Тања ПОПОВА

 

НЕКОИ СОГЛЕДУВАЊА ЗА ТРЕТМАНОТ НА МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИТЕ ДЕЦА НИЗ РАБОТАТА НА ПОСЕБНОТО
ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ
МАЦА Ѓ. ОВЧАРОВА-ВЕЛЕС
                      

Една од установите во нашата земја, што се занимава со секундарната превенција, односно со едукација на ментално ретардираните деца од основно училишна возраст е Посебното основно училиште “Маца Ѓ. Овчарова” од Велес.
Воспитно-образовните задачи на ова училиште уште од неговото формирање (1973) со МР (ментално ретардирани) деца-ученици се однесуваат на поттикување на развојот на способностите кај децата во склопот со нивните психички карактеристики во развојниот период (училишниот), на усвојувањето на оние облици на однесување што овозможуваат успешна социјализација и давање помош на родителите и пошироката околина во разрешување на проблемот и директна работа со децата. Овие задачи не се разликуваат од воспитно-образовните задачи на децта без тешкотии во развојот. Во посебните училишта, пак, степенот на нивното совладување, во однос на распонот и квалитетот на постигнувањата, меѓу другото ќе зависат и од формата и тежината на оштетувањето, од староста на детето и од факторите на стимулација.
Секое дете, без оглед на степенот на оштетувањето, треба да се посматра како дете што е способно да научи нешто, меѓутоа одговорноста на постигањата на резултатите кај детето многу ќе зависи од оние што се занимаваат со едукацијата-дефектолозите, отколку од самото дете.
Ова излагање треба да овозможи индикации за индиректно согледување на движењето на раната детекција и дијагностика, а исто така да ја потенцира потребата од соодветно опфаќање на децата со пречки во психичкиот развој, за нивни стручен, рационален и ефикасен третман, кој подоцна ќе овозможи понатамошна интеграција во општествениот и професионален живот.
За таа цел тргнавме од одредени претпоставки што можат да се добијат преку:

  1. Ретроспектива на работата на ПОУ “Маца Овчарова”, во период 1973-1996 година,
  2. Анализа на запишани ученици во прво и второ ооделение во 12 основни училишта на територијата на општина Велес за периодот 1990-1996 година и од нив упатени на школување во ПОУ “Маца Ѓ. Овчарова”, за време на истиот период.

Ретроспективната анализа на бројот на опфатените деца на школување во ПОУ “Маца Ѓ. Овчарова”, во периодот од 1973-1996 година, ни укажува дека бројот на учениците, од 131 во 1973 година, односно 142 во 1974 година, со мали осцилации го задржува тоа ниво, за во 1982 година да го достигне максиумот од 156 ученици. По овој период бројот на децата постепено опаѓа, така што денес тој број изнесува 75 ученици, што значи дека бројот на учениците во 1996 година во однос на бројот во 1973 година бележи пад од 42,75%. Тоа може да се види од следната табела:

Од прикажаните податоци може да се види следното:


а).

Од 1973 година до 1982 година се согледува порастот на вкупниот број на ученици во училиштето, што се должи на позасилената детекција и дијагностика и вреднувањето на работата на основните училишта според бројот на паралелките,

б).

Од 1982 година до 1990 година доаѓа до намалување на вкупниот број ученици, со мали осцилации, што се должи на засилената миграција на населението во западните земји и вреднувањето на работата според бројот на учениците,

в).

Во периодот 1990 година до 1996 година, бројот на учениците драстично опаѓа, па се наметнува сомневање дека редовните училишта ги задржуваат овие ученици за пополнување на бројот на учениците во паралелките, за да не се појави вишок на воспитно-образовен кадар, што е актуелно последниве неколку години.

Освен падот на вкупниот број запишани ученици во ПОУ “Маца Ѓ. Овчарова”, во периодот 1990-1996 година се забележува и намалено учество на упатените ученици во училиштето во вкупниот број запишани ученици во прво и второ одделение од сите училишта на подрачјето Велес. Следејќи ги квантитативните показатели од испитаниот временски период, согледуваме дека откривањето и упатувањето на учениците се движи од 0,18% во 1992/93 година, до 0,40% во 1993/94 година, за во 1995/96 година да падне на 0,18%.
Од изнесените податоци и нивната анализа може да согледаме дека процентот на откриените деца  во општина Велес ни приближно не ја достигнува вредноста од 1-3%, дадена од СЗО.
Од изнесените резултати на анализата може да согледаме дека процентот на откриените деца  во општина Велес ни приближно не ја достигнува вредноста од 1-3%, дадена од СЗО.
Досегашното испитување упатува на сознание дека МР ученици остануваат во редовните паралелки, каде што не ги стекнуваат ни основните знаења. Навистина ова го овозможува чл. 27 од Законот за основното оо (Сл. В. на РМ 44/95) и чл. 7 од Правилникот за критериумите и начинот на остварување на ОО на учениците со пречки во развојот, но тоа не е усогласено со сите услови и мерки што треба да се обезбедат во однос на бројот на ученици, опрема, соодветни кадри и др.
Замислата за раната детекција, опсервација, дијагностика, евиденцијата и рехабилитација, кај нас не е нова. Многу е веќе напишано, но во практиката малку се прави.
Најважно подрачје, на кое во науката теоретски многу постигнато, а во пректиката се уште малку, е превенцијата, раната детекција, дијагностика и рехабилитација, на лицата со пречки во развојот.
Почетокот на грижата на ретардираното дете треба да биде, секако, веднаш по раѓањето. СЗО препорачала Mutter-kindpass, т.е. пасош за мајката и детето, што претставува блок на здраствена книшка, во три копии, од кои едната се наоѓа во развојното советувалиште, втората во центарот за социјална работа, а третата останува кај мајката. На овој начин секогаш се знае каде, како и кога се извршени испитувањата и прегледите, а со тоа е и овозможена точна евиденција на бројот на МР деца.
Понатаму, подрачните единици на МОФК  (Министерство за образование и физичка култура) треба да бидат во тесна соработка со центрите за социјална работа, грижата за МР деца да продолжи со школување во најблиското ПОУ, или посебна паралелка при редовното училиште, каде што постојат услови за постепена едукација и рехабилитација на МР деца. При ова, многу важна е и педагошката опсервација во редовните училишта, каде што се утврдува како детето напредува во своите знаења и способности и кога состојбата не задоволува, се упатува во ПОУ. Многу важно е следењето на напредокот на науката и техниката на полето на дефектолошката теорија и практика во светот и користењето на новите методи на работа.
Може да се каже дека прокламираното правило “што порана дијагноза и што порана рехабилитација, толку поефикасен третман”, може да биде реализирано врз основа на почитување на законските прописи и реализација на обврските на државните институции што не функционираат според потребите и можностите, како и од борбата на стручните лица, родителите и хуманитарните организации за спречување на заблудата и отпорот и давањето оптимални услови за сите деца, за да биде нивниот развој во зависност од преостанатите можности.   
Ова излагање, ќе го завршиме со една мисла на Марија Ег:
“Помеѓу ментално ретардираните нема ни еден, чија вредност би му се покажала на човештвото како распламтен оган, како големите личности, што ги совладале соите хендикепи (мисли на слепо глувата Х. Келер и глувиот Бетовен). Ментално ретардираните постојано и покрај нашиот труд ќе останат мали пламенчиња, над кои ние мораме да ја испружиме својата заштитничка рака, зашто тие ја впиваат топлината, добрината и тивката радост и го осветлуваат патот кој води до мудроста на срцето, човековата зрелост и вистинското богатство”.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in