JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6372
Јорданка КАЛАЈЏИЕСКА
НЕКОИ ДЕФЕКТОЛОШКИ АСПЕКТИ НА РАНАТА ДЕТЕКЦИЈА НА ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ И НИВНОТО РАСПОРЕДУВАЊЕ ВО ПОШИРОКИОТ РЕГИОН НА ШТИП
Дефектолошката детекција, дијагностиката и раниот третман на децата со пречки во психофизичкиот развој, како компоненти на клиничкиот дел се основа за успешна рехабилитација на овие деца.
Во секојдневната практика моторните функции на доенчето и малото дете се користат за евалуација на нивниот ментален развој па поради тоа често се зборува за психо-моторен развој.
Ако во развојниот период од 2 месеца доенчето не ја подига главата, со 4 месеци не се свртува на стомак, на грб, на 6 месеци не седи, на 10 месеци не стои, на 12 месеци не оди; треба да се помисли на рахитис, миопатија примарна, но не треба да се исклучи можноста за постоење на пречки во психофизичкиот развој.
Ова се јасни показатели за дефектологот во советувалиштето, за педијатарот во Детскиот диспанзер дека треба да се следи развитокот на детето, да се отвори картон за “ризично дете”, кое со растењето уште повеќе го манифестира заостанувањето во психофизичкиот развој.
Во овој период како императив се наметнува потребата за упатување на детето на Комисија за категоризација.
Раното категоризирање на детето овозможува целосен пристап на стручниот тим кон проблемите што го притискаат детето и неговото семејство.
Распоредувањето (категоризација) е важен процес во општествената заштита на лицата попречени во психофизичкиот развиток бидејќи од доброто и стручно категоризирање и дијагностицирање на видот и степенот на попреченоста зависи изборот и успешноста на мерките за заштита и рехабилитација на децата. Од друг аспект ова рано дијагностицирање иницира и правилно насочување на општествената активност за отворање на специјалните установи: посебни предучилишни групи, посебни одделенија, посебни училишта, стручно насочени училишта, Центри за рехабилитација, Заштитни работилници, установи за сместување-стационарни и Центри за дневен престој.
Категоризација на лицата попречени во развитокот е дотолку поважна доколку овие лица не ги оценуваме по тоа што не се, туку по тоа што се и што можат да бидат ако благовремено и на адекватен начин им се помогне.
Не треба да се губи од вид фактот дека лицата попречени во психофизичкиот развој не се проблем само на богатите или само на сиромашните, тие не се проблем само на родителите или на лекарите туку се проблем на целата општествена заедница.
Комисијата за категоризација е стручен тим што ги открива, дијагностицира и дава предлог за едукација и рехабилитација на лицата со психофизички недостатоци.
Стручниот тим е составен од социјален работник, психолог, дефектолог, педијатар и психијатар.
Комисијата за категоризација е формирана во 1983 година и работи во Медицинскиот центар-Штип. Сите членови во стручниот тим се вработени во Медицинскиот центар, само дефектологот хонорарно се вклучува во работата на комисијата.
Со следниве табели ќе дадам графички преглед и слика на категоризираните лица од Комисијата за општина Штип, Радовиш, Кочани, Виница, Делчево, Пробиштип, Берово, Свети Николе.
Табелите даваат податоци за временскиот период 1986-1990 година, а заради подобар увид во состојбата на проблемите прикажувам и табела за 1995 година.
Од ова табела јасно се гледа дака бројот на дијагностицираните лица на предучилишна возраст од 0-4 и 5-7 години е многу мал во однос на другите возрасти. Овој податок покажува дека состојбата во откривањето не се променила и не може да се користи најоптималниот период за развој на и рехабилитација на децата.
Друга карактеристика на оваа табела е што најголем број на дијагностицирани деца се на училишна возраст што зборува за несистематска и неконтинуирана детекција на децата попречени во психофизичкиот развиток.
Од податоците презентирани во оваа табела видлив е податокот дека бројот на тешко ментално ретардирани лица е поголем од бројот на умерено ретардирани. Овој број често пати се користи од Комисијата со цел лицата со умерена ментална ретардираност да добијат категорија на тешко ментално ретардирани лица.
Прво што паѓа во очи од оваа табела е дека ниту едно дете за овој временски период не е опфатено со организиран ран третман ниту е упатено во предучилишните установи каде што би се изведувал воспитно-образовниот процес со овие деца.
Оваа табела од 1995 година јасно покажува дека состојбата и во овој период не е изменета и проблемите се пролонгираат.
Анализирајќи ги резултатите на истражувањето за работата на Комисијата за распоредување може да се констатира:
- Квантативниот аспект на манифестацијата на проблемот иницира отворање на дефектолошки советувалишта со цел да се намали бројот на деца родени со психофизички недостатоци;
- Успешноста на превентивната дејност зависи од координацијата на професионалните лица со лицата што ги донесуваат законските прописи за заштита, едукација и рахбилитација на лицата со пречки во психофизичкиот развиток;
- Отсутството на рана дефектолошка детекција доведува до задоцнето дијагностицирање во училишната возраст, дури откога детето ќе го повторува одделението се упатува на Комисија за распоредување;
- Сите показатели зборуваат дека децата со психофизички недостатоци во рана возраст од 1-6 години, не се опфатени во предучилишните установи за воспитување и социјализација. Ова иницира сите сили и знаења да ги вложиме за решавање на овој проблем со донесување соодветни законски прописи и со менување на општественото мислење за овој проблем;
- Категоријата за умерено ментално ретардирани лица е потребно да прима социјална помош, бидејќи тоа е категорија на лица што не можат да обезбедат своја егзистенција, но не треба да се лишат од потребната рехабилитација. Досега ова не е позитивно регулирано во законските акти.
ДЕФЕКТОЛОШКИ АСПЕКТИ НА РАНАТА ДЕТЕКЦИЈА, ДИЈАГНОСТИКА И ПРЕДУЧИЛИШНОТО ВОСПИТАНИЕ НА ДЕЦАТА СО ПСИХОФИЗИЧКИ НЕДОСТАТОЦИ
Основанасекојзаконскиакт, надефектолошко, педагошко, социолошко и секакво друго мислење е децата со психофизички недостатоци да се ставаат на исто рамниште како дугите деца.
Тие не се виновни за својот хендикеп.
Здравите и моќните својата великодушност и величина ја потврдуваат со тоа што се во можност да го менуваат светот, но само кон подобро, тоа е нивно оправдување за тоа што се “величини”.
На хендикепирани деца треба да им се овозможи да играат и да се згрижуваат во градинките со своите другарчиња, а нивните родители да се ослободат од грижата дека имаат болно дете.
При приемот во градинката родителите не можат да достават “медицинска потврда” дека детето е здраво и затоа не може да се прими во градинка со другите деца.
Лекарите на мајката не можат да и даваат боледување до бесконечност, таа мора да оди на работа, па така е судрена со проблемот да нема кој да се грижи за нејзиното дете.
Проблемите се надоврзуваат како на синџир, а сè е решливо ако сите компетентни лица за овој проблем ја вршат работата професионално и хумано. Односот кон децата попречени во развојот и нивните родители треба да е реален, хуман, но не претерано заштитнички што се одразува негативно врз развојот на детето.
Често пати манипулира месо изразот “социјализација” на овие деца. Од досегашното дефектолошко искуство од 15 години би рекле дека треба да се акцентира потребта од “социјализација на средината и луѓето околу хендикепираните деца”.
За да живеат луѓето во добро општество, во добра психичка, физичка и социјална благосостојба да живеат здраво, кратко кажано, важна е материјалната основа на една држава, но пресудна е хуманоста и прогресивноста на луѓето во неа.
За работата на хендикипираните лица би нагласила дека треба во едукацијата и рехабилитацијата на овие деца директно да работат лица образовани и остручени за оваа работа-дефектолози.
Ова го велам од аспект што практиката покажува дека многу наставници и педагози го наоѓаат своето вработување во овие установи, а во подобра прилика се вработуваат веднаш во друга установа, а зав истинското вработување подоцна не зборуваат со драго срце.
Со еден збор оние кои првично се определиле за оваа професија ги научиле и методите за работа со овие деца и се определиле да се дружат и живеат со нив.
За поздравување е идејата на Министерството за образование - кадрите што работат во овие установи, а немаат соодветно дефектолошко образование тоа да го надополнат со едногодишни студии за Дефектологија во Скопје.
Од друга страна дефектолозите не смеат да бидат инкапсулирани во својата работа и своето работно место, односно нивна секојдневна задача би била редовна соработка со училишниот педагог, психолог, логопеди други со цел за осовременување и хуманизација на наставата.
Ова е неопходна потреба за да се унапреди дефектолошката практика и рехабилитација како и едукацијата на децата попречени во развојот да се осовремени и да се следат сите позитивни промени во општеството.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE