JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5379
Зора ЈАЧОВА
СВЕТЛАНА А. ФИЛИПОВИЌ:
“КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА НАСТАВНИТЕ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ ВО ОСНОВНИТА УЧИЛИШТА ЗА ГЛУВИ ДЕЦА СО ПЛАНОВИТЕ И ПРОГРАМИТЕ НА РЕДОВНИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
ЗА ДЕЦА КОИ СЛУШААТ”
(ПРИКАЗ)
Во книгата од м-р Светлана А. Филиповиќ, издадена од Дефектолошкиот факултет во Белград со компаративна анализа се востановени сличностите и разликите помеѓу наставните планови и програми во училишта за глуви деца со плановите и програмите во редовните основни училишта во Србија во временски период од сто години.
Тргнувајќи од фактот дека образованието е мост помеѓу сегашноста и иднината, адекватно на ритмот на промените во севкупниот општесвен развој во чии рамки се наметнува и комплексноста на проблемот за изработка на адекватни програми во образованието и воспитанието, автор Филиповиќ низ призмата на круцијалните поставки дадени во заклучоците на XV заседание на UNESCO ја разработува структурата и содржината на програмите за глуви деца во Србија.
Книгата е структуирана во единаесет поглавја, напишани на 261 страници.
Во воведниот дел од овој труд се дава преглед на теориите и сваќањата за наставните планови и програми низ историјата, што наметнува подреденост на содржината на наставата во однос на целите на образованието. Потоа, авторот ги дефинира термините наставен план и програма, ја разработува структурата на истите во редовните училишта и училиштата за глуви деца, се задржува на целите и задачите на образованието и воспитанието како појдовна основа за изработка на наставните планови и програми, основните педагошки принципи и критериуми за избор на програмските содржини и методолошки принципи за евалуација на наставните планови и програми.
Во првото поглавје што се однесува на хронологијата и настанување на наставните планови и програми за глуви деца во Србија, авторот врши кратка анализа на програмите низ три развојни етапи (во периодот на индивидуалното обучување на глувите деца во приватните училишта за глуви, периодот на организираниот систем на настава за глуви во заводите до II светска војна и периодот на настава за глуви од II светска војна до денес) и заклучува дека општествените движења и промени во Србија условувале чести промени во наставните планови и програми преку три основни цели:
- адаптација на редовните програми во зависност од перцептивните можности на глувите деца;
- развој на сурдопедагошката наука, посебно сурдоаудологијата, што условува воведување на нови предмети и
- развојот на одредени научни дисциплини предизвикуваат подигање на наставата од поедини предмети на едно повисоко ниво преку промени на програмските содржини.
Во второто поглавје е дадена глобална анализа на постојните планови за глуви деца од аспект на наставните предмети и фондот на часови предвидени за поедини предмети и при тоа се констатира видливо оптеретување на наставниот план со нови наставни предмети и растеретување на глувите ученици во однос на годишниот (од 9044 на 7068) и неделниот (од 238 на 186) фонд часови.
Авторот С. Филиповиќ тргнувајќи од фактот дека содржината на наставните предмети српски јазик, математика и запознавање на природата, како приоритетни, преставува појмовна основа за развојот на говорот кај глувите деца во третото поглавје врши методичко-дидактичка анализа на истите и утврдува видлива екстензија на содржината, како резултат на развојот на науката, што се рефлектира на обемот на градивото во училиштата за глуви деца.
Во четвртото поглавје од книгата се формулирани целите и задачите на истражувањето, а тоа се:
- собирање на наставните планови и програми во училиштата за глуви деца во Србија во временскиот период од сто години;
- компарација на наставните планови и програми меѓусебно преку нивната измена и дополнувањата;
- споредување на плановите и програмите за глуви деца со програмите во редовните училишта и
- одредување на положбата на училиштата за глуви деца во единствениот образовен систем во Србија.
Во петтото поглавје се разработува компарацијата како метода на научното истражување низ фазите на компаративната постапка и заклучува дека со компаративната постапка ќе се анализираат индентични параметри (време на воведување на наставните предмети, екстензија, длабочина и содржина на поедини предмети) во наставниот план и програма за редовните училишта и врз основа на разликите ќе се утврди нивото на наставата во училиштата за глуви, земајќи ја предвид програмата за редовните училишта како оптимум содржина од еден предмет.
Во шестото поглавје авторот С. Филиповиќ врши компаративна анализа на наставните планови и програми во специјалните училишта за глуви деца и во редовните основни училишта во периодот од 1896 до 1990 година преку времето на воведување на наставните предмети во наставниот план, воведување на предметите по одделенија, неделниот и годишниот фонд на часови, разлика во фондот во часови по години и содржината на наставните предмети (српски јазик, математика и запознавање на природата), како базични предмети за говорниот и интелектуалниот развој на глувите.
Седмото поглавје од книгата ги нагласува причините што условиле измена во наставните планови и програми кон аперцептивните можности на учениците со оштетен слух и подигање на квалитетот на истите преку воведување на систем на говорни, слушни вежби и фонетска ритмика.
Во осмото поглавје авторот С. Филиповиќ врз основа на дадената исцрпна анализа ги донесува следните заклучоци од истражувањето:
- Воведување на предметите во наставниот план во училиштата за глуви деца и деца кои слушаат има свој континуиран и сихрон тек;
- Воведување на предметите по одделенија се вршело на ист начин како во редовните така и во училиштата за глуви деца;
- Фондот на часови во наставните планови во училиштата за глуви деца е поголем во однос на фондот на часови во редовните училишта;
- Разликата во фондот на часови помеѓу наставните планови во училиштата за глуви деца и редовните училишта постепено се намалува, така што во последниот наставен план разликите се незначителни;
- Наставните програми за предметите српски јазик, математика и запознавање на природата глувите ученици можат да ги изучуваат во редуциран обем во однос на програмите за редовните училишта, затоа што кај глувите деца е неопходно да се посвети внимание на развојот на говорот со цел совладување на општо образовните знаења и вештини од поедини предмети.
Во деветото поглавје се дадени предлог условите што би требало да ги исполнува новиот наставен план и програма за специјалното воспитание и образование за глувите деца, односно за принципите за структурирање на истите. Авторот под осовременување на наставните планови и програми подразбира отвореност кон современите психолошко-педагошки, дидактички-методски и научно-технолошки достигнувања.
Во десетото и единаесетото поглавје се презентира богата библиографија и прилози (табеларен приказ на континуитет на воведување на поедини предмети на наставните планови во училиштата за глуви деца и редовните училишта) што ја зголемува вредноста на оваа книга.
Содржината на оваа книга преставува значаен придонес за методиката и педагогијата на воспитанието и образованието на глувите деца, и мошне корисно може да им послужи како на оние што учествуваат во изведувањето и реализацијата на наставниот процес на лицата со оштетен слух така и на студентите на Институтот за дефектологија.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE