JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5681
Анита РИСТЕСКА
РАНАТА ДЕТЕКЦИЈА И РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП
Раното откривање на децата со пречки во психофизичкиот развој започна уште од нивното раѓање, но тогаш се зборува само за ризично родени деца.
Податоците од Неонаталошкото одделение при Медицинскиот центар во Прилеп покажуваат дека во 1995 година од вкупно 1337 новородени деца 3% се раѓаат како ризични деца, а истиот процент, е евидентиран и во 1994 година и во 1996 година до десети месец. Како ризично родени, се евидентирани деца со асфикција, со кефалхематом, со интракранијални хемограми, со конвулзии, со вродени аномалии, како и со други дијагнози од непознат причинител.
Целокупната документација на секое родено ризично дете од Неонаталошкото одделение се пренесува во Диспанзерот за здраствена заштита на децата, што би требало да го следи развојот на овие деца и да утврди дали и тие натаму ќе се развиваат како ризични или нивната состојба ќе се нормализира.
Во Детскиот диспанзер се откриваат и нови случаи и тоа на возраст до 7 години. Податоците од Диспанзерот покажуваат дека во 1994 година се откриени 2,2% деца со пречки во психофизичкиот развој на возраст од 0-4 години и 2,5% на возраст од 4-7 години. Во 1995 година 2,3% се на возраст од 0-4 години, а 2,2% на возраст од 4-7 години. Меѓутоа со сигурност не може да се каже дека станува збор за точне број деца со пречки во психофизичкиот развој. Она што треба да се истакне е дека во Диспанзерот за детска здраствена заштита не им се посветува доволно внимание на децата со пречки во психофизичкиот развој. Па, токму затоа родителите се принудени сами да изнаоѓаат начини за да добијат јасна слика за психофизичката состојба на своето дете. Еден од тие начини е обраќањето и пријавувањето до Комисијата за распоредување, која што постои при Центарот за социјална заштита. Комисијата за распоредување на лица со пречки во психофизичкиот развој работи повеќе од 15 години и досега има категоризирано и распоредено 1.437 лица, од кои 670 се деца со пречки во психофизичкиот развој на возраст од 0-14 години. Улогата на Комисијата се состои во откривањето и превасходно во распоредувањето на лицата со пречки во психофизичкиот развој во зависност од видот и степенот на попреченоста и нивно упатување во соодветни установи. Бидејќи недостасува соработка со здраствената служба, Комисија ги распоредува само оние деца кои сами ќе се пријават, односно ги пријавуваат родителите, а ако се работи за дете на возраст од 7-14 години тоа може да биде пријавено и од страна на воспитно-образовната институција. Членовите на комисијата, покрај распоредувањето на новооткриените деца со пречки во психофизичкиот развој се ангажирани и во следењето на секое од овие деца, а во зависност од возраста во определен период децата се повикуваат за повторно тестирање и испитување. Иако Комисијата за распоредување на децата со пречки во психофизичкиот развој е поорганизирана и поуспешна во својата работа, сепак, мал е бројот на категоризирани деца на возраст од 0-14 години во тек на една календарска година. Можеби причината се состои во неинформираноста на родителите за постоење на оваа Комисија, а можеби и самите родители не сакаат да ги пријават своите деца. За да се има јасен увид во обемот на работата околу распоредувањето на лицата со пречки во развојот по овој повод ќе го прикажеме бројот на распоредените деца на возраст од 0-14 години од 1992 година до 1996 година.
Во 1992 година се категоризирани 39 деца од 0-14 години и тоа:
Анализирајќи ги табеларните прегледи се забележува мал и незначителен пораст на децата со пречки во развојот на ниво на општина Прилеп, со оглед на фактички постојниот број неоткриени деца со пречки во развојот на подрачјето на општина Прилеп која и според територијата и според бројот на населението е една од поголемите општини во Републиката.
Заклучок
Од овој извештај може да се види дека помал е бројот на категоризирани деца од предучилишна возраст за разлика од оние што се на училишна возраст. Ова, секако, ја наметнува потребата од неопходно формирање на развојно советувалиште што би ги следело децата со пречки во психофизичкиот развој, а со тоа и навреме би биле дијагностицирани и распоредени во зависност од видот и степенот на попреченоста и би биле упатени во соодветни установи за успешна рехабилитација.*
* Податоците за ова излагање се користени од:
- Извештајот од Неонаталошко одделение во Медицинскиот центар-Прилеп.
- Извештајот од Диспанзерот за детска здраствена заштита при Медицински центар-Прилеп.
- Извештајот од Комисијата за распоредување при центарот за социјални грижи-Прилеп.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE