JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5561
Даниела ЈАКИМОВСКА
Некои ИСКУСТВА ОД РАБОТАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ НА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ ПОПРЕЧЕНИ ВО РАЗВОЈОТ-КРИВА ПАЛАНКА
Центарот за дневен престој на деца и младинци со пречки во психофизичкиот развиток, оформен во склопот на Социјалната програма на Црвениот крст на Република Македонија, функционира од 15 март 1995 година.
Црвениот крст на Македонија, преку Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка, во соработка со Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, овој центар го отвори со финансиска помош од Црвениот крст на Шпанија, што беа донатори на 130.000 CHF. Овие средства се употребени за реновирање на зграда, што е во сопственост на Центарот за социјални работи во Крива Паланка, за опремување на Центарот, стручна едукација на вработените и финансирање на дејноста во првите три месеци.
Во втората половина на 1995 година Центарот работеше на волонтерска основа на ангажираните лица и од донаторство на претпријатијата од Крива Паланка, на г-ѓа Милер и Хуманитарната организација “Екилибар”.
Во 1996 година, финансирањето на Дневниот центар го презеде Министерството за труд и Социјална политика на Република Македонија, а стручно-организациониот надзор Центарот за социјални работи од Крива Паланка.
Со тоа двегодишните ангажирања (почеток на проектот-март 1994 год.) на Општинската организација на Црвен крст и десетгодишното иницирање и настојување за отворање на вакви институции од страна на Сојузот на друштва за помош на ментално ретардираните лица на Македонија, добија среќен крај.
Функционирање на центарот
Функција на Центарот за дневен престој на деца и младинци со пречки во писхофизичкиот развиток е да врши дневно згрижување на лица од 7 до 26 годишна возраст, со пречки во психичкиот и физичкиот развиток.
Во овој Центар престојуваат 25 деца од 07:00 до 15:00 часот и тоа пет дена во текот на неделата.
Возрасната структура на децата е следната:
до 10 години ............................................... 4 штитеници
од 10-15 години ........................................ 11 штитеници
од 15-20 години .......................................... 5 штитеници
од 20-26 години .......................................... 5 штитеници
Лицата згрижени во Центарот за дневен престој се со:
- умерена попреченост во психофизичкиот развој
- полесен вид на тешка ментална ретардација и
- комбинирани пречки во психичкиот развој и телесен инвалидитет.
Во Центарот за дневен престој се вработени пет лица и тоа: психолог, социјален работник, медицинска сестра, домаќин-возач и готвач-хигиеничар.
Децата се земаат и враќаат дома со возило.
Социјализацијата на штитениците во Центарот се остварува преку:
- развивање на навики за задоволување на основните лични потреби;
- оспособување за комуникација со околината;
- прилагодување кон основните норми и барања на непосредната животна и социјална средина;
- корисно-работно ангажирање.
“Воспитно-образовниот” процес кај штитениците се остварува индивидуално, имајќи ја предвид различно намалената можност на секој поединечно, преку:
- запознавање со букви и бројки;
- цртање и боење;
- гледање на ТВ емисии и разговори по истите;
- подготвување на приредби за определени пригоди и слично.
Првитерезултати од работата на центарот
Хендикепираните деца до поаѓањето во Центарот беа затворени во сопствените животни средини. Поради неукост на родителите и сиромаштија, добар дел од нив беа запоставени, хигиенски запуштени, психички уште повеќе на некој начин деградирани раздразливи, агресивни и некомуникативни.
Престојот во Центарот доведе до значителен напредок кај децата до зголемување на нивото на социјализација, до осмислување на нивниот живот.
Релаксација, смиреност и свежина секое утро се постигнува со задолжителната утринска гимнастика. На себе докажување видно се манифестира преку работната ангажираност и креативност што резултира со изработка на таписерии, плетење, изработка на фигури од пластелин, колаж хартија и други материјали.
Чувството на корисност и самодоверба кај децата е манифестно со нивно учество во подготвувањето на храната, послужувањето и во раскревање и хигиената на приборот за јадење. Учеството на дежурните штитеници во поставување и раскревање на храната и одржувањето на хигиената во кујната, доведува до зголемување на одговорноста и уредноста, што потоа се пренесува и во домашни услови.
Самоиницијативноста кај штитениците во изминатиот период е поттикнувана и е создадена во одржување на хигиената на дворното место, на возилото, на работните простории, како и во одгледувањето на разновидни цвеќиња.
Чувството на заемна помош и искрено другарување, во изминатиот период се јавуваше мошне изразено. Децата со помал хендикеп, оние што се поспособни, несебично им помагаат на другите во извршувањето на секојдневните активности и во задоволување на личните потреби.
Скромни познавања од читање и броење се забележуваат кај штитениците што немаат никакви познавања за бројки и букви, а на оние што имаат предзнаења им се помага во нивното надградување.
Концентрацијата и говорните способности кај штитениците се развиваат преку гледање ТВ и слушање на приказни-читани од воспитувачите, нивно прераскажување и анализирање.
Развивањето на менталните способности и логичкото размислување се прави обид да се постигнува со слушање на музика и преку игри-неформални и имагинативни. Тука спаѓаат и организираните приредби кои штитениците ги изведуваат пред родителите и други гости. Учењето на стихотворби, гатанки или песни е долготраен и мачен процес, но задоволството од постигнатото го компензира целиот труд.
Децата го сакаат престојот во Центарот и со голема радост доаѓаат и престојуваат во него.
Соработката со родителите на штитениците е на задоволително и се реализира преку организирани средби или секојдневни контакти при земање и враќање на децата. На средбите се разгледуваат општата состојба на Центарот и на штитениците, поединечните забелешки за секое дете индивидуално и се преземаат мерки за уште поголема успешност во функционирањето на Центарот.
Општата здравствена состојба на штитениците во Центарот за дневен престој во изминатиот период беше на задоволително ниво. Не е забележана појава на помасовни заболувања и отсуства.
Два штитеници се под постојана терапија и ја примаат редовно.
Се чувствува голем напредок во одржувањето на личната хигиена кај штитениците, како во Центарот така и дома. Веќе се стекнати навики за самостојно одржување на личната хигиена.
Чувството за ред и хигиена на сите простории во Центарот за дневен престој исто така е изградено кај сите штитеници.
Еднаш годишно во Центарот се спроведува систематски преглед.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE