JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5569
Татјана КОЧАНКОВСКА, Вангел ТОДОРОВ
Рана детекција на деца со пречки во психомоторниот развој
Развојот на децата во раната возраст станува предмет на интерес на многу стручњаци, а посебно на оние што се занимаваат со заштита на здравјето на децата. Во денешниот свет разбирањето на детската проблематика не се ограничува само на заштита на децата против болести или смрт, туку бара многу посложено набљудување на детето и неговите потреби.
Детето е целост и не смее да се занемари ниту еден од факторите што влијаат на неговото здравје било да е физички, интелектуален, емоционален или социјален, бидејќи нивното дејствување се испреплетува и поврзува меѓу себе.
Психичкиот развој на детето е исто толку важен како и физичкиот. Познавањето и следењето на психичкиот развој овозможува рано откривање на растројствата на забавувањата во развојот, а со тоа и навремено преземање мерки за успешна терапија и рехабилитација.
Денешните сознанија овозможуваат организирање на систематски прегледи на децата во осетливите фази на развојот на определени функции. Таква практика постои и во нашата установа, каде што се организираат редовни систематски прегледи на здрави деца на тригодишна и петгодишна возраст. Прегледите се вршат во месецот на раѓањето на детето со негово повикување да се јави на преглед. Систематскиот преглед го врши тим од стручњаци, меѓу кои има и педијатар и психолог.
Овде ќе бидат прикажани резултатите од еден сегмент на систематскиот преглед, а тоа е процена на психичкиот развој на децата. Во анализата се опфатени 308 деца од што 160 машки и 148 женски деца на возраст од пет години, сите од Битола.
Во испитувањето беа применети систематско интервју со родителот и развојниот тест на Чутуриќ.
Со интервјуто се прибираа податоци, битни за развојот на детето: податоци за бременоста и породувањето, податоци на раниот развој, податоци за семејството и начинот на воспитувањето и слично.
Развојниот тест на Чутуриќ служи за испитување на психичкиот развој на детето. Врз основа на постигањата на тестот се пресметува коефициентот на менталниот развој и се определува психичкиот развој на детето во една од следните категории:
- акцелериран развој;
- уреден развој;
- ризичен развој (гранични случаи)-деца кај што е потребен понатамошен дијагностички третман и внимание (коефициент на ментален развој од 79-60).
Во нашето испитување добиени се следните резултати што се гледаат од следната табела:
Од табелата се гледа дека 2.6% од испитаните деца спаѓаат во категоријата на деца со ризичен развој.
Кај определен број од другите деца (300) беа издвоени тешкотии и растројства во оделни области од развојот. Тука ќе наведеме неколку.
Во областа на говорот се издвоени:
- дислалиа кај 54 деца (18%), од што најголем дел отпаѓаат на ротацизмот (44.44%) и
- дизартрија кај 3 деца (1%).
Во областа на моториката се издвоени:
- хипермоторност кај 18 деца (6%) и
- тик кај 9 деца (3%).
Кај сите деца, кај кои беше определен ризичен развој или беа издвоени растројства во оделни области на развојот, се преземаат понатамошни испитувања за дијагностички и тераписки третман. Ова ја наметнува потребата за понатамошно организирање и проширување на систематските прегледи како добар метод за детекција на деца со пречки и растројства во психомоторниот развој уште во предучилишната возраст.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE