JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 14142
Ирина КОЛЕВА, Ичка ДЕРИЖАН
АСПЕКТИ НА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ДВОЈАЗИЧНИ
ДЕЦА ВО НЕЕДНАКВИ СОЦИЈАЛНИ УСЛОВИ
Статус
Анализирајќи ја психолошката и педагошката литература заклучуваме дека во областа на истражувањето на свеста не постои јасна терминологија и дека недостасува заеднички концепциски механизам.
Постојат контрадикторности во однос на структурата на свеста (1; 2; 3; 4; 5; 7;), начинот на реализацијата (17, 20, 183, 5. 7) и нејзината генеза (4; 11; 17). Тврдењата кои се однесуваат на нејзините компоненти и на нејзиното формирање се од заеднички карактер (4; 6; 11).
Кооперативната рефлексија се смета за конститутивна компонента во процесот на социјализацијата. Повратна и значајна релација постои меѓу кооперативната и интелектуалната рефлексија.
Подвоеноста меѓу научните трендови, опфатени во рамките на психолошката култура и историската теорија на Л.С. Виготски (1; 2; 3; 4; 5; 6; 11; 17; 20) и концептот на Г. Пијаже (118), се состои во следното:
- Според Пијаже свеста е вродена појава за структурализација на дејствата, подредена на природните процеси на урамнотеженост.
- Според истражувањата направени од страна на научниците од школата на Л.С. Виготски (1; 2; 3; 4; 5; 6; 11; 17; 20) свеста е производ на системот на релациите меѓу детето и другите луѓе и се равива во него.
- Во моделот на Г. Пијаже, свеста се равива од периферијата кон центарот, а според мислењето на истражувачите од школата на Л.С. Виготски, од центарот кон периферијата, а потоа назад кон центарот во сферата на постојните односи во материјалната стварност.
- Преминувањето од подсвесни дејствија кон свесни дејствија кај детето, според Г. Пијаже, се одвива по пат на внатрешно повратно дејство на “операција”.
Според културната и историската теорија таквиот премин се постигнува со супституција на структурна и функционална трансформација на практичните дејства на детето во процесот на комуникација (12; 15; 16).
Во предучилишното образование во Бугарија (12) постои само една програма за социјализација на децата во нееднакви социјални услови. Таа беше изготвена и одобрена како резултат на меѓународната образовна програма во рамките на Националниот комитет за УНИЦЕФ, на тема: “Ромските деца и семејства во Бугарија”. Тимот што ја изготви оваа програма беше составен од етнолози, социолози, педагози и социјални психолози, како и психолингвисти.
За жал, Министерството за образование, наука и технологија на Бугарија оваа програма ја смета за училишно помагало наменето за унифицирани програми (15; 16) за сите видови на детски институции, па сî до деца кои потекнуваат од различни маргинални групи од нееднакви или еднакви социјални услови.
Нашиот тим смета дека е несоодветно да не се земе предвид специјалниот статус на децата од нееднакви социјални услови, како и од различни етнички заедници: Роми, Турци, Бугари Муслимани итн. во Бугарија.
Сме работеле на проблемот на глобалната едукација (2) со тоа што сме го оспособувале детето да стане свесно за елементите на неговиот говор, како на мајчиниот јазик-ромскиот-така и на вториот јазик, бугарскиот.
Некои од целите што ги имаме поставено пред себе се:
- Изградување способност кај детето за брзо прилагодување кон промените во средината во којашто живее.
- Детето треба да биде свесно како за сопствените норми, вредности и принципи на однесување, така и за другите (преку вербална и невербална комуникација).
- Детето треба да ја почитува верата и начинот на живеењето на другите луѓе.
- Тоа треба да прави се по сопствена волја, т.е. самото да се стимулира кон самоизразување, самопочитување и саморазбирање.
- Да биде во состојба да донесува самостојни одлуки, врз основа на долгорочни предвидувања.
- Да биде во состојба да комуницира со луѓе од различни националности, различни вери и културни традиции, со тоа што ќе стане свесен за поврзаноста меѓу нив.
- Да има способности да избере стратегии за конструктивно решавање проблеми кои се однесуваат на социјални ситуации итн.
Овие и други цели се реализираат благодарение на решенијата кои постојат за актуелните двојазични проблеми со децата од ромско потекло.
Постојна ситуација
Групите што постојат во Бугарија, според категоријата на “јазикот”, сî повеќе и на многу начини се разликуваат една од друга:
- Роми: Муслимани, кои зборуваат турски;
- Роми: Муслимани, кои зборуваат ромски;
- Роми: Христијани, кои зборуваат Турски;
- Роми: Христијани, кои зборуваат ромски;
- Роми: Христијани, кои зборуваат романски дијалект.
Обично, дијалектите се зборуваат на односниот јазик. Разликите се во морфологијата или синтаксата.
Дијалгностичко испитување беше спроведено во пет фази во периодот од октомври 1992 г.; февруари 1993 г.; мај 1993 г.; септември 1993 г.; декември 1993 г. со деца од 5-6 годишна возраст од полудневни или целодневни градинки лоцирани во различни региони во Бугарија: Шумен (градинка “Светулка”); Гоце Делчев (градинка бр. 4); село Душево, во близина на Севлиево; село Љубен Каравелово (Варна); село Игнатиево-градинка “Мир” (Варна); Ракитово-градинка во рамките на училиштето “Христо Ботев”; село Градинарово (Варна); ДДПВ-Ќустендил; Софија-ОДЗ бр. 19.
Беа дијагностицирани 1379 деца на 5-6 годишна возраст од ромско потекло, од кои 563 женски и 816 машки. Тие беа поделени во три групи. Во првата група беа деца од ромската етничка заедница, меѓутоа кои не го зборуваа ромскиот јазик (ДДПВ-Ќустендил), таканаречени деца без родителска заштита и од нееднакви социјални услови, сместени во домови за деца од предучилишна возраст.
Втората група се состоеше од деца чиј мајчин јазик е ромскиот, а втор јазик бугарскиот. Тие го зборуваат мајчиниот јазик, меѓутоа се соочуваат со тешкотии од лингвистичка природа во совладувањето на вториот јазик.
Децата од третата група зборуваа дијалект на романскиот (валакискиот) јазик, кој припаѓа на ромската етничка заедница. Тие исто така се соочуваа со тешкотии од лингвистичка природа во совладувањето на вториот јазик, т.е. бугарскиот (село Душево, во близина на Севлиево (13)).
Беа опфатени деца од различни групи на ромската етничка заедница: Копанари, Калбурџии, Влахорија итн. Тие се припадници на две верски гранки: Хорохане и Десикане рома (16).
Децата кои доаѓаат од целосни и нецелосни семејства не го зборуваат вториот јазик-бугарскиот (90%). Децата од таканаречените “празни” семејства, сираци и нецелосни семејства, згрижени во домови за деца од предучилишна возраст, го имаат совладано вториот јазик (бугарскиот), меѓутоа не го говорат мајчиниот јазик (ромски) (10%).
Проблем на образовниот систем на Бугарија, од лингвистички аспект, е во тоа што децата од ромско потекло тешко го совладуваат официјалниот јазик на земјата-бугарскиот. Правењето разлика меѓу лексимите од бугарскиот јазик и романскиот е тежок процес за двојазичните деца. За тоа е потребен наставен кадар со посебно развиени методи за таа цел, кои ќе бидат поврзани со концептот за социјализација на децата од ромско потекло (1; 12; 11). За нивен развој и прифаќање беше неопходно да се примени дијагностичко истражување чија цел беше да се одреди способноста на ромското дете за точно и свесно конструирање на основните граматички структури на бугарскиот јазик.
Целта на истражувањето беше да ги реши следните проблеми:
- Дали двојазичноста влијае врз сознанието за граматичките структури на двата јазика за време на вербалното изразување на детето?
- Какво е влијанието на двојазичноста врз емпириското и свесното вербално конструирање на морфолошките и синтактичките структури на бугарскиот јазик?
- Какви се односите меѓу точното изградување и свесното изградување на граматичките структури во трите групи на деца од 5-6 годишна возраст кои беа предмет на истражувањето (7; 8; 9; 11; 12; 13)?
- Какво влијание има сознанието на детето за бугарските граматички структури во совладувањето на мајчиниот јазик (со деца кои не го зборуваат вториот јазик со нив-бугарскиот)?
- Какво влијание имаат рефлексивните процеси во совладувањето на вториот јазик, бугарскиот, официјалниот јазик на земјата, со оглед на одличното познавање на мајчиниот јазик, ромскиот?
Преку обезбедување одговори на овие прашања, целта беше да се изготви привремен методски модел што ќе го прифатат ромските деца, според бугарските граматички структури (12).
Методи
При дијагностицирањето на некои граматички структури на вториот јазик, бугарскиот, кај децата од ромско потекло кои живеат во Бугарија, ние го сметаме процесот на осознавање како средство и елемент на интелектуалниот аспект на рефлекција (22; 23). Тој е механизам на акции кои се состојат од посебни операции. Тој е поврзан со одвојувањето на основната поврзаност (единицата) во предметот на истражувањето, во овој случај на бугарската граматичка структура.
Беше изготвен вербален дидактички тест, составен од три групи: фонетика, морфологија и синтакса. Задачите што му се дадени на дијагностичарот се спроведуваат во две фази: емпириска и рефлексивна. Во тестот се вклучени 47 задачи (автор на тестот е Ирина Колева).
Во првата фаза се вклучени отворени и затворени проблеми, дијагностицирање на способноста на детето да изгради точни бугарски граматички структури, да направи фонемска анализа на цели зборови од бугарскиот јазик, да изгради основни говорни елементи: фонема, слог, збор и реченица и да направи анализа на говорните форми.
Втората фаза на тестот се состои од отворени проблеми за свесно изградување на 25 бугарски граматички структури и соодветни говорни елементи.
Основните фактори при дијагностицирањето на способноста на детето да изгради, на емпириски (точен) начин, бугарски граматички структури и говорни елементи се следните:
- способност за емпириско одвојување на основните говорни елементи: фонема, слог, збор и реченица;
- способност да направи фонемска анализа на зборот и анализа на говорните форми на прости реченици и одредени видови на сложени реченици во бугарскиот јазик;
- способност да направи правилни бугарски граматички структури, дадени во дијагностичките проблеми.
Факторите за дијагностицирање на способностите на детето свесно да изгради бугарски граматички структури и говорни елементи во втората фаза се следните:
- способност да направи разумен избор на основните говорни елементи: фонема, слог, збор и реченица;
- способност за свесно изградување на предложени граматички структури преку вербализација на рефлексивноста, изразена во следните дејства:
- издвојување на фонемската форма на морфемата со одредена цел во посебна морфолошка структура;
- наоѓање на разликата во конотацијата меѓу морфолошките структури дадени во тестот;
- сумирање на улогата на морфемата со одредена цел преку анализа на две или повеќе морфолошки структури;
- наоѓање на разликата во конотацијата меѓу две или повеќе синтактички структури;
- издвојување на зборовните форми во посебни синтактички структури;
- сумирање на начините за изградување на неколку синтактички структури од ист вид. (1; 12; 11)
Дискусија
Направивме анализа на разните дијагностички области:
- Групи на испитани деца од ромско потекло според критериумите на мајчин јазик и втор јазик.
- Групи на испитани деца во еднакви и нееднакви социјални услови и деца без родителска заштита.
- Ниво на емпириско и свесно изградување на морфолошки и синтактички бугарски структури.
- Ниво на совладување на ромскиот како мајчин јазик и на бугарскиот како втор јазик.
Се покажа дека децата од третата група ги имаат совладано бугарските граматички структури на рефлексивно ниво.
Децата од втората група се соочуваат со тешкотии кои се однесуваат на мешањето на двата јазика: ромскиот и бугарскиот. Се чини дека системот за комуникација им помага при совладувањето на бугарскиот јазик. Тие успеваат да ја постигнат фазата на емпириско совладување на бугарските граматички структури.
Првата група на деца од нееднакви социјални услови свесно ги изградуваат бугарските граматички структури. Тешкотии се појавуваат на лексичко ниво, поради тоа што социјалната средина не им овозможува да го зголемат фондот на поимите.
Усвоениот вербален дидактички тест му дава валидни и сигурни сознанија на нашиот тим за двојазичните карактеристики кај децата од ромско потекло, социјализирани во бугарските градинки.
Се изготвува методска шема и соодветни методски модели за учење на втор јазик, официјалниот јазик на нашата земја-бугарскиот, за ромските деца.
ЛИТЕРАТУРА
- Batoeva D., Ir. Koleva. Diagnostics of the Preparation of the Child to Become Literate. University Publishing House, 1996.
- Vigotskiy L.S. The Complete Works, M. 1982.
- Vigotskiy L.S. Development of the Supreme Psychic Functions. M., 1960.
- Galperin P.Ya. Methods of Educating and Mentally Developing the Children. M., 1985.
- Golotova G.A., N.G. Salmina. Peculiarities of the Spontaneous Becoming Aware By the Children of the Semiotic Aspect of the Speech, the Games and the Drawing Exercise. Vestnik MGU, 1982/2.
- Davidov V.V. Types of Generalization in the Teaching Practice. M., 1972.
- Davidov V.V., A.U. Vardanyan. Teaching Activity and Modelling. E. 1981.
- Daskalova F.G. Diagnostics of Mother Tongue Teaching in the Kindergarten, S. 1992.
- The Child and the Worlds, Under the Scientific Supervision of B. Angelov. S., 1993.
- Zhurova L.E. Teaching into Literacy in the Kindergarten. M. 1978.
- Karpova S.N. Consciousness of the Verbal Composition of the Speech With the Preschool Age Children. M., 1967.
- Koleva Ir., Hr. Kyuchukov. Instructive Games for Bilingual Children, S, Bulgarian National Committee for UNICEF, 1993.
- Koleva Ir. A Conception for Socialization of Children in Unequal Social Condition (From Romany Origin), S. BNC for UNICEF, 1994.
- Marushiyakova El., V. Popov. The Gypsies in Bulgaria. S., 1994.
- Problems of the Reflection, Under the Supervision of I.S. Ladenko., N., 1987.
- A Program for Education of the Child From Three to Seven Years of Age, Under the Supervision of E. Russinova, S., 1994.
- A Program: The Activity of the Child in the Kindergarten, Under the Scientific Supervision of N. Vitanova, S., 1995.
- Shchedrovitskiy G.P. Communication, Activity, Reflection/ An Investigation of the Speech-Mental Processes, AA, 1974.
- Piaget J.B. Inceder die Psychologie des Kindes / Dialog und Praxis, 1986.
- Koleva I. Il Processo di Cognizione delle Proprie e Altrui Azioni del Corso del Gioco Autodidattico dei Bambini di 5-6 Anni/ Lacio derom, Roma, 1992/5.
- Koleva I. Il Ruolo dei Giochi di Valutazione per una Cosciente Acquisizione di Materiale Cognitivo da Parte dei Bambini di 5-6 Anni/ Lacio drom, Roma, 1992/5.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE