пречки во развојот.
Втората хипотеза -”подготвеноста на учениците со пречки во развојот и на учениците без пречки во развојот, на учителите во чии одделенија има вклучено ученици со пречки во развојот и на родителите на учениците со и без пречки во развојот, претпоставува успешна интеграција”, не е потврдена, бидејќи кај 60.3% од училиштата не постои претходна подготовка за интегрирање на овие деца и тоа:
- децата со и без пречки не се подготвувани;
- учителите во чии одделенија има вклучено ученици со пречки во развојот не се подготвени за работа со нив;
- родителите на децата со и без пречки во развојот исто така не се подготвени.
Трета хипотеза-”посебната воспитно-образовна и рехабилитационо-корективна програма за работа со овие деца претпоставува успешно спроведување на интеграцијата”, не е потврдена бидејќи во ниту едно училиште не постои посебна програма за работа со овие деца.
четврта хипотеза-”вклученоста на дефектолог во редовните училишта претпоставува успешно спроведување на интеграцијата на децата со пречки во развојот”, не е потврдена бидејќи во ниедно училиште не постои дефектолог што ќе работи со овие деца за време на наставата или по наставата.
Петта хипотеза-”соработка во редовното училиште во кое има вклучено деца со пречки во развојот, со стручните установи ја олеснува интеграцијата на учениците”, е потврдено бидејќи кај 53.4% од училиштата постои соработка со други стручни установи според потребите на децата со пречки во развојот.
Шеста хипотеза-”успехот што го постигнуваат учениците со пречки во развојот во редовните училишта не е релативен во условите во што тие деца се образуваат”, е потврдено бидејќи успехот што го постигнуваат во училиштата не е врз основа на нивните стекнати знаења. Од добиените информации често со нив се работи фронтално, заедно со другите ученици во одделението, а оценувањето не е определено со стекнатите знаења, умеења и ставови. Оценките на наставните резултати не се точни, сигурни, објективни и сеопфатни. Тие се добиваат почесто врз основа на хуманоста и сожалување од страна на наставникот.
- Предлози
Врз основа на истражувањето, добиените резултати и Заклучокот, предлагам:
- Да се започне со организирана интеграција на надлежните органи и служби со претходно извршени потребни подготовки и споменатите потребни услови.
-
Во училиштето каде има инцидентно и неорганизирано интегрирани ученици да се стори следното:
- да се изврши стручно опсервирање, детекција и класификација;
- да се започне со организирано подготвување на примените ученици за интегрирано образование;
- да се изготви посебна програма за работа со децата со пречки во развојот;
- да се започне со обука на учителите за работа со децата со пречки во развојот и
- да се започне обука со родителите на деца со и без пречки во развојот.
- Со овие деца мора да се работи строго индивидуално или да се примени интервентна настава (дополнителна, додатна, продолжена), штоа би се изведувала како подготовка за новата содржина во редовното одделение поради полесно следење на наставата.
- Училиштето да се опреми со техничко-технолошки средства за работа со овие деца.
- Да се набават потребни дидактички материјали и наставни средства за успешно изведување на наставата.
- Во училиштата да се отстранат архитектонските барирери, за да се овозможи посамостоен пристап на телесно-инвалидните ученици.1
ЛИТЕРАТУРА
- Ајдински Љупчо: Новини, искуства и тенденции во интеграцијата и нормализацијата на третманот, образованието и оспособувањето, односно рехабилитацијата на хендикепираните лица, Струга-јануари 1995.
- Ајдински Љупчо: “Интегрална рехабилитација на ментално ретардираните лица”, Београд, 1981.
- Биондић Иван: “Интегрална педагогија”, Школске новине, Загреб, 1993.
- Гојко Зовко: “Специјална педагогија”, Загреб, 1974.
- Гојко Зовко: “ Реформа одгоја и образовања дјеце с тешко¢ама у развоју”, Савез друштва дефектолога Хрватске, Загреб, 1985.
- Голи Д. и Жеровник А: “Прирачник за рад са ученицима што имају ССУ у настави почетног читања и писања”, Педагошки институт при Универзитет Едварда Кардеља у Љубљани, 1979.
- Добрев Златко: “Умствено изостанали деца”, Софија, 1995.
- “Интеграција граничних случајева у редовну основну школу”, Савезно савјетовање, Загреб, 1977.
- “Новости-Републичка конференција за рехабилитацију и заштиту инвалида у СРХ”, Загреб, 1990.
- “Обучение за всички”-Международна лига на дружествата за лица с умствени уврежденија, 1990.
- Петров Ристо: “Порфесионална ориентација и оспособување на хендикепираните лица” (Предавања)-Скопје, 1997.
- Наумовски Александар и Ајдински Љупчо: “Збирка на прописи за заштита на рехабилитација на лицата попречени во психичкиот развиток”-со коментар, Сојуз на друштвата за помош на ментално ретардирани лица на Македонија-Скопје,1982.
- “Психофизичкиот развој кај школските деца во Битола”, Збирка на трудови, Битола,1994.
- Радулов Владимир: “Деца со специјални педагогически нужди в училиштето и општесвото” Бургас, 1996.
- Радулов Владимир: “Интегрирано обучение и специјалните училишта”, Аксиос, Шумен”, 1995.
- Савић Љубомир: “Специјални воспитно-образовни рад у основној школи”, Београд, 1976.
- “Савјетовање о реформи одгоја и образовања особа са сметњама у развоју”, Загреб,1978.
-
Софијанов Никола: “Заболувања на нервниот систем во детската возраст” Македонска книга, Скопје, 1985.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE