JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5900
Парис ПАРИЗОВ, Стефка ЧИНЧЕВА
НЕКОИ АСПЕКТИ НА СОЦИЈАЛНАТА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ВОЗРАСНИТЕ ИНВАЛДНИ ЛИЦА
Вовед
Рехабилитација е важен проблем што се поставува пред државата, односно општеството. За неговото решавање треба да се вклучат повеќе институции, специјалисти и граѓани. Основна задача на рехабилитацијата е оптималното решавање на социјалните проблеми на оштетените лица соодветно на можностите. Кај некои инвалидни лица треба да се овозможи ресоцилизација и реинтеграција, особено кога како резултат на инвалидитетот се манифестира нарушување на социјалниот живот (1,3).
Социјалната рехабилитација покажува значително подобрување на можностите за адаптација во социјалната средина со подобрување на личниот статус и заземање соодветна социјална улога во општеството преку повисоко ниво на авторитет и престиж и поголеми можности за лидерство (2).
Мерките на рехабилитацијата превасходно се насочени кон давање таква помош на инвалидите преку која ќе се постигне максимална физичка, психичка и социјална оспособеност за нивна целосна интеграција во општеството, односно за нивна самостојност и социјална благосостојба. Тежината и значењето на проблемот постојано расте во зависност од зголемувањето на степенот на инвалидноста. Увидот на стручната литература за овие прашања за жал покажува дека сe уште се присутни големи резерви во однос на социјалната рехабилитација, нејзиниот развој и можности за подобрување.
Цел на истражувањето
Целта на истражувањето е да се проучи прашањето за социјалната рехабилитација на возрасните инвалиди, да се анализира нејзината положба и да се предложат мерки за подобрување.
Задачи на истражувањето
- Да се проучи семејната и финансиската положба на возрасните инвалидни лица во општина “Илинден”, Софија.
- Да се согледа улогата на социјалниот работник и неговата работа со инвалидите од поменатата општина.
- Да се согледа влијанието на архитектонските бариери врз инвалидите.
- Да се проучи и да се оцени улогата на средствата за масовна комуникација врз инвалидите.
Материјал и методи
Предмет на набљудување се 38 возрасни инвалидни лица од кои 10 мажи и 28 жени. Средната возраст на набљудуваниот примерок изнесува 56 години, најмладиот е на 18, а најстариот на 60 години.
Користена е методата АНКЕТА (метода на разговор со приложување на стандардизирани и полустандардизирани прашања). За таа цел е изготвен анкетен лист (прашалник) што содржи 32 прашања, вклучувајќи придружен дел даден за семејниот и социјалниот статус, взаемните односи во семејството, односи со околината, можности за комуникација, вид на негата, вид на рехабилитацијата, информација по прашања што се однесуваат на одделни права, здравјето и социјалните проблеми, архитектонските бариери со кои најчесто се среќаваат, ставови кон средствата за масовна комуникација.
За обработка на претпоставките, односно на податоците е користена алтернативна анализа.
Резултати и заклучоци
Од набљудуваните 38 инвалиди со нивното семејство живеат само 5. Поголемиот дел (87%) се без семејство од кој половината се вдовици или вдовци, 21% разведени и 24% без семејство (сите со вродена инвалидност и инвалидност здобиена во раната возраст).
Со сопруг (а) живеат 5 од инвалидите. Кај блиски роднини кои според закон се должни да се грижат за нив (синови, ќерки, родители)-19. Се утврди дека повеќето од инвалидите живеат кај ќерките односно два пати повеќе во споредба со оние што живеат кај синовите.
Со исклучок на еден случај, сите инвалиди што живеат во семејна средина (со сопруг, деца, родители) се искажаа дека кон нив и нивните потреби има добар однос.
Со срамежливост за лошото однесување на семејството кон него го дал мислејќи за тоа “затоа што е инвалид”. При посетата направена во неговиот дом беше констатирано дека животните стамбени услови се ограничени и толку минимални што токму тоа е основната причина за лошите односи во семејството. За разрешување на овој социјален случај, социјалниот работник ги направи сите потребни процедури за сместување на овој инвалид во соодветна установа.
Ни еден од членовите на семејството не посетувал курс за подготовка за нега на инвалид.
При анализата на финансиската положба на набљудуваниот примерок се утврди дека 29 инвалиди се издржуваат од својата инвалидска пензија, 2 со пензија од работен однос и старост, 5 работат во претпријатија (установи) за инвалиди, 1 во државната администрација и 1 во приватен сектор. Од инвалидите што се издржуваат само со инвалидска пензија, 72% се со приходи под нивото на утврдениот диференциран минимум. Со проучувањето се утврди дека само (2) двајца од инвалидите што се на работоспособна возраст се во добра финансиска состојба (дополнителни приходи од наеми, бизнисмени во семејството и др.). Голем број инвалиди се недоволно информирани за правата и можностите за социјалните престации.
Животните услови на испитаниците од истражуваниот примерок споредбено гледано се добри. Мал број од нив (само 6), немаат во станот купатило, а 2(двајца) имаат полски колозет на поголемо растојание надвор од станот. Само 10 (десетмина) од инвалидите имаат телефон во просториите каде што живеат.
Од направените согледувања во поглед на архиктектонските бариери, категорично се утврди дека постојано и во секој момент наидуваат на тешкотии. Посебно имаат тешкотии инвалидите што користат инвалидски колички поради тесни врати, неудобни санитарни јазли, високи тротоари што се тешко совладливи, пристапи и јавен транспорт без соодветни рампи и слични адаптации за движење со количка и сл. Архитектонски бариери постојат речиси во сите општесвени установи.
Анализирајќи ги заемните односи на инвалидите со мас медиумите се утврди дека 84% од анкетираните сметаат дека средствата за масовна комуникација објективно не ги одразуваат (презентираат) проблемите на инвалидите. Во таа смисла треба да се одбележи фактот дека 80% од инвалидите помеѓу 40 и 50 години дадоа поинаков одговор што се објаснува со фактот дека тоа е возраст на која инвалидите се поактивни, односно помобилизирани во однос на заемната врска со медиумите.
Мошне убедливо се наметнува тенденцијата дека веќе има циклични промени во свеста за проблемите на инвалидите, како резултат на внатрешни и меѓународни ставови поврзани со општествено-политичкиот живот.
Заклучоци
- Инвалидноста ги намалува шансите за создавање на семејство.
- Возрасните инвалиди се во незадоволителна финансиска положба.
- Архитектонските бариери го сопкаат инвалидот, односно му создаваат бројни тешкотии во секојдневниот живот како во неговиот стан или општествените установи така и на улиците, пристапите и јавниот транспорт на граѓаните.
- Мас медиумите стихијно, кампањски и неконтинуирано ги пренусуваат проблемите на инвалидите.
Предлози
- Да се изгради систем за инвалидите за невладини организации за помош.
- Да се издаваат повремено информативни материјали за инвалидите во врска со нивните придобивки и можности за задоволување на нивните потреби.
- Специјалните служби да организираат курсеви за “Методика на социјалната работа”, преку кои ќе се врши најнеопходна подготовка на членовите на семејството на инвалидот за третман во домашни услови.
- Во наставните планови и програми на високо образовните установи за архитектура и градежништво да биде застапена тематска содржина за совладување на архитектонски бариери што се однесуваат на инвалидите воопшто како и на сите граѓани што ќе доживеат длабока старост.
- Средствата за масовна комуникација да ги актуелизираат повремено проблемите на инвалидизираните граѓани и да даваат насока за нивно соодветно решавање.
Литература
- Паризов, П. Физикални фактори в практичната медицина, Пловдив, 1996.
- Попов, Н. Психологи - Социјална психологи, Н С А, Софи, 1992.
- Raudi, H. Sociale Arbeit einmal anders. Pro infimis 2, 1992.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE