JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6526
С. НИКОЛОВСКА, И. ДВОЈАКОВ, Е. БОЈАЏИЕВСКА
Улогата на лекарот во детекцијата на деца со пречки во развојот, во предучилишните установи
Увод
Предучилишните установи-градинки, претставуваат организации што обезбедуваат престој на деца од предучилишна возраст. За време на престојот во нив, предучилишните установи обезбедуваат нега, исхрана, воспитување, образование и здравствена заштита на децата што поминуваат по осум и повеќе часови дневно. За извршување на овие сите дејности, во градинките се вработени стручни лица од разни профили. Лекарот во предучилишните установи е носител на здравствената дејност и негова основна задача и цел е да дејствува превентивно за зачувувањето и унапредувањето на здравјето на децата.
Цел
Целта на трудот е да се прикаже работата на лекарот во градинките кој преку редовните систематски прегледи го следат растот и развојот на децата, а со тоа се откриваат и оние деца што отстапуваат во својот развој.
Материјал и методи
Опфатени се 980 деца од седум градинки во Општина Кисела Вода Скопје, на што се извршени по два систематски прегледа годишно, во текот на пет години од 1990 год. до 1995 год. Во склоп на систематските прегледи беа опфатени и регистрирани во здравствените картони што ги поседува секое дете, следните податоци:
- Извршени вакцинации;
- Антропометриски испитувања;
- Прегледи по системи;
- Инфективни заболувања.
Наш интерес беше да откриеме и да прикажеме, дали има деца што отстапуваат од нормалниот развој и ако има, што пречки се тоа и на која возрасна група и припаѓаат.
Резултати и дискусија
Резултатите можат да се видат од следната табела:
Од табелата се гледа дека децата се поделени по возрасни групи и тоа:
- Група на деца на возраст од 1 до 2 години;
- Група на деца на возраст од 2 до 4 години;
- Група на деца на возраст од 4 до 6 години;
- Група на деца на возраст над 6 години.
Според видот на пречките прикажани се следните групи:
- Деца со пречки во слухот;
- Деца со пречки во видот;
- Деца со пречки во говорот;
- Телесен инвалидитет;
- Деца со дисритмио церебри-dysrhytmio cerebri;
- Деца со прележани инфективни заболувања-менингитис акута.
Од резултатите се гледа дека деца што се глуви и наглуви не се најдени (откриени).
Со пречки во говорот се нотирани деца со дислалии, спазмолалии, дислексии и други растројства во говорот.
Како отстапување во видот ги наведуваме случаите на нистагмус и страбизмус. Слабовиди и слепи деца не беа најдени.
Деца со телесни инвалидитет немаше.
Беа евендитирани деца што во нивната анамнеза имаа податоци за дисритмио церебри.
Како ризична група со пречки во развојот ги евидентиравме и децата што имаа прележано (MENINGITIS AKUTA)-добиен при земање на анамнеза или како што има случаи на ова заболување во неколку детски градинки што може да се види од прикажаната табела 1.
Од горенаведените резултати се гледа дека децата со пречки во видот се на прво место со 5% учество во целокупниот број на деца со пречки. На второ место се застапени децата со пречки во говорот со 4%, на трето место се наоѓаат групата деца што прележале (MENINGITIS AKUTA) и тоа со 2%, а на четврто место со 1.4% се групата на деца со (DYSRHTMIO CEREBRI).
Сите овие деца беа упатени во “Развојното советувалиште Битпазар” за понатамошна евалуација.
Сите горенаведени пречки во развојот беа од полесен степен. Тешки растројства во развојот со детекција не беа најдени. Ова е логично заради фактот што еден од условите за престој во градинкита е да детето при упис мора да го исполнува условот да биде психички и физички здраво.
Заклучок
Тргнувајќи од фактот дека секое дете има право да се воспитува и образува на своето сопствено ниво, со прикладни, соодветни методи и средства односно во определени услови, се поставува прашањето, зошто предучилишните установи се отворени само за децата што се психички и физички здрави, т.е. со нормален развој. Нема никакво оправдување да не се вклучуваат деца со пречки во развојот особено оние полесните во редовните градинки. Тоа е спротивно на Декларацијата за правата на децата на ООН како и на сите цивилизациски придобивки во денешно време.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE