JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6141
Е. БОЈАЏИЕВА, И. ДВОЈАКОВ, С. НИКОЛОВСКА
МЕСТОТО И УЛОГАТА НА ПСИХОЛОГОТ ВО ТИМСКАТА ДЕТЕКЦИЈА НА ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ
Вовед
Сложеноста на проблемите, порастот на причинските фактори што влијаат негативно врз развојот, инцеденцијата и превенцијата на децата родени со фактори на ризик и бројот на хендикепираните лица укажува на потребата веќе во првите години на животот да се пристапи кон организирано тимско следење на развојот со што се овозможува рано откривање на заболеност, а со тоа се зголемуваат можностите за успешност во терапијата и рехабилитацијата на децата.
Цел
Во тимската детекција на децата со пречки во развојот од лесни варијации до комплексан забавеност, психологот има мошне сложена задача што произлегува од фактот зашто развојот на децата е обусловен од динамиката, матурацијата и влијанието на надворешната средина. Цел на презентацијата е да се прикажат резултатите од тимската детекција на децата со пречки во развојот во популацијата на ризично родени деца евидентирани и следени во Развојното советувалиште во Скопје, компарирани со изборна контролна група на “здраво родени деца” без пренатален, перинатален и постнатални проблеми.
Метод
Испитувањето е од лонгитудинален (1990-1995) и тимски карактер (педијатар, психолог) извршено по определен календар, критериуми и методологија. По потреба се консултитрани стручњаци од други профили (невропсихијатор, дефектолог, социјален работник, педагог).
Како психометриски инструменти се користени развојните скали РТЧ-М и РТЧ-П развоен тест Чутуриќ на возраст од 3 месеци до 5 години, а по петтата година WISC-тест за проценка на интелектуалните способности.
Психолошката процена во најголем број случаи е динамичка структура и прогностичка, а интерпретацијата на резултатите е стручна и квалитативна.
Опфатена е група од 3.055 деца, од кои 2.105 ризично родени деца и 950 “здраво родени” деца.
Резултати и дискусија
Според педијатрискиот преглед, добиените податоци од структуираниот интервју со родителите, психолошката опсервација во тест-ситуација и добиените резултати од психометриските инструменти (општ кофициент на развој и КР по области, IQ-индекс на интелегенција), се дојде до сознание за присуството на манифестни и суспективни случаи на пречки во развојот.
На табелата 1 е прикажана застапеноста на прeчките во развојот кај двете испитанички групи. Од групата ризично родени деца кај 159 (7,55%) се евиндетирани пречки во развојот, додека кај групата “здраво родени” деца 36 (3,79%). Согледувајќи ги резултатите доаѓаме до сознание дека вкупната застапеност на пречките во развојот е 6,38% што се совпаѓа со податоците од литературата дека зачестеноста се движи окулу 5% кај предучилишните деца, во зависност од применетите критериуми, како и начинот на нивната индентификација.
На табелата 2 е претставена групата на деца со гранични индекси во психомоторниот развој 154 (5,04%), односно 6,51% кај ризично родените деца, а само 1,79% кај “здраво родените” деца. Раното откривање на оваа група (деца со латентен-потенцијален хендикеп), тимското следење и навремениот третман овозможува оптимилизација на развојот кај определени деца, а со тоа се превенираат подлабоки пречки во развојот. Кај 61,04% деца се констатираат незадоволителни моторни постигања, тие интезивно се следат и се спроведува соодветен медикаментозен и физикален третман во соодветни институции. Ваквиот пристап овозможува смалување на појавата на моторно оштетени деца.
Од табелата 3 може да се види дека кај децата со пречки во развојот од ризичните фактори најголема застапеност има недоносеноста 17,85%, ХИК 19,52%, СФД 12,23%, хипербилирубинемија 8,33%, перинатална асфиксија 6,52%, додека другите ризични фактори се јавуваат процентуално малку.
Видовите на пречки во развојот се прикажани на табела 4. Најзастапена група е со ментална субнормалност 49,23% потоа деца со говорни пречки 23,08%, комбинирани пречки 13,33%, пречки во видот 5,13%, пречки на слухот 1,95% и телесни недостатоци 5,13%.
Тимската детекција (клиничка слика и дијагноза, дополнета со психолошките наоди) е извршена доста рано што дава можност за започнување на адекватен и навремен третман. По нашите резултати кај 47,69% од децата со пречки во развојот е извршена детекција во првата година, односно 88,21% во првите три години кога и психо-физичкиот развиток е изразито специфичен. Психичките функции во оваа возраст тесно се испреплетуваат со другите функции, како што се сензорите, моторните, социјалните и други надворешни фактори.
Заклучок
Во Развојното советувалиште сите, а посебно децата родени со некој фактори на ризик (како потенцијален извор за девијација во развојот) лонгитудинално и тимски се следат, што дава можност за рана детекција, дијагноза и ран третман.
Улогата на психологот во оваа проблематика е сложена и е условена од фактот што психичкиот развој е мултифакторски условен, испитувањето е сложено и поливалентно. Целта не е да се утврди неспособноста на детето, туку да се проникне во областите на зачуваните способности заради понатамошна обука и советување со родителите.
ЛИТЕРАТУРА
- Hurlock B. Elizabeth, Ph. D. (1956) Child Development, Associjate in Psychology, graduate School, Universyty Pensilvania.
- Тадиќ Н. (1989). Психијатрија детињства и младости. Научна книга. Београд.
- Ѓорѓевиќ Душан. Развојна психологија, Дечје новине, 1988.
- Стефановиќ Добрила, Методологија ране дијагностике и рехабилитације деце ометење у психофизичком развоју, Ниш 1980.
- Чутуриќ Невенка и сарадници, Наша искуства у прачењу развоја деце с пренаталним и перинаталним факторима ризика, Југ. Педијатрија, 25, 185-190, 1982.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE