Веле БЛАГИН

 

ДИПЛОМИРАА СТУДЕНТИ ОД ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕФЕКТОЛОГИЈА ПРИ ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

                При крајот на 1997 и почетокот на 1998 година определен број на студенти од првата генерација запишани на дефектолошките студии при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”-Скопје, кои за прв пат во нашата Република започнаа во учебната 1993/94 година, дипломираа со исклучително висок просечен успех. Завршувањето на студиите беше крунисано  со одбраната на нивните дипломски трудови и стекнување звање-дипломиран дефектолог.
Вреднувајќи го овој настан не само од историски туку и од стручен аспект, битно е да се одбележи следното:

  1. Одбраната на дипломските трудови покрај официјалните комисии се одвиваа и пред студенти, заинтересирани кадри од соодветни дефектолошки установи, пред сî, од оние каде што  биле вршени истражувања, родители и членови на нивните семејства како и поголем број заинтересирани граѓани кои со посебен респект и интересирање ја следат одбраната на  трудовите и свечениот епилог на завршување на студиите.
  2. Изборот на проблемите што се предмет на дипломските трудови, се карактеризира со своевидна инвентивност за специфичноста, постојните дилеми и различните ставови како и потребите за едно ново вреднување и приоѓање на целокупниот третман на хендикепираните лица што е вечно зависен од социјалниот и културниот тек на развојот на цивилизациските општесвено-економски односи.
  3. Збунува (условно речено) како што и радува умеењето и вештината на примената на истражувачката методологија со која досегашните дипломски трудови се толку коректно и совесно подготвувани гледано од стручен аспект.
  4. Запрепастува силината на нивната љубов кон оваа хумана и тешка професија што ги  води во еден “деградиран свет” на својата работна и материјална егзистенција со неизбежен лимит на професионалното усовршување и напредување. Тоа, пред сî, поради објективно постојните услови во кои професионалната а посебно високата стручност останува со мал број соодветни скалила на професионално-дефектолошката хиерархија во мрежата на институциите и системот на општествениот третман на хендикепираните лица пошироко гледано.
  5. Воодушевувајќи се од содржината на дипломските трудови (вкупно 8), како и од фактот дека тие се сериозно, стручно и предано обработени, сметаме дека е неопходно да ги наведеме имињата на студентите и насловите на нивните дипломски трудови што можат во секоја прилика да бидат на увид во библиотеката на Институтот за дефектологија  и за нив дури и како феномен да се даваат вистинските оценки и верификации, што можат како позитивно или негативно искуство корисно да послужат за унапредувањето на натамошните студии по дефектологија и другите студии во поширока смисла сфатено.
Имено пишувајќи го претходниот текст ги имавме предвид по ред на дипломирањето следните автори со нивните тематски подрачја и тоа:
  1. Трајкова Зорица:
    Влијанието на ликовното воспитание на почетното пишување и совладување на писменото изразување кај лесно ментално ретардираните ученици во одделенската настава.
  2. Коцева Стојанка:
    Можностите на умерено ментално ретардираните во совладувањето
    на програмските содржини од запознавање со околината и природата.
  3. Стефковска Анета:
    Проценка на графомоторната организираност кај лесно ментално
    ретардираните деца.
  4. Роберта Митревска:
    Вклученоста на децата со пречки во развојот во  редовните основни училишта на подрачјето на град Скопје.
  5. Трпевска Снежана:
    Можностите на умерено и тешко ментално ретардирани лица во совладување на работни операции при работно ангажирање.
  6. Михова Јулијана:
    Слободните активности на учениците во Центарот за специјално средно образование и воспитание “ИСКРА”-Штип
  7. Николов Петре:
    Можностите на тешко и најтешко ментално ретардираните во совладувањето на програмските содржини.
  8. Андоновска Соња:
    Состојба на артикулацијата кај децата со оштетен слух од предучилишна возраст од I до IV група според Костиќ опфатени со рехабилитациски третман.
Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in