JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 7310
Зоранче МИХАИЛОВ
ПЕРМАНЕНТНОТО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА
ДЕФЕКТОЛОШКИТЕ КАДРИ-ЗАКОНСКА ОБВРСКА
За поуспешна и поефикасна интеграција на лицата со пречки во развојот во социјалната средина, во Р. Македонија организирано е задолжително основно образование на овие лица, со што е остварено нивното уставно загарантирано право.
Основното образование за учениците со пречки во физичкиот и психичкиот развој се организира и остварува во посебни основни училишта, односно посебни паралелки при редовните основни училишта, во зависност од видот и степенот на попреченоста. (чл.5 од Законот за основно образование. Сл. весник на Р.М. бр. 44 / 95), а врз основа на посебни наставни планови и програми (чл. 25 од истиот закон).
За успешна и ефикасна реализација на воспитно-образовната дејност неопходни се соодветни стручни профили. Поаѓајќи од тоа во Законот за основно образование чл. 66, односно во Законот за изменување и дополнување на законот за основно образование чл. 3 (објавен во Сл. весник бр. 35 / 1997) јасно и прецизно се наведува:
- Воспитно-образовната дејност во основното образование ја остваруваат наставници, стручни работници и соработници. Во групата на стручните работници во овој став е вклучен и дефектологот (став 1).
- учител за ученици со пречки во физичкиот развој и ученици со лесни пречки во психичкиот развој, може да биде лице со завршено соодветно дефектолошко образование (став 5).
- наставник по предметна настава за ученици со пречки физичкиот развој, може да биде лице кое покрај условите наведени во ставовите 3 и 4 од чл. 66 (завршен соодветен наставнички факултет, академија или виша школа), се здобило и со соодветно дефектолошка, психолошка и методска подготовка (став 6).
- Наставник за ученици со лесни пречки во психичкиот развој, може да биде лице со завршено соодветно дефектолошко образование освен за предметите: физичко, ликовно, музичко воспитување и Општо техничко образование, каде што наставник може да биде лице кое ги исполнува условите за предметна настава во основното училиште од став 6 на овој член. (став 7)
Исто така во чл. 72 од Законот за основно образование (Сл. весник на РМ бр. 44 / 95 се наведува дека:
Секој учител, наставник, стручен работник и воспитувач кој првпат се вработува во основно училиште, треба една година да работи како приправник. За време на приправничкиот стаж, споменатите лица се оспособуваат за самостојна воспитно-образовна, односно стручна работа преку совладување на соодветна програма за стручен испит што ја донесува министерот на предлог на Педагошкиот завод.
Според чл. 73, од истиот закон учителите, наставниците, стручните работници и воспитувачите во текот на својот работен век се должни перманентно стручно да се усовршуваат.
Стручното и педагошкото усовршување го остварува Педагошкиот завод, наставничките факултети и специјализирани јавни установи. (чл. 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование. Службен весник на РМ бр. 35 / 97).
Стручен испит за приправниците кои се бават со воспитно-образовна дејност во основните училишта
Врз основа на чл. 72 од Законот за основно образование донесен е Правилник за начинот и постапката при полагање стручен испит на учител, наставник, стручен работник и воспитувач во основното училиште (Сл. весник бр. 27 / 1996).
Со овој Правилник се пропишува и регулира начинот и постапката за полагање на стручниот испит, основните одредби кој се однесуваат на испитот, пријавување на испитот, формирање на испитна комисија, подготовка за полагање на стручниот испит, содржината и начинот на полагањето, како и оценувањето на резултатите од стручниот испит.
Со стручниот испит се проверува оспособеноста на приправникот за самостојна воспитно-образовна, односно стручна работа во основното училиште. Приправникот се оспособува со помош на ментор што го определува наставничкиот совет. Менторот изготвува План за работа и води евиденција за работата на приправникот, врз основа на која изготвува извештај и мислење кој ги доставува до директорот на училиштето. При оценувањето на приправникот, на стручниот испит се разгледува и мислењето на менторот. Овој испит се полага по завршувањето на приправничкиот стаж (чл. 3 од Правилникот) во рок од 6 месеци, а најдоцна до една година по завршувањето на истиот. Стручниот испит се полага пред испитна комисија формирана од министерството и истата се состои од претседател и 2 члена и ист број нивни заменици. Најмалку еден член од комисијата треба да има иста струка како и кандидатот (приправникот) кој полага стручен испит.
Стручниот испит се состои од:
- домашна писмена работа;
- практично-воспитно образовна задача; и
- устен испит.
После 4 месеци од приправничкиот стаж, приправникот за домашна писмена работа избира тема од содржината на програмата за полагање на стручниот испит. Избраната тема приправникот ја проучува, истражува, анализира и разработува од аспект на практичната применливост во наставата, и сето тоа го изготвува како стручен материјал во писмена форма во обем до 10 страници.
Практично-воспитно-образовна задача за учителот и наставникот се состои од подготвување на писмена подготовка и одржување на наставен час за конкретна наставна единица, а воспитувачот изготвува писмена подготовка, одржува едно слободно или задолжително занимање со учениците во ученичкиот дом. За разлика од нив, стручниот соработник изготвува проект и практично го реализира во функција на проучување и разрешување на конкретниот проблем.
Усмениот дел се состои од 2 дела:
- Одбрана на домашната писмена работа и практичната воспитно-образовна работа, и
- Проверката на знаењата од областа на законската регулатива во основното образование и организацијата на воспитно-образовната дејност во училиштето.
Стручниот испит се оценува со “положил” или “не положил”.
На кандидатот кој успешно го положил стручниот испит, Министерството за образование и физичка култура во рок од 15 дена му издава уверение за положен стручен испит.
Според законските одредби наставниот кадар стручно се усовршува и преку разни форми предвидени со посебни програми за индивидуално и групно стручно усовршување.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE