JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5337
Егидија НОВЉАН
СОРАБОТКА МЕЃУ УЧИТЕЛОТ И РОДИТЕЛИТЕ
Вовед
Соработка помеѓу учителот и родителите од една страна е посебно чуствително подрачје а од друга страна е посебно значајно, најмногу за родителите на здравите деца но и за децата со пречки во развојот. Особено денеска се споменува таа соработка со терминот “комуникации, пречки, и проблеми” што настануваат на релација учител, родител и дете со пречки во комуникациите.
Родителите се први и најодговорни воспитувачи на своите деца и како такви се наполно одговорни за нивниот здрав индивидуален развој. Училиштето, како воспитна установа, при тоа може лесно да помогне. Иако воспитанието во училиштето е само дополнување на се она што го вложуваат родителите во воспитанието на своите деца, тоа не може да го надомести семејното воспитание. Кога францускиот новинар P. Diole ги испрашувал учениците со одличен успех што мислат што влијае на нивниот училишен успех, 75% од прашаните го одговориле следното: “Пред сe состојбата што владее во мојата фамилија.” Емоционалните односи што владеат помеѓу членовите на семејството влијаат врз емоционалното расположение (состојба) во семејството, па иако само од тоа не зависи успехот на децата тоа влијае на нивниот развој во младоста и подоцна во животот.
Што очекуваат родителите од учителите
При проучувањето на стручната литература и врз основа на личните разговори со родителите, можам да кажам дека родителите го очекуваат од учителот следното:
- Да имаат учител кој со нивните деца би имал примерен однос, што умеат да работат и меѓу нив да се формира меѓусебно почитување.
Односот на учителот кон децата посебно влијае на формирањето на односите на родителите кон училиштето, кон учителот, а исто така и односот на учителот кон училиштето, учителското влијание врз формирањето на детските односи со училиштето. Децата раскажуваат дома на тој или друг начин за случките во училиштето со учителот и за својте искуства. Исто така детето во училиштето на учителот лесно не му ги кажува своите негативни искуства од дома. Одзивот на родителите кон детските раскажувања за животот во училиштето можеме да го разделиме во 3 категории: позитивна, неутрална и негативна. Секоја од тие реакции има адекватни последици како за децата кон учителот, исто така и за самите родители.
- Учителот на посреден начин да им ги објасни тешкотиите што ги има со нивното дете.
Родителите на детето, кое има тешкотии на училиштето, особено родителите на детето со пречки во развојот, преживуваат силни чуствителни проблеми. Во надминување на тие проблеми, учителите се должни да им помагаат. Во тој миг на родителите им се рушат сите позитивни исчекувања во врска со детето, многупати тие се индентификуваат со тешкотиите на детето, имаат чувство на кривица, разочарани се од детето, не знаат како да му помогнат, како да се грижат за него.
- Родителите сакаат да ги изнесуваат предлозите и размислувањата тогаш почесто се двоумат во корисноста на таквото посредување. Се плашат дека нивните предлози и размислувања ќе имаат негативни последици врз детето.
- Мнозинството на родителите сакаат со таа работа да се запознаат на училиште.
- Тие сакаат учителот да го запознае нивното дете како такво и како такво да го прифати.
F. Pedi~ek во својата книга “Јазли на семејното воспитание” вели дека сите што имаат деца мораат да го знаат следното “Воспитувањето не може да биде поинакво, туку само такво каков што сум, каков што сум воспитан.” Тоа мнозиството воспитувачи денес сî уште не можат да го сфатат. Ниту родителите ниту учителите. Сî уште мислат дека детето мора да се однесува така како што тие тоа го замислуваат. Ако не е така не е воспитано. И со право тие уверувања внесуваат во воспитната работа, кај сите нас толку несреќи и порази, бидејќи таквото воспитание и секој оној што е на тој начин воспитан, воспитание на насилство, воспитание на вака одгледани деца или деца на конфорот, е голема несреќа за кои и да биле деца или која и да било заедница. Децата воспитани со такво мото, им покажуваат на родителите и на учителите, револт и маскирање во однесувањето што треба да се има предвид само толку долго, додека сî пред тебе тие воспитувачи, кој од тебе такво однесување бараат и очекуваат.
- Родителите релативно многу очекуваат од училиштето. Многу родители мислат дека кога ќе се почне школувањето, целосното воспитување на детето треба да им се пренесе на учителот и на училиштето.
- Многумина од нив мислат, дека сето тоа може постепено да се надмине кога детето ќе ги совлада тешкотиите и проблемите.
- Некој мислат дека треба контактите со учителот да бидат уште почести и поблиски.
Како треба да тече комуникацијата
Ако учителот сака да ја започне и развие успешно комуникацијата, мора добро да ги познава кај детето:
- работните навики;
- мотивацијата;
- неговото семејство;
- односот на родителот кон детето;
- односот на браќата и сестрите;
- положбата во семејството;
- условите за учење;
- организацијата на слободно време;
- проблемите во однесувањето кои лесно се појавуваат во тој период, и главните начини за спречување и отстранување на пречките.
Комуникацијата меѓу учителот, родителите и детето треба да започне на принципот на повратна информација-feedback. Тие му помагаат на учителот да ја преиспита својата совест и доживување и му ги откриваат последиците на неговото однесување. Се подразбира тој не смее да ги присилува затоа што е негова работа да им помага на другите и не смее да ја употребува за создавање на соодветна напнатост.
Лесно можеме да кажеме дека многу често соработката што започнува меѓу учителот, родителите и детето во видот на еднонасочна комуникација тогаш учителот е единствен извор на информации. Така начинот на соработка често им пречи на родителите во нивната активност. Учителот треба на состаноците да направи таква атмосфера, родителите лесно да можат да учествуваат и во атмосвера на меѓусебна доверба да расправаат за проблемите што ги притискаат и да се запознаат со проблемите на другите родители.
Учителот треба во почетокот на учебната година, заедно со родителите да ги утврдат облиците на меѓусебната соработка и разменување на повратните информации. Тој треба да ги праша за темите кои тие сакаат да ги обработуваат на заеднички средби и за облиците на соработка. На тој начин учителот ќе дознае на кои теми родителите им даваат предност и кои облици на соработка им се соодветни. Учителот треба да обрне внимание на секаков придонес на родителите, ако некој предлог е непријатен и се повторува, тој треба да ги предупреди родителите дека нивниот предлог не е уважен.
Учителот треба да обрне внимание при комуницирањето и да ги уважува психосоцијалните можности на родителите. Од разговорите со определени родители потешко се воочуваат проблемите, на учителот му е тешко да се одлучи кон кои родители најпрвин да се насочи. Препорачливо е групата да им се прилагоди на родителите кои сами потешко му помагаат на детето, значи им е потребна поинтезивна помош.
Дури и занетчиската структура на родителите е работа која учителот не смее да ја презира, затоа што размената на искуства е мошне корисна и за него и за родителите и за детето.
Авторитетот на учителот нема да се намали ако родителите му ги насочат некои информации или стручни совети. Веќе од првата средба со родителите учителот треба да е свесен за нивните индивидуалности, различни лични карактеристики, влијаније на културните и етничките фактори, влијание на пошироката околина. Треба ја избегнуваме субјективноста, да се чува од предрасуди во врска со комплетноста или некомплетноста на семејството со социјална положба и етничка припадност. Често пати во одределените облици на семејството, различно од тоа во кое израснал тој но тоа не значи дека затоа се помалку успешни за подигањето на детето. Комуникацииските проблеми што настануваат поради однапред обликувани односи кон родителите, многу тешко се отстрануваат.
Учителот е тој кој ја потикнуваа комуникацијата. Често пати учителот го одбира начинот на комуникацирањето, што му е соодветен на него, како на пример: да се погрижи за писмено известување наместо за честите лични разговори. Ако ги бара таквите облици на комуникација, лесно ќе стане тој пречка за подлабока и поблиска соработка. Конструктивната комуникација е насочена кон родителите и учителот треба да ги побара најпродуктивните но не и видови на комуникација што се најлесни за работа со детето.
Многумина родители и разговорите со училиштето што ги водат, имаат негативно искуство. Тие претставуваат голема пречка за успешна комуникација, затоа треба мислењето на родителите со времето да се преиначи и тие ќе започнат позитивно да ги вреднуваат обидите на учителот. Учителот ќе им покаже на родителите дека се добродојдени во училиштето и дека тој се интересира за успехот на нивното дете.
Постојните ризични фактори што ја отежнуваат
успешната комуникација
Во стручната литература ги следиме различните фактори што ја отежнуваат успешната комуникација помеѓу учителот и родителите:
- Родители, што се во воспитниот развој на детето означени како релативно “неснаодливи”. (Backer, Clark i Yasuda, 1981).
- Неурамнотежни односи во семејството. (Backer, Clark i Yasuda, 1981).
- Недостаток на време (Wendt 1984).
-
Социоекономски проблеми во семејството (Backer, Clark i Yasuda).
- недостаток на образование,
- недовршено образование,
- нецелосно семејство во кое децата ги воспитува само еден од родителите,
- бројна состојба,
- неповолна стамбена и финансиска ситуација,
- слаби меѓусоседски односи.
- Родителите кои при воспитувањето на децата не доживуваат задоволство (занемарување на детето),
- Родителите и не сакаат да признаат дека нивното дете има тешкотии,
- Родителите што чекаат да се случи “чудо” и да нема повеќе со детето тешкотии,
- Преоптовареноста на родителите со помагањето на детето или со терапевпетски постапки,
- Авторативно давање на инструкции од страна на учителот или друг стручњак. Учителот не се уверил во тоа дека родителите цврсто се согласиле на соработка и дека се свесни за задачите.
-
Преголемите барања, родителите се покажани како неуспешни при нудењето помош.
- Стравот од неуспех.
- Нередовни или само привремени упатства.
- Несоодветно насочување од страна на родителите.
- Слаб успех во работата со детето.
Познавањето на наведените ризични фактори, би му помогнало на учителот во надминување на пречките и проблемите во комуникацијата на родителите со децата и би му помогнало во прашањето на оптимална помош.
Облици и задачи на соработка
Warunke (1987) ги предлага следните облици и задачи на соработка на родителите:
|
ЗАДАЧИ |
|
информации |
советување |
обука |
различити врски со родителите, |
родителските состаноци, |
семинари за родителите, |
хоспитации, |
часови за разговор, |
предавања, |
писма на родителите, |
заедничка работа на децата и родителите, |
денови за родителите, |
телефонски разговори. |
посета дома. |
литература. |
|
|
|
|
ОБЛИЦИ |
|
интервенција |
слободно време |
популаризација |
советувалишта, здруженија, клубови на родителите; |
празници, |
здружение, |
обука на родителите за давање помош на детето; |
прослави, |
-во училиштето, |
терапија за родителите, терапија за групата, и децата. |
излети итн. |
популаризација во медиумите, списанијата. |
Кратко да ги резимираме облиците на соработка со родителите:
- информативен разговор,
- советодавен разговор,
- разговор, со цел на забава и рекреација.
Родителките состаноци
Најдобриот и најзастапениот заеднички облик на соработка помеѓу учителот и родителите се родителските состаноци. На состанокот, учителот прво му ја изложува корисноста и неопходноста од нивната соработка, за детето, потоа родителите ги мотивира за соработка, активно ги вклучува во соработката, се обидува педагошки да ги оспособи да ги рашаваат заедно со него проблемите што се јавуваат во класот.
За родителската средба, како прво, учителот (или некој друг (најдобро некој од родителите), подготви за состанокот 10 до 15 минутно предавање. Содржината на предавањето би се однесувала на проблемите во групата (помошта при почетното читање и пишување, вистината и лагата, стравот од училиштето, детето дијабетичар во основното училиште итн).
Во подоцнежните разговори најдобро е учителот да им го посвети вниманието на оние родители кој од различни причини не присуствуваат често, но сепак сакаат да го дадат својот придонес.
Голем број на родители се отсутни од овие отстаноци заради слабите оценки на детето или поради однесувањето. Во таквите примери се препорачува учителот најпрвин да ги опомене да ги истакне добрите особини на детето и добриот успех по предметот што му оди.
Родителскиот состанок не смее да се претвори во информирање на родителите за оценките, за потребните учебници, за ужина или ручек. За тој проблем најдобро е родителите да бидат известени на почетокот на учебната година и тоа писмено.
Часови за разговор
Многу распространет индивидуален облик на соработка помеѓу учителот и родителите се разговорните часови на кои родителите ги добиваат советите и упатствата за помошта на детето. Пожелно е да учителот на часовите за разговор воспостави со родителите спонтано присен однос, затоа што од него зависи меѓусебното разбирање, почитување. Сето тоа влијае на успехот и квалитетот на целосната соработка.
Отворени денови на училиштето
Хоспитации
Соодветно место помеѓу облиците на сорабтока на родителите, учителите и учениците имаат и отворените денови на училиштето, тие ја даваат можноста за хоспитации (гостување), и за запознавање со различити дејности во училиштето. На родителите треба да им се преставаат во вистински облик, во реални и недотерани услови.
Хоспитациите мораат да бида организирани повеќе пати кога родителите имаат слободно време ако тие и самите сакаат да хоспитираат мора за тоа да се договорот со учителот и со раководството на училиштето. На хоспитацијата учителот е должен да ги покани сите родителите што мислат дека на нивното дете на училиштето му е нанесена неправда. При овој облик на соработка родителите се запознаваат со социјалните и со школските способности на своето дете, се обликуваат реалните очекувања, своето дете го набљудуваат во работата, се запознаваат со неговите способности. Објективноста и одзивот со кој учителот ги искажува кон нивното дете е добар пример за односот кој некој родители со задоволство го следат. Лесно може да се заклучи дека класот претставува втор дом за детето.
Излети
Доволно можности за соработка со родителите ни нудат тука излетите, екскурзиите, прославите и другите приредби на кои родителите се добродојдени посетители и соработници.
Посета во семејството
Во задните години на тој облик на соработка веќе не му се посветува доволно внимание, иако, во тој случај учителот, доколку родителот не дојде во училиште, го посетува дома. Некои од учителите го менуваат своето мислење и своите барања, кога ќе ги запознае условите во кои живее детето. Во оваа посета учителот прво му ја покажува својата заинтересираност за детето и желбата да му помогне, иако покровителското однесување во таквите примери не е препорачливо. За посета на домот, учителот, мора прво да се најави кај родителите.
Телефонски разговори
Тоа е облик што исто така придонесува во склопот на другите облици на соработка со родителите. Учителот на родителот преку телефон му ги дава само кратките и јасните информации, при што не мора да влегува во детали, туку само да ја назначи атмосферата во семејството и да ја бара потребната конструктивна комуникација.
Детски трудови
Детските трудови како дарба или способност како такви претставуваат соодветни информации за родителите кои на тој начин ја запознаваат детската успешност и креативност на учителот и учениците.
Посебна важност имаат таквите информации кои родителите ги добиваат преку домашните и другите задачи.
Писма до родителте
писмената комуникација нема голем успех како личните контакти. Во определени случаи овој облик е препорачлив. Писмата до родителот се често неопходна кратка форма на известување. Повеќето родители ги читаат со внимание. Учителот мора да внимава да тие не се премногу лични. Се препорачува писмото да се вметне кај другите документи на детето.
Литература
Кога учителот мисли дека би било добро, родителите со односните проблеми треба да бидат запознени преку стручната литература. Учителот на родителот му ги назначува насловите на книгите и статиите, а родителите сами бираат. Спротивставените мислења кои тие ги проследиле во стручните книги, на родителските состаноци заеднички ги разјаснуваат.
Обука, заедничка работа
Секако дека е пообемна и подолготрајна работа со поголеми групи на родители, односно, со групите на родители, деца и учителот. Определени групи лесно ги обработуваат различните теми и постапки за давање помош на детето. При тоа учителот не мора да употребува стручна литература и да има авторитативен однос.
Терапија за детето и родителите
Некои деца или нивни родители, повремено бараат помош од другите стручњаци. Учителот во барањето на таа помош му помага на детето или на родителот. По потреба тој со него воспоставува непосреден однос, се интересира за текот на третманот и за резултатите од него.
Заклучок
Соработката меѓу учителот и родителот е интеракциски процес, затоа е одговорноста за успешност паѓа на двете страни. Учителот мора за секоја соработка со родителите, добро да се подготви, треба да ги собере сите основни податоци за детето, родителите треба да ги ислуша внимателно, да ја укажува и покажува довербата и да знае да ги чува доверливите информации.
Секако од реакцијата на родителите зависи дали учителот ќе биде повеќе или помалку мотивиран за соработка со нив. Во таквиот пример мораат да се бараат причините поради кои не дошло до соработка.
Разговорите со родителите се поуспешни доколку учителот ги покаже своите чувства, бидејќи од средбата сите можат да научат нешто, па и учителот. Временски одмерените разговори, на пример, се погодни за размена на информации, на импровизирани мисли и искуства, но тие не се доволни за успешна и организирана соработка.
Повеќе пати за успешна соработка помеѓу учителот и родителите решавачка е првата средба. Од уредноста на просторот, од поздравот, од топлиот стисок на раката, од вниманието кое учителот му го посветува на родителот е зависен успехот не само на првиот разговор туку и на секоја понатамошна соработка. Затоа е мошне пожелно, средбите да се одржуваат во пријатно расположение, и во простор во кој родителите добро ќе се чуствуваат. Учителот мора со своето однесување и теоретското знаење родителите да ги увери дека е вешт во својата струка, дека е заинтересиран за соработка со него и дека сака да му помогне на детето и ним. Во спротивен случај родителите можат да стекнат впечаток дека во училиштето не се пожелни, и кај нив набргу ќе згасне заемната желба за повторна средба.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE