JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 7366
Ксенија ПЕТКОВИЌ-ЛУКИЌ
ПРОМЕНИТЕ НА ЕВОЦИРАНИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ СО СРЕДНИ ЛАТЕНЦИИ
(MLP) КАЈ ДЕЦАТА СО КЛИНИЧКО СОМНЕВАЊЕ
НА РАЗВОЈНАТА СЕНЗОРНА ДИСФАЗИЈА
Вовед
Ниту еден електроаудиометриски тест не е тест на слушање, туку способност на слушниот систем на определени нивоа да произведе евоцирани потенцијали.
Испитувањата на EP генераторот покажуваат дека ниту еден бран не е последица на активноста на само една структура и не е зависен од функцијата на само еден генератор на што укажуваат и многу автори во своите трудови.
Со тоа се отвораат многу нови прашања, но се добива се подобар увид во аферентната организација на сензорниот систем. Нашите испитувања се однесуваат на некои забележувања во аудиолошката дијагностика при користење на евоцирани потенцијали со средни латенции кај децата со оправдани сомневања на сензомоторната дисфазија.
Екот (одзив) на средна латенција се јавува во првите 50 ms по звучното надразување, а е составен од три позитивни и 3 негативни дифлексии, а амплитудата му е помала од 1 mV.
Се смета дека настанува на повисоките нивоа на специфични слушни патишта во таламусот и во слушната кора на мозокот (colliculus inf. Geniculatum mediale, radiatio acustica и во примарна слушна кора).
Материјал и методи
Друга група од децата беше контролна, истиот број, возраст и со нормален слух и говор.
Испитувањето беше спроведено во тивка просторија, за време на прегледот децата лежеа, беа мирни и наполно релаксирани.
Активната електрода ја поставивме на чело, референтни на ипсилатералниот мастоид, а вземнувањето на конралатералниот.
Секое уво беше посебно надразнувано со нефилтрираниот клик, со променливиот поларитет со траење од 120 ms и интизитетот од 100 dB SPL, а го доведовме преку слушалките TDH 39.
Испитувањето беше правено на нашиот апарат за евоцирани потенцијали AMPLAID MK 10. Одговорот е филтриран низ филтри помеѓу 10 и 200 Hz со придушување на филтерот од 12dB по октава.
Набљудувавме:
- Морфологија на сите три позитивни и на сите три негативни бранови;
- Меревме апсолутни латенции кај сите добиени бранови;
- Посебно внимававме дали се јавува или изостанува последниот позитивен бран (Pb).
Резултати
Во контролна група кај здрави испитувани деца морфологијата на одговорите на евоцираните потенцијали со средна латенција беше нормална, беа присутни сите бранови и на десното и на левото уво со нормална очекувана латенција. Кај сите испитувани деца беше присутен и последен позитивен Pb бран кој се јавуваше помеѓу (26.68-35.01) ms.
Во испитуваната група на деца, кај кои се сомневавме на развојната сензорна дисфазија во 80% случаи изостана одговорот на највисоките кортикални структури (Pb) бран. Тоа е преставено на следниот графички приказ.
Кај 30% случаи најдовме продолжување на сите латенции.
Кај 18% случаи поранешниот дел од одговорот покажуваше помало продолжување на латенцијата од продолжените делови на одговорот.
Кај 12% случаи изостанаа последните 3 бранови.
Согледување од истражувањето
За ова испитување не потикна фактот што се поголем е број на децата со нарушени функции на говорот, разбирање на говорот и говорното изразување.
Екот (одзив) на средните латенции на евоцираните потенцијали дава најмногу информации за примената на највисоките нивоа на специфичните слушни патишта и сметаме дека е метод на изборот.
Ние знаеме дека дијагнозата на тие оштетувања не е лесна и дека е најважно да се постави рана и правилна дијагноза.
Поради погрешни дијаностички постапки овие деца многу често се третираат како глуви и ментално ретардирани.
Сметаме дека со специфични програми за стимулација на говорниот развиток, како и со правилно насочена рехабилитација може да се постигнат одлични резултати.
Извесните резултати сè уште не се респектабилни, но се сигнификативни и сметаме дека треба да ги презентираме нашите забележувања. На нашата Поликлиника (“СУВАГ-Загреб”) овие прегледи се рутински. Ќе продолжиме со испитувањата и сметаме дека наодот за евоцирани потенцијали од средни латенции ќе придонесе за диференцијална дијагностика на развојната сензорна дисфазија.
ЛИТЕРАТУРА
-
JERGER J., JOHNSON K.: Interactions of age, gender and sensorineural haering loss on ABB latency. EAR Hear 1988;9: 168-176
-
JEWETT DL., WILLISTON JS.: Auditory-evokied far fields averged from the scalp of humans. Brain 1971; 94: 681-696.
-
OZDAMAR, O., KRAUS, N. i CURRY, F.: 1982. Auditory brainstem and middle-letency responses in a patient with cortical deafnee. Electroencephalo gr. clin. Neurophysiol. 53: 224-230.
-
NINA KRAUS, NANCY REED, D. JAN SMITH, LASZLO STEIN and CHERYL CARTEE: High-pas filter settings affect the detectability of MLRS in humans Electroencephalography and clinical Neurophysology 1987, 68: 234-236.
-
LEE A. HARKER, KEVIN T. KAVANAGH, R.S. TYLER: Auditory brainstem and middle latency responses. Forum, American of Otolaryngology, New Orleans oct. 17-21, 1982.
-
ROSENHALL U., BJORKMAN G., PEDERSEN, K. KALL, A.: Brain-stem auditory evoked potentials in different age groups, Electroenceph. Clin. Neurophysiol. 1985; 62: 426-30.
-
BARBER, C. 1980. Evoked potentials. M.T.P. Press, Ltd., London.
-
GRAS, E. R.,JOHNSON, E. 1980. An Introduction to Evoked Response Signal Averaging. Grass Instruments Company Quincy, Massachusets.
-
MENDEL, M. I. 1980. Clinical use of primary cortical response. Audiology 19: 1-15.
-
LISA R. AUBERT and GRAHAM P. CLARKE Reliability and predictive value of the electrically evoked auditory brainstem response. British Journal of Audiology, 1994, 28, 121-124.
-
TOKURO SUZUKI, MINATO HIRABAYASHI: Age-related Morfological Changes in Auditory Middle latency Response Audiology 26: 312-320 (1987.).
-
DONALDS GANS, DOUGLAS DEL ZOTTO and KAREN DERK GANS: Bise in scoring auditory brainstem response, Britisch Journal of Audiology, 1992, 26,363-368.
-
D. J. PARKER and D. MATSEBULA. The period evoked potential: a rapid tehnique for acquisition of phase-locked responses to continous pure-tone stimulation British Journal of Audiology 1992, 26, 335-338.
-
SHALINI AREHOLL, LLOYD E. AUGUSTINE AND RADHA SIMHADRI: Middle latensy Response in CHILDREN With learning disabilities: preliminary findings J. COMMUN. DISORD 28 (1995) 21-38.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE