JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6253
Драгица МАЦИЌ, Г. НЕДИВИЌ
С. НИКОЛИЌ, М. СТОШЉЕВИЌ
ПРЕДУЧИЛИШНОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА ТЕЛЕСНО ИНВАЛИДНИТЕ ЛИЦА И НА ХРОНИЧНО ЗАБОЛЕНИ ДЕЦА
Целта на предучилишното воспитание и образование на
телесно инвалидните лица и на хронично заболените деца
Целта на предучилишното воспитание и образование на телесно инвалидните и хронично заболените деца може да се формулира во неколку точки:
- во сообразност со дефектолошките научни достигања да се обезбеди корективен телесен, интелектуален, емоционален и социјален развој неопходен за успешно вклучување на овие деца во основното воспитание и образование;
- да се овозможи со корекција развивање на сочуваните и оштетените способности во одделни подрачја на индивидуалниот развој (сензомоторно, психомоторно, емоционално и социјално);
- да се поттикнува развојот на говорот и на другите ментални способности;
- децата да се оспособуваат за извршување и задоволување на основните и едноставните животни потреби;
- кај децата да се работи на формирање на основните елементи на моралниот лик на детето;
- да се влијае врз формирањето на елементарна смисла за естетско доживување;
- навреме да се откријат потребите за ортопедски помагала и технички решенија кои кај овие деца ќе овозможат поголема самостојност и совладување на воспитно-образовните задачи;
- да се изврши дефектолошка опсервација и да се утврдат тешкотиите и потенцијалните способности и можности за да му се обезбеди на телесно инвалидното и хронично заболеното дете запишување во училиште и што подобри осознавачки способности и со поголема сигурност однапред да се утврдат организациските форми, односно потребите на овие деца во понатамошното остварување на воспитанието и образованието.
За да може сето ова да се постигне, општеството треба да í овозможи услови на младата генерација во границите на своите можности, во кои овие цели ќе се реализираат заради ублажување на дискриминацијата помеѓу телесно инвалидните и хронично заболените деца и децата без оштетувања.
Значењето на предучилишното воспитание и образование
на телесно инвалидните лица и хронично заболените деца
Значењето на предучилишниот третман на телесно инвалидните и хронично заболените деца се согледува во тоа што во текот на воспитниот процес детето ги открива сопствените можности, ги менува и со самото тоа ја менува околината и ги зголемува можностите за понатамошен развој.
Човечкиот развој не се сведува само на созревање и едноставно собирање на животните искуства. Развојот сфатен како континуиран процес на воспоставување на функции и квалитативни промени во структурите на организацијата и функционирањето на телесно инвалидното и хронично заболеното дете е нераздвоен од третманот. Предучилишниот третман на овие деца е систем на постапки и специјални методи со кои се влијае врз насочување и формирање на развојот. Како резултат на третманот се јавуваат некои развојни можности врз кои ефикасно дејствувал во поголема или помала мера.
Детето од предучилишна возраст е особено чувствително во зависност од интензитетот на растењето и развојот, како и на пластичноста на нервниот систем, што во овој период е најтраен и најефикасен. Одамна е утврдено дека предучилишниот период овозможува големи развојни можности за сестрано организирано соматопедско дејствување и насочување на развојот на детето, на кој начин се постигнува хуманизација и социјализација на детето, развој на моториката и говорот, совладување на основните хигиенски навики, работни навики и навики за социјално однесување, како и создавање на елементарни искуства и знаење од природната и општествената средина. Денес сî повеќе се верува дека е тоа период во кој започнува собирањето на когнитивните искуства кога се создаваат оптимални услови за развивање на вишите ментални процеси, тргнувајќи од неприфаќањето на Пијаже на дихотомијата на когнитивниот и социјално-емоционалниот развој. “Тој смета дека социјалниот развој содржи значајни когнитивни структурални компоненти, што придонесуваат за когнитивниот развој во иста мера како што тој придонесува за нивниот развој” (Л. Хорват, 1986). На тој начин основната функција на предучилишната установа-чување и грижење на детето, добива и воспитно-образовни елементи, што не е случај за телесно- инвалидните и хронично заболените деца што останале неопфатени. Во сите болници, заводите за рехабилитација и училиштата за церебрално парализирани и хронично заболени деца треба да постои организиран соматопедски третман. Во редовните услови на предучилишното воспитание е потребно да се организираат одделенија за соматопедски третман на телесно инавлидните и хронично заболените деца и на децата рековалесценти во посебни групи. Станичиќ (1985), зборува за значењето и можностите за дефинирање на интеграцијата на оваа популација.
Задачи на предучилишниот третман на телесно
инвалидни лица и хронично заболените деца
Тргнувајќи од спонтаниот израз на овие деца е неопходно да се развијат неразвиените и да се коригираат оштетените функции и способности на децата, сензорната чувствителност и диференцијација на чувството, да се развијат координацијата и контролата на движењата, рамнотежата и другите психофизички способности, како и задоволувањето на потребите на децата за игра и заеднички живот и влијание на создавање на позитивните емотивни и социјални реакции. Покрај овие основни задачи, во рамките на постапките на третманот постојат и посебни задачи за развивање на трајните особини на личноста што се создаваат во рамките на физичко-сензорниот развој, емоционално-социјалниот и сознајниот развој.
-
Задачите на физичко-сензорниот развој се:
- Зајакнување на физичкото здравје, поттикнување на развојот на движењата, оспособување на моториката, поттикнување и коригирање на целокупниот сензорен и перцептивен развој и развивање на навики (лична хигиена, облекување и др.). За реализација на овие задачи го предлагаме Системот на модифицирана дијагностика и третман од Д. Мациќ (1985 и 1991).
-
Задачи на емоционално-социјалниот развој:
- Давање на помош на телесно инвалидните и хронично заболените деца во создавањето на реалната слика за себе, за стекнување на самодовербата, и самостојноста во границите на сопствените можности, во негувањето и зачувувавањето на способностите на овие деца за контакт со околината, во усвојувањето на основните норми за однесување, за поттикнувањето на заедничко извршување на активностите и развивањето на задоволно телесно инвалидното и хронично заболеното дете.
- Задачи на сознајниот развој:
-
-
Поттикнување и стимулирање на природните способности на телесно инвалидното дете за доживување на предметите и појавите како и негување и продлабочување на чувствителноста за впечатоци, поттикнување и коригирање на говорот како средство за комуникација и стекнување на знаења, создавање на поволни услови за формирање на почетните поими низ соодветни практични активности, поттикнување на љубопитноста и односот на светот што го опкружува.
Задачите на сознајниот развој кај телесно инвалидните и хронично заболените деца постари од три години се диференцираат преку дозирани насочени активности за развој на јазичните поими, на математичките поими, на елементарните поими за природата и општеството, за развој на музичките и ликовните поими.
-
Поттикнување и стимулирање на природните способности на телесно инвалидното дете за доживување на предметите и појавите како и негување и продлабочување на чувствителноста за впечатоци, поттикнување и коригирање на говорот како средство за комуникација и стекнување на знаења, создавање на поволни услови за формирање на почетните поими низ соодветни практични активности, поттикнување на љубопитноста и односот на светот што го опкружува.
Заклучок
- Дефектолошката теорија и практика во нашата земја е од понов датум.
- Бројот на научните методи е мошне скромен, затоа секоја нова научно верифицирана метода од областа на процесот на воспитание на телесно инвалидните и хронично заболените деца, со радост се прифаќа.
- Бројот на овие деца опфатени со рехабилитација и воспитно образовниот процес во Србија е мошне мал и несоодветен на реалните потреби.
- За решавање на овие проблеми се одговорни Дефектолошкиот факултет на Универзитетот во Белград и ресорните министерства.
Установа ________________________________
ЛИТЕРАТУРА
- Мацић Д., Како помоћи ЦПД, Научна књига, Београд, 1991.
-
Мацић Д., Николић С., Методика ВОР са ТИЛ предшколског узраста, Научна књига,
Београд, 1991. - Мацић Д., Модификована дефектолошка дијагностика као детерминанта посебног поступка у циљу прецизног одређивања третмана пацијента са церебралном парализом, Докторска дисертација, Дефектолошки факултет, Београд, 1985.
- Хорват Л., Предшколско васпитање и интелектуални развој, Београд, 1986.
- Градски завод за заштиту здравља, Београд, 1986-1993.
- Станичић В., Дјеца с тешко¢ама у развоју у редовној школи, Загреб, 1985.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE